Two Way Orzo Salad | Орзо тестенини на два начини – [♫Blondie – One Way Or Another]

Blondie – One Way Or Another

(en in below)

Two way orzo salad Орзо тестенини на два начини - [Blondie - One Way Or Another] 2Орзо тестенините се навистина предизвик да се најдат во супермаркетите. Освен во Карфур, не сум ги пронашла на друго место. (ги има во сите поголеми супермаркети). Ова пакетче тестенини орзо ми го купи татко ми пред неколку недели. Ми сподели спомени од јадење со овие тестенини кое го јадел како мал, а му го подготвувале мајка му и баба му – орзо (критераки) тестенини во доматен сос, послужени со печено пилешко месо. Инспирирана од тоа, мајка ми, успешно (како и секогаш) го рекреираше јадењето на татко ми од детството. Јас пак, освен што го зготвив истото јадење, решив со ова пакетче тестенини да експериментирам малку, па направив летни салати полни со зеленчук. Во едната туна во другата рукола. Ги поврзува одличен и многу вкусен дресинг. Ви го споделувам рецептот за салатите и ви препорачувам да ги направите.

Орзо тестенини на два начини

Основен рецепт за салатa од орзо

Потребно е:

  • 250 грама орзо тестенини
  • 2 шолји боранија
  • 2 компири, исечкани на коцки
  • 2 чешниња лук, исечкани
  • 1 црвена пиперка, исечкана
  • 1 мал црвен кромид, исечкан
  • 6 лажици маслиново масло
  • 3 лажици вински оцет
  • 1 лажица лимонов сок
  • сол и бибер
  • оригано, нане

Подготовка: Прво, сварете ги тестенините според инструкциите на пакетчето. На пареа обарете ја боранијата. Сварете ги компирите. Направете го дресингот така што ќе ги измешате маслото, оцетот, лимоновиот сок. Зачинете по вкус со сол и бибер и додадете ги зачините (јас користев суви).  Кога тестенините ќе бидат сварени, исцедете ги и прелијте ги со дресингот. Додадете ги боранијата, пиперката, компирите, лукчето и кромидот во тестенините и убаво измешајте. Two way orzo salad Орзо тестенини на два начини - [Blondie - One Way Or Another] 3

За салата со рукола:

Ставете 2 полни раце сечкана рукола во орзо салатата. Измешајте и севирајте со парчиња лимон.

За салата со туна:

Сервирајте ја орзо салатата во чинија и врз неа ставете туна. Јас користев туна во парчиња од конзерва. Сервирајте со парчиња лимон.

Two way orzo salad Орзо тестенини на два начини - [Blondie - One Way Or Another] 3

Orzo pasta is really hard to find in Skopje. Actually, my dad got me a package of this pasta few weeks ago. He told me a memory of a dish he had when he was a child – orzo pasta (kritharaki) cooked in a tomato sauce, served with roasted chicken. Her mother and her grandmother prepared that for him and the family when he was little. My mother tried to recreate this dish for him and as always, she was very successful at that. I, on the other hand, was inspired to cook the same this, but also, to experiment a little bit. Of course, I made the traditional orzo with chicken and tomato sauce but also these beautiful and extremely tasty and light salads. One of them was with arugula and the other one was with tuna fish. Filled with lots and lots of vegetables and tasty dressing, this was one easy and excellent meal. Here are the recipes if you want to try them out.

Two way orzo salad

Main recipe for the orzo salad

Ingredients: 

  • 250 grams of orzo pasta
  • 2 cups of green beans
  • 2 potatoes, diced
  • 2 garlic cloves, diced
  • 1 red bell peppers, diced
  • 1 red onion, chopped
  • 6 tablespoons evoo
  • 3 tablespoons red wine vinegar
  • 1 tablespoon of lemon juice
  • salt, pepper oregano and basil

Prep: Boil the pasta according package directions. Steam the green beans and boil the potatoes. Drain and leave them to cool slightly. Make the dressing by mixing evoo, vinegar, lemon juice together. Season with salt and pepper and add the herbs (I used dry herbs). When the pasta is cooked, drain well and while it’s hot, pour the dressing over it. Add the green beans, potatoes, onion, red bell pepper, garlic and mix well until combined.

Two way orzo salad Орзо тестенини на два начини - [Blondie - One Way Or Another] 2For arugula orzo pasta:

Add 2 handfuls of chopped arugula salad into the prepared orzo. Mix and serve with lemon slices.

Two way orzo salad Орзо тестенини на два начини - [Blondie - One Way Or Another] 1For tuna orzo pasta:

Serve the orzo pasta on a plate and top the salad with tuna. I used canned tuna. Serve with lemon slices.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s