Orzo Pasta with Spinach Pesto and Eggplant Koftas | Орзо со песто од спанаќ и ќофтиња од модар патлиџан [♫Madonna – Lucky Star]

♫Madonna – Lucky Star♫

(en is below)

Lucky star од Madonna е само потсетник на тоа дека и јас имам среќна ѕвезда во мојот живот. Таа ѕвезда е причината заради која готвам повеќе вегетаријански јадења како ова денес. Овие ќофтиња од модар патлиџан, како и целата вегетаријанска и веганска палета на јадења која ја готвам е инспирација од мојата lucky star. Инспирацијо и вечна љубов – ова е за тебе!

Orzo pasta with spinach pesto and eggplant koftas Орзо со песто од спанаќ и ќофтиња од модар патлиџан [Madonna - Lucky Star] (2)

Орзо со песто од спанаќ и ќофтиња од модар патлиџан

Состојки:

  • 250 грама орзо тестенини (или тестенини по желба)

За песто од спанаќ:

  • 300 грама свеж спанаќ, обарен
  • 1 чешне лук
  • 1 шолја маслиново масло
  • сол и бибер
  • 50 грама испечени ореви
  • 2 лажици вода

За ќофтињата од модар патлиџан:

  • 2 големи модри патлиџани, излупени и исечкани на коцки
  • 1 белка од јајце
  • 1 шолја презла
  • сол и бибер
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица оригано
  • плаво сирење

Подготовка: Во блендер ставете ги сите состојки за пестото. Миксајте додека да се добие еднолична смеса. Пестото претурете го во тегла и  ставете го во фрижидер.

Во тенџере ставете вода да зоврие. Во зовриената вода ставее ги коцките модар патлиџан. Варете ги 5 минути, додека да омекнат. Кога ќе омекнат, изцедете ги и ставете ги во длабок сад. Со вилушка испасирајте ја смесата. Додадете ги зачините, презлата и белката од јајце. Измешајте и формирајте мали ќофтиња. Наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење. Премачкајте ги малку со маслиново масло и печете 20 минути, додека да порумента. Јас ги премачкав со малку кечап и ги допеков + 1 до 2 минути, за да бидат покрцкави.

Сварете ги тестенините. Кога ќе бидат изцедени и топли, додадете 2-3 лажици од песто сосот и измешајте. Сервирајте во чинија со тестенините, од горе ставете неколку ќофтиња и издробете малку плаво сирење. Orzo pasta with spinach pesto and eggplant koftas Орзо со песто од спанаќ и ќофтиња од модар патлиџан [Madonna - Lucky Star] (1)

Personally, I do have my own lucky star that shines bright. The reason I cook more vegetarian food is actually my lucky star.  I had a period of my life where I didn’t ate meat, but I was so called pescaterian. After almost 10 years, I missed having meals with meat, especially those looong braised ones. So, I switched. Three years now, I eat mostly vegetarian meals, but sometimes I do eat meat. However, this dish was inspired by my lucky star. Super food, super healthy ingredients and a nice way to cook and eat veggie koftas. This was one very, very, VERY tasty dish that I am so proud of myself for preparing it. Because I love orzo, I chose orzo but really, this dish can be made with any pasta of your choice. And the star of the show is this yummy eggplant kofta. I didn’t know what to expect from this kofta, because they are baked and not fried (like i love them), but I was blown away from the taste. I am so happy with this final dish, so that is why I am sharing the recipe with you.

Orzo pasta with spinach pesto and eggplant koftas Орзо со песто од спанаќ и ќофтиња од модар патлиџан [Madonna - Lucky Star] (3)

Orzo pasta with spinach pesto and eggplant koftas

Ingredients: 

  • 250 grams orzo pasta

Spinach pesto:

  • 300 grams of fresh spinach, blanched
  • 1 clove of garlic
  • 1/2 cup of evoo
  • 50 grams of toasted walnuts
  • salt & pepper
  • 2 tablespoons of water

Eggplant koftas:

  • 2 large eggplants, peeled and cut into chunks
  • 1 egg white
  • 1 cup of breadcrumbs
  • salt & pepper
  • 2 tablespoons of chopped parsley
  • 1 tablespoon of dried red paprika
  • 1 tablespoon of dried oregano
  • blue cheese crumbles

Prep: In a blender put all the ingredients for the pesto. Mix until smooth consistency. Put it in a jar and store it in the fridge. Spinach pesto - Песто од спанаќ [Madonna - Lucky Star] (4)

Take one large pot and fill it wit water. When the water is boiling, put some salt and put all the eggplant chunks. Let them boil for about 5 minutes, or until soft. When they are soft, drain them and put them into a large bowl. With a fork, mash the eggplant and add the seasoning, egg white and breadcrumbs. Form small koftas, put them on a baking tray covered with baking paper, brush them with little evoo and bake them for about 20 minutes or until golden. I brushed them with ketchup at the end and bake them for another 5 minutes until extra crispy.

Boil the pasta. Drain and when hot put 2-3 tablespoons of the spinach pesto. Mix. On a plate, put some spinach pesto orzo, arrange few koftas on top and crumble some blue cheese on top.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s