Macedonian Style Spinach Stew | Вариво од спанаќ [♫Venko and Dzafer – Laga i izmama]

♫Venko & Dzafer – Laga i izmama♫

(en is below)

Во текот на моето растење, во моето семејство, мајка ми правеше многу манџи. Благодарение на неа, ги засакав сите зеленчуци (добро, освен боранијата и морковот, но на добар пат сум да ги засакам и нив). Македонската кујна е базирана на манџи и тоа од секаков вид – компир, грашок, боранија, грав, леќа – која и состојка да ја замислите, ние македонците имаме манџа од неа. Бидејќи Македонија е земјоделска земја, кај нас, сезонските овојшја и зеленчуци се евтини, па затоа во сите домаќинска се правеле варива. Fall spicnah stew - Вариво од спанаќ 5

Секогаш кога е надвор ладно, сакам да направам топла супа или некое вариво. Обожавам кога надвор ѕирка зимското сонце, ладно е, а јас јадам топла супа. Има некој нерверојатен комфорт во тоа. Оваа манџичка од спанаќ е многу вкусна и лесна за правење. Секое домаќинство си има свој рецепт за неа, па еве го и мојот. Вистинско ремек дело за кое ве охрабрувам да го направите:

 Вариво (манџа) од спанаќ

Состојки: 

  • 500 грама свеж спанаќ, убаво измиен и исчистен
  • 1 црвена пиперка, ситно исечкана
  • 2 главици кромид, ситно исечкани
  • 4 чешниња лук, ситно исечкани (може да ставите и помалку)
  • 2 моркови, изрендани
  • 50 грама ориз
  • сол и бибер
  • 1-2 лажички црвен пипер
  • 1 чили пиперче (може и да се изостави, но дава убав шмек)

Подготовка: 

Во тенџере ставете вода да зоврие. Во зовриената вода ставете го спанаќот и варете 2 минути. Исцедете го и исечете го на крупно.

Во длабоко тенџере ставете 2 лажици маслиново масло и додадете ги претходно исечканите зеленчуци (кромид, лук, пиперка, морков, чили). Посолете и пржете ги додека да омекнат. Додадете го оризот и мешајте додека да стане проѕирен. Додадете го спанаќот и налејте 2-3 шолји вода. Јас манџата ја сакам густа, но ако вие сакате да биде поретка, ставете уште 1 шолја вода. Посолете, побиберете, ставете црвен пипер, покријте со капак и оставете да се вари на среден оган околу 20-25 минути, односно додека да биде сварен оризот. Fall spicnah stew - Вариво од спанаќ 2Сервирајте со кисело млеко.Fall spicnah stew - Вариво од спанаќ 3

During my childhood and teen life, in our household my mom made lots of stews. Thanks to her I eat (almost) all vegetables, except carrots and green beans, but I am working on that. Macedonian cuisine is actually based on stews and all kinds of stews. Peas stew, green bean stew, white bean stew, potato stew, spinach stew.- you name it, we have it! Because Macedonia is an agricultural country, people here eat lots of fresh produce. And also because meat was expensive, people made stews with cheap vegetables and would add just a little meat, for flavour. Now, in my opinion, people can afford more than in the past, but the tradition remain the same and the stews never died.

Today I was feeling cozy, the weather outside was cold so I wanted to make something soothing, hardy, warm and nourishing – a real comfort food for me – spinach stew. This stew is so tasty and easy to make. Filled with lots of fresh vegetables and of course – the mighty spinach, served with few teaspoons of greek yoghurt. This is truly a masterpiece, trust me! Here is my recipe that I encourage you to make it:

Fall spicnah stew - Вариво од спанаќ 1

Fall spinach stew

Ingredients: 

  • 500 grams of fresh spinach, washed very well
  • 1 red bell pepper, diced
  • 2 onions, finely chopped
  • 2 carrots, grated
  • 4 cloves of garlic (use less if you want)
  • 50 grams of rice
  • salt and pepper
  • 1 chilli pepper (omit if you want, but adds a nice kick)
  • 1-2 teaspoons of smoked paprika

Prep: Fill a large pot with boiling water and put it on the stove. When the water will boil, add the spinach and cook for 2 minutes. Drain and chop coarsely. Set aside.

In a large pot, put 2 tablespoons of evoo. Put all the vegetables in the pot (onion, garlic, bell pepper, carrot). Cook with occasional stirring  until the vegetables are soft. Season with salt and add the rice. Stir and cook until the rice is translucent. Add the spinach and add 3-4 cups of water. I want my stew to be thick, but if you want a bit thin add more water. Season with salt, pepper and paprika. Cook on a medium heat about 20-25 minutes or until the rice is cooked. Serve with dollop of greek yoghurt and crusty bread. Fall spicnah stew - Вариво од спанаќ 4

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s