Pizza From My Childhood | Домашна пица (со јајце) [♫Dado Topić – Bolji život]

♫Dado Topić – Bolji život♫

(en is below)

Овој блог ми е толку личен. Полн со најубави сеќавања. Најмногу со сеќавања од моето детство. Кога се навраќам назад во времето во мојата глава, има неколку сеќавања кои се длабоко врежани во мене. Едно од нив е сеќавањето за пиците од „Жито Лукс“ во ГТЦ пред повеќе од 20 години. Сигурно повеќе од вас ќе се сетат на пицеријата на втори спрат во ГТЦ. Служеа пици во лимени чинивчиња, задолжително со чаша јогурт. Пиците кои веќе ги нарачавме со моите родители, со нетрпение ги чекавме со татко ми на подвижната лента. Од десната страна, беше закачено менито со слика од мали пици и под нив описот. Седевме надвор, на балконот, ние тројца (брат ми уште не беше роден) и јадевме пици. Мислам дека на татко ми му беше пица „Скопје“ омилена или пица „Македонија“, не се сеќавам баш, но јас знам дека јадев пица со јајце.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Сигурно веќе знаете дека сакам јајца на сите начини, но мислам дека јајце врз пица е мој омилен додаток. Пред неколку дена, бев сама дома и решив да ја рекреирам пицата од моите сеќавања. И испадна одлична. И многу вкусна. И привлечна 🙂 На крај, направив две, нормално, јас со една не поминувам, иако јас си изедов една. Освен тоа, имав многу останати работи во фрижидерот кои секако требаше да ги искористам. Спанаќ, маслинки, лути и кисели пиперчиња. На оригиналната пица со јајце од „Жито Лукс“ не се сеќавам, но еве го рецетптот за мојата верзија:

Домашна пица со јајце

Состојки:

  • домашно тесто за пица
  • домашен сос за пица
  • фил за пица: спанаќ, сирење, јајце, маслинки, лути и кисели пиперчиња (слободно ставете фил на пицата по ваша желба: шунка, салами, кашкавал…)

Подготовка: Направете го тестото за пица. Од него одвојте мали топчиња. На тркалезно тавче ставете, расукајте го тестото, ставете доматен сос и наредете ги состојките за фил. Ставете да се пече во рерна загреана на 250 Целзиусови степени, додека краевите од пицата бидат крцкави. Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (3)

Еве ја втората пица која ја направиви со чедар кашкавал, сирење, маслинки, спанаќ и црвени чили пиперчиња:Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (6)

This blog of mine is so personal. Filled with all my beloved memories. I cherish my childhood memories so much. When I go back in time in my head, few things are stuck in my mind. One of them is my beloved memory of me and my parents, eating pizza in a bakery on the second floor, called “Zhito Luks“, located in the shopping city mall – GTC.  Now, that bakery is gone and the shopping mall is still on the same place. My love for a pizza with an egg started there. In that bakery. They served the pizzas in small tin plates and I was patiently waiting for my pizza to be baked. There was a line in motion where all pizzas where delivered when they were baked. On the right side, there was the menu – mini photos of all pizzas available and below was the description. I just love eggs and you all know that. But pizza with egg on top is probably my favorite pizza topping. Few days ago, I was home alone and I decided to recreate my favorite memory and make my own pizza with egg. And it turned out great! And tasty! And so good looking! I ended up making two, of course. I had so many leftovers like spinach, olives, pickled peppers and they were so tempting. Even though I don’t remember the original recipe from the bakery, here is my version of this epic pizza with an egg:

 

Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (1)

Pizza from my childhood

Ingredients: 

  • homemade pizza dough
  • homemade pizza sauce
  • my leftovers: fresh spinach, olives, spicy peppers, white cheese, an egg (feel free to add anything you like in your own pizza: ham, cheese, mushrooms, salami…)

Prep: Make the dough. Spread the dough in a circle pan. Spread with sauce and on top place the toppings of your choice. Crack the egg and put it in the middle of the pizza. Bake until the edges of the pizza are crispy. Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (2)

Here is my pizza number two, made with cheddar cheese, white cheese, olives, spinach and spicy red peppers:Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (4)

Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (5)

Olivier Salad | Руска салата [♫Michael Bublé – Holly Jolly Christmas]

♫Michael Bublé – Holly Jolly Christmas♫

(en is below)

Руска салата е неизоставен дел од новогодишната трпеза. Мислам дека нема фамилија која не прави руска салата за нова година. Тоа е традиција која македонците могу сакаат да ја негуваат. Заедно со руската салата на трпезата има и кифлички, овал со шунка, кашкавал и маслнки, други различни врсти на крем салати (со тестенини, компири…), кока кола, кисела вода, неколку врсти на сокови и неколку врсти на слатки. Си седнуваш на маса околу 21 часот и си мезиш додека ја чекаш новата година. Јухууу!

Јас ОБОЖАВАМ руска салата и секаква друга салата на база на мајонез. Мајка ми, минатата година, ја направи најубавата руска салата. Салатата беше прсти да излижеш! Понекогаш ја мешаше со павлака за да не биде многу мрсна од мајонезот, но веќе тоа не го прави. Вообичаено ја става во едно сино пластично и секој пат кога ќе ми се пријаде нешто, си земав една лажица и си брцкав во пластичното. Кога руска ќе отстои некој ден е највкусна!

Еве го рецептот за проверена и традиционална руска салата:

Руска салата

Состојки:

  • 500гр. компири, сварени
  • 250гр. шунка
  • 250гр. кашкавал
  • 4 големи моркови, сварени
  • 10 корнишони
  • 300 гр. грашок (сварен или од конзерва)
  • 1 тегла мајонез – Јас секогаш употребувам Хелманс мајонез кога правам руска салата
  • 1 лажица сенф

Подготовка: Во тенџере ставете ги компирите и морковите да се сварат. Кога ќе се сварат, излупете ги компирите и исечкајте ги на мали коцкички. Исто така исечкајте ги и морковите, шунката, кашкавалот и краставичките. Во длабок сад ставете ги сите состојки. Додадете мајонез, сенф и измешајте додека сите состојки се соединат со мајонезот. Зачинете со сол по вкус. Руската салата ставете ја во пластичнен или стаклен сад и складирајте ја во фрижидер бидејќи е најубава кога ќе отстои во фрижидер еден ден.Russian Salad My Way

Olivier salad is a staple in Macedonia during the holidays. If you visit any family here during New year’s eve, on the table you’ll find: Olivier salad, homemade rolls with sesame seeds, platter with ham, olives and cheese, bottles of coca cola, mineral water, juices, other varieties of cream salad (with pasta, with potatoes, with ricotta) and varieties of sweets. Its a tradition that Macedonian cherries every year.

I just love every salad based on mayo (I know, I know…), but this Olivier salad is my favorite. Even though my mum makes it for new years, she makes this salad on regular days too, but during the holidays is much more tasty, I think. Because is heavy on mayo, sometimes she would stir a tablespoon or two of sour cream, but now she makes it with mayo only (because that way its the best!).

Here is the traditional recipe for our beloved Olivier aka Russian salad:
Russian Salad My Way

Olivier salad

Ingredients:

  • 500 grams of potatoes, boiled
  • 4 large carrots, boiled
  • 10 large cornichons (pickles, gherkins)
  • 250 grams of ham
  • 250 grams of yellow cheese
  • 300 grams of peas, boiled or from can
  • 800 grams of mayonnaise – I prefer using Hellmann’s mayo when making this salad
  • 1 tablespoon of yellow mustard
  • salt to taste

Prep: In a large pot put the potatoes and carrots. Fill the pot with cold water and let them boil until tender. When tender, peel the potatoes and dice the vegetables in small cubes. Also, dice in small cubes the ham, yellow cheese and cornichons. In a large bowl, put the chopped vegetables, peas and the rest of the ingredients. Add mustard, mayonnaise and stir until well combined. Season with salt to taste. Put the salad into a plastic container and leave it in the fridge over night.

Two Way Avocado Breakfast | Појадок со авокадо на два начини [♫Simply Red – Sunrise]

♫Simply Red – Sunrise♫

(en is below)

Прво, морам да ви признаам дека ич не го сакав авокадото прв пат ога го пробав. Без вкус, без ништо. Но, откако сфатив дека треба да се јаде со други работи, како на пример јајце! се заљубив во него. Авокадо на препечено лепче е мојот омилен појадок, а освен тоа, авокадото е и многу здраво (преполно со. добрите масти). Супер зрело авокадо е тешко да се најде во Скопје, но кога ќе најдам такво – МОЕ Е! 😀 Обично, овој појадок сакам да го јадам за време на викендите, кога сум најрелаксирана. Лесен и едноставен појадок, со чаша свежо цеден сок од портокал и чинија со овошје. Ова се моите два (за сега) омилени начини да јадам авокадо.

Тост со авокадо и чедар кашкавалTwo way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (3)

Две лепчиња намачкајте ги со путер од двете страни. Ставете рендан чедар кашкавал на двете лепчиња, а на едното ставете парчиња авокадо. Зачинете го авокадото со сол, бибер и чили пиперче. Ставете го сендвичот на тостер или испечете го на тавче, со тоа што ќе го притиснете од горе со друго тавче (за да биде тост). Послужете топло, пресечете го дијагонално тостот и по желба сервирајте со едно пржено јајце. Two way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (6)

Авокадо на печено лепче со тврдо варено јајце

Загрејте две лепчиња во тостер или на рингла. Намачкајте ги со путер. Ставете парчиња авокадоврз лепчето. Од горе, ставете парчиња тврдо варено јајце. Попрскајте со маслиново масло и зачинете со сол и бибер. Two way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (1)

Two way it’s a thing here on the blog. First, I must admit that I hated avocado. No flavour, no nothing. But, when I realised that I am suppose to eat it with something else, for example AN EGG, then I fell in love with it. Avo on toast is one of my favorite ideas for perfect breakfast. And it’s healthy too. Perfectly ripe avo is hard to find here in Skopje, but when I’ll find one, IT’S MINE 😀 I prefer eating avo on toast on the weekends, when I am totally relaxed. Simple little breakfast with freshly squeezed orange juice and a bowl of fruit.

Here are my two (for now) favorite ways for me to eat an avocado:

Avocado on toast with hard boiled eggTwo way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (1)

Toast two sliced of bread. Spread them with butter and put some avocado slices on top. Add slices of hard boiled egg, drizzle with evoo, fresh black pepper and salt.

Avo and cheddar grilled toast 

Spread some butter on both sides of the two slices of bread. On both sides grate some cheddar cheese. On one side of bread add some avocado slices. Season with salt, pepper and chilli flakes. Two way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (2)Grill the toast on the panini maker or on the pan, using one more pan for pressing the toast. Two way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (7)Slice on diagonal and serve it warm (with fried egg).Two way avocado breakfast - Појадок со авокадо на два начини (5)

The Best Spinach Pesto | Најдоброто песто од спанаќ [♫George Michael – Fastlove]

♫George Michael – Fastlove♫

(en is below)
The Best Spinach Pesto - Песто сос од спанаќ 2

Прво дечки, да разјасниме нешто. Јас не го сакам песто џеновезе. Едноставно, не сакам босилек. Не ми се допаѓа неговиот вкус, не ми се допаѓа мирисот. Сум пробала да направам песто сос неколку пати, па дури и да ги бланширам ливчињата босилек. Сум купила дури и во тегла од продавница, но никако не може да се засакаме со босилекот. Мајка ми пак, од друга страна, може да јаде СЕ со босилек. Буквално СЕ! Во лето, понекогаш, и’ купувам свеж босилек во саксија за да си го одгледува и да го јаде свеж. Дури сум и’ направила и песто џенозеве и ми кажа дека и’ се допаѓа.

Бидејќи ми се допаѓа текстурата и идејата на песто сосот, но и состојките кои се ставаат во него, јас многу често експериментирам со разни зеленила. На пример, еден ден сакав да направам брз сос за тестенини. Во фрижидерот имав спанаќ, рака ореви и маслиново масло. Сето тоа отиде во блендер и оп! Се роди песто сосот од спанаќ, највкусниот сосо кој некогаш сум го пробала, а има зелена боја 🙂 Ова песто би било одлично за подарок на некј ваш пријател кој ја сака храната, нели?

The Best Spinach Pesto - Песто сос од спанаќ 3

Песто сос од спанаќ

Состојки:

  • 500 грама свеж спанаќ, бланшран околу 2 минути
  • 3 чешниња лук
  • 1 рака ореви (или други јатки по ваш избор)
  • 100-150 мл маслиново масло
  • 100-150 грама рендан пармезан
  • 1 лажиче сол
  • прстофат бибер

Подготовка: Прво, измијте го спанаќот. Бланширајте го во зовриена вода околу 2 минути, па ставете го веднаш во ладна. На овој начин ќе се задржи убавата зелена боја на спанаќот.

Во блендер ставете ги сите состојки, освен маслиновото масло. Блендајте и полека додавајте го маслиново масло. The Best Spinach Pesto - Песто сос од спанаќ 5Кога ќе добиете еднолична и густа смеса, сосот е готов. Пробајте го и зачинете го по вкус, ако треба. Сервирајте го со тестенини, на салата, врз препечено лепче…The Best Spinach Pesto - Песто сос од спанаќ 3

First, let’s get this straight. I don’t like pesto genovese. I just don’t like the basil leaves. Don’t like the taste, don’t like the flavour, don’t like the smell. I’ve tried several times making my own pesto, blanching the leaves first, buying store bought jar of pesto sauce, eating fresh basil leaves in caprese. #sorrynotsosorry On the other hand, my mum is literally obsessed with basil. She could eat fresh or dried basil in EVERYTHING guys. During the summer, I sometimes buy her basil plants for her to grow them. I sometimes even make pesto genovese just for her and she loves it.

Now, since I like the texture of the regular pesto sauce and the ingredients that go in the actual sauce, I prefer experimenting with different greens. For example, one day, I wanted to make speedy pasta sauce. I had spinach in my fridge, a handful of walnuts and olive oil. I blanched the spinach first and put handful of ingredients into a blender. And voila! The most tastiest pesto sauce I’ve ever tasted was born. This would also make a wonderful Christmas edible gift, right?The Best Spinach Pesto - Песто сос од спанаќ 1

Spinach Pesto Sauce

Ingredients:

  • 500 grams of fresh spinach, blanched for 2 minutes
  • 3 cloves of garlic
  • 1 handful of walnuts (or other nut of your choice)
  • 100-150 ml evoo
  • 1 teaspoon of salt
  • 1 pinch of pepper
  • 100-150 grams of grated parmesan cheese

Prep: Wash the spinach. Blanch it for 2 minutes. Then, shock it into a cold water. This step is for your pesto to be bright green. Into a blender put all of the ingredients, except the evoo. Mix and slowly drizzle the evoo until everything is combined. The Best Spinach Pesto - Песто сос од спанаќ 6If you have food processor, use it or if you have big enough mortar and pestle make the pesto there. In my opinion, make pesto sauce in mortar and pestle is the best choice. Taste and season if necessary. Mix it with pasta, salads, on toast…Spinach pesto - Песто од спанаќ [Madonna - Lucky Star] (4)

Pumpkin Gnocchi | Њоки од тиква [♫L-O-V-E Nat King Cole]

♫L-O-V-E Nat King Cole♫

(en is below)

Сега, да ви кажам неколку работи за мојата „врска“ со тиквата. Ја сакам само помешана во тесто за тестенини или како фил, помешана со рикота или урда, па со овој фил да се наполнат тортелини или равиоли. Така што, очигледно е дека јас сакам да јадам тестенини, а не тиква 🙂

Моите родители секогаш купуваат тиква во зима. Мајка ми ја прави на илјада и еден начин: ја пече, ја вари, ја готви на пареа, прави штрудла со тиква, пита со тиква… што и да замислите, таа прави се од тиква. Кога ја готви на пареа, ја складира во пластично, па става малку шеќерче и обавезно ми вика: „Пробај Теодора, пробај да видиш колку е блага“. Јас ќе и’ речам: „Абе мамо, знаеш дека не јадам тиква! И таа: Ама пробај да видиш колку е блага“… И така се додека (во последно време) не попуштам и пробам, за нејзин мерак. Кога ќе подразмислам, јас генерално не го сакам вкусот на портокаловите зеленчуци (тиква, сладок компир, морков, па дури и јапонско јаболко кое спаѓа во фамилијата на овошјата). Едноставно, не ми се допаѓа каков вкус има каротенот 🙂

Конкретно овој ден кога ги направив њоките, решив да излезам од мојата комфорт зона и да направам њоки од тиква со едноставен сос од печурки, лукче и пармезан. Ова беше едно многу (x3) вкусно јадење, кое сигурно ќе го направам повторно.Pumpkin gnocchi - Њоки од тиква (2)

Њоки од тиква

Состојки:

За њоки:

  • 1 шолја пире од тиква
  • 2 јајца, малку разматени
  • 300+ грама брашно
  • 1 лажиче сол
  • прстофат бибер

За сосот:

  • 300 грама печурки
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • малку листови сува жалфија
  • пармезан

Подготовка: Тиквата сварете ја или испечете ја додека биде мека. Со алатка за пире направете пире од тиквата. Измерете една шолја.

На работна површина просејте ги брашното, солта и биберот. Направете дупка во средината и ставете ги изматените јајца и пирето од тиква. Мешајте прво со вилушка додека да се соединат сите состојки. Потоа, додавајте брашно по потреба ако смесата е влажна. Со рака месете го тестото најмалку 10 минути, додека да биде мазно и нелепливо. Покријте го со пластична фолија и оставете го во фрижидер 30 минути.

На набрашнета работна површина ставете го тестото. Поделете го на 4 еднакви делови и од секој дел со раце формирајте долго црево со дебелина по ваш избор. Со остар нож одвојувајте парчиња. Њоките ставајте ги да се варат во зовриена и солена вода. Кога ќе испливаат на површина, тоа значи дека се сварени.

Во тавче за пржење ставете малку путер да се растопи. На путерот ставете ги исчеканите печурки и гответе додека да испари водата и печурките поруменат. Додадете ги жалфијата и лукчето, промешајте и ставете ги њоките. Зачинете по вкус и од горе изрендајте пармезан. Pumpkin gnocchi - Њоки од тиква (1)

Nothing says autumn like a good old pumpkin, right?

Let me tell you a few things about my pumpkin relationship. I love pumpkin only mixed into pasta dough or with ricotta and then stuffed into pasta. Therefore, I love pasta, not pumpkin 😀Pumpkin gnocchi - Њоки од тиква (4)

My parents always buy pumpkin during the winter time. My mum bakes it, boils it, steams it, makes “shtrudla” with pumpkin, savoury pie with pumpkin… Everything you could imagine, she can pull it off. I never ever loved the taste of the pumpkin. Maybe, because I generally do not like and prefer the taste of all orange vegetables (carrots, pumpkin, sweet potatoes, even persimmon of the fruit family, I do not like). But, however, I like the taste of the pumpkin when mixed with ricotta or in lushest pasta sauce.

This particular day, I decided to make gnocchi from scratch with pumpkin, mushrooms and lots of parmigiano. It was one very, very, very tasty dish, easy, comforting and very cozy to eat. Pumpkin gnocchi - Њоки од тиква (1)

Pumpkin gnocchi

Ingredients:

For the pasta dough:

  • 1 cup of pumpkin purée
  • 2 eggs, lightly beaten
  • 300+ grams of flour
  • 1 teaspoon of salt
  • a pinch of black pepper

For the sauce:

  • 300 grams of mushrooms
  • 3 garlic cloves, finely chopped
  • dried sage leaves
  • parmigiano

Prep: Roast/boil chunks of pumpkin until tender. When tender, mash them with potato masher until smooth. Measure 1 cup.

On a working surface, sift the flour, salt and pepper. In the centre of the flour, add the eggs and the pumpkin. Mix with a fork until everything is combined. Add more flour if the dough is wet. Work the dough with your hands until you get a non stick and smooth pasta dough. Kneed the dough for minimum of 10 minutes. Cover it with a plastic foil and let it rest in the fridge for 30 minutes.

Divide the dough into 4 equal balls. Roll each ball into long strip and cut out small gnocchi. Put them on a floured work surface. In a large pot filled with boiling water, put some salt and cook the gnocchi. When they float on the surface, they are ready. Meanwhile, put some butter into a frying pan. Add the chopped mushrooms and cook until the water evaporates. Add the gnocchi and cook string until they get some golden color. Add the garlic and dried sage at the end, stir and remove from the heat. Add some shaving of parmigiano.  Pumpkin gnocchi - Њоки од тиква (3)