Olivier Salad | Руска салата [♫Michael Bublé – Holly Jolly Christmas]

♫Michael Bublé – Holly Jolly Christmas♫

(en is below)

Руска салата е неизоставен дел од новогодишната трпеза. Мислам дека нема фамилија која не прави руска салата за нова година. Тоа е традиција која македонците могу сакаат да ја негуваат. Заедно со руската салата на трпезата има и кифлички, овал со шунка, кашкавал и маслнки, други различни врсти на крем салати (со тестенини, компири…), кока кола, кисела вода, неколку врсти на сокови и неколку врсти на слатки. Си седнуваш на маса околу 21 часот и си мезиш додека ја чекаш новата година. Јухууу!

Јас ОБОЖАВАМ руска салата и секаква друга салата на база на мајонез. Мајка ми, минатата година, ја направи најубавата руска салата. Салатата беше прсти да излижеш! Понекогаш ја мешаше со павлака за да не биде многу мрсна од мајонезот, но веќе тоа не го прави. Вообичаено ја става во едно сино пластично и секој пат кога ќе ми се пријаде нешто, си земав една лажица и си брцкав во пластичното. Кога руска ќе отстои некој ден е највкусна!

Еве го рецептот за проверена и традиционална руска салата:

Руска салата

Состојки:

  • 500гр. компири, сварени
  • 250гр. шунка
  • 250гр. кашкавал
  • 4 големи моркови, сварени
  • 10 корнишони
  • 300 гр. грашок (сварен или од конзерва)
  • 1 тегла мајонез – Јас секогаш употребувам Хелманс мајонез кога правам руска салата
  • 1 лажица сенф

Подготовка: Во тенџере ставете ги компирите и морковите да се сварат. Кога ќе се сварат, излупете ги компирите и исечкајте ги на мали коцкички. Исто така исечкајте ги и морковите, шунката, кашкавалот и краставичките. Во длабок сад ставете ги сите состојки. Додадете мајонез, сенф и измешајте додека сите состојки се соединат со мајонезот. Зачинете со сол по вкус. Руската салата ставете ја во пластичнен или стаклен сад и складирајте ја во фрижидер бидејќи е најубава кога ќе отстои во фрижидер еден ден.Russian Salad My Way

Olivier salad is a staple in Macedonia during the holidays. If you visit any family here during New year’s eve, on the table you’ll find: Olivier salad, homemade rolls with sesame seeds, platter with ham, olives and cheese, bottles of coca cola, mineral water, juices, other varieties of cream salad (with pasta, with potatoes, with ricotta) and varieties of sweets. Its a tradition that Macedonian cherries every year.

I just love every salad based on mayo (I know, I know…), but this Olivier salad is my favorite. Even though my mum makes it for new years, she makes this salad on regular days too, but during the holidays is much more tasty, I think. Because is heavy on mayo, sometimes she would stir a tablespoon or two of sour cream, but now she makes it with mayo only (because that way its the best!).

Here is the traditional recipe for our beloved Olivier aka Russian salad:
Russian Salad My Way

Olivier salad

Ingredients:

  • 500 grams of potatoes, boiled
  • 4 large carrots, boiled
  • 10 large cornichons (pickles, gherkins)
  • 250 grams of ham
  • 250 grams of yellow cheese
  • 300 grams of peas, boiled or from can
  • 800 grams of mayonnaise – I prefer using Hellmann’s mayo when making this salad
  • 1 tablespoon of yellow mustard
  • salt to taste

Prep: In a large pot put the potatoes and carrots. Fill the pot with cold water and let them boil until tender. When tender, peel the potatoes and dice the vegetables in small cubes. Also, dice in small cubes the ham, yellow cheese and cornichons. In a large bowl, put the chopped vegetables, peas and the rest of the ingredients. Add mustard, mayonnaise and stir until well combined. Season with salt to taste. Put the salad into a plastic container and leave it in the fridge over night.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s