Macedonian Style Bean Stew – Гравче манџа [♫The Good, the Bad and the Ugly (Soundtrack)]

♫The Good, the Bad and the Ugly (Soundtrack)♫

(en is below)

Дедо ми обожаваше каубојски филмови. Кога ќе дојдеше кај нас на гости, заедно со баба ми, седеше на двоседот и со далечинското вртеше по програмите додека да најде некој каубојски филм. Каубојските филмови ги гледаше со таква страст, мислиш тотално се внесуваше во ликовите и целосниот амбиент. Бидејќи беше глув (а, и баба ми е исто), за мене беше многу смирувачки да го гледам како реагира кога некој од неговите ликови ќе биде убиен, кога некој во филмот јаваше коњ… Се смееше, беше лут и тотално се внесуваше во него. На мене и брат ми ни покажуваше по некоја сцена да ја видиме… Тоа беа убави времиња. Дедо ми имаше теорија ако жената знае да прави гравче манџа и да сука пита, таа е вистинската за тебе. Обожаваше да јаде пити што баба ми ги правеше и општо, сакаше и уживаше во храната. За жал, дедо ми почина пред два месеци. Чудно, ми недостига неговото присуство, иако не бев приврзана за него некако посебно. Беше добродушен, добар човек, мирен, културен, послушен. Некако посебен.

Ова е за тебе, дедо Коле.

Macedonian style bean stew - Гравче манџа (1)

Гравче манџа

Состојки:

  • 350 грама грав, претходно киснет во вода преку ноќ
  • 2 големи главици кромид, исечени на четвртинки
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 лажица сол
  • 1 лажиче бибер
  • 1 ловоров лист
  • 2 лажици црвен пипер
  • 150 мл сончогледово масло
  • ситно сечкан магоднос

Подготовка: Исцедете ја водата во која се киснел гравот преку ноќ. Во длабоко тенџере ставете го киснетиот грав, прелијте до горе + 5 см над гравот со ладна вода и ставете ги сите зеленчуци, заедно со ловоровиот лист. Оставете на средна температура да се вари околу 2 часа.

За тоа време, кога зеленчуците ќе бидат меки, извадете ги и со алатка за пире згмечете ги. Смесата вратете ја назад во тенџерето и продолжете да варите. Кога гравот ќе биде сварен, зачинете со сол и бибер.

Во тавче за пржење ставете масло. Кога ќе се загрее убаво, ставете го црвениот пипер и пржете не повеќе од 10 секунди. Запршката ставете ја во тенџерето со гравчето и продолжете да варите дополнителни 10 минути. Macedonian style bean stew - Гравче манџа (6)Ставете го магдоносот и сервирајте со салата од (кисела) зелка или патлиџани и кромид и феферонки. Наздравје.Macedonian style bean stew - Гравче манџа (4)

Предлог: Може да ставите колбаси или било кое друго месо по избор во гравчето, откако претходно одвоено ќе ги запржите. Ако сакате да направите гравче тавче, целата смеса претурете ја во тава за печење и печете додека да испари целата течност. Ако имате пристап до претходно сварен бел грав во тегла или конзерва и не сакате да варите сув грав, употребете го него.Macedonian style bean stew - Гравче манџа (2)

My granddad used to love watching old cowboy movies. He would sit at the couch and watch any cowboy movie on the TV with such a passion. Because he was deaf (and my grandmother is, also) for me it was so calming watching him express all his feelings for the characters, horses, guns and generally everything in the movie. He would laugh, be nervous if someone stole anything from someone in the movie or got killed. He always shown me and my brother some scene… Those were good times.

Processed with VSCO with hb1 preset
Village Petrovec, Macedonia

He had a theory that if a woman knows how to cook a bean stew and make a pie, she is the right one for you. Funny, right? 😀 He use to love to eat homemade pies from my grandmother. And in general, he use to love to eat good food. Unfortunately, he died two months ago. Strangely, I miss him, even though I was never very emotionally bond with him. He was very calm, quiet, precise, good man.

This one is for you, Dedo Kole.
Macedonian style bean stew - Гравче манџа (3)

Macedonian Style Bean Stew

Ingredients:

  • 350 grams of dried white beans, soaked in cold water over night
  • 2 large onions, chopped into quarters
  • 2-3 garlic cloves
  • 1 red bell pepper
  • 1 green pepper
  • 1 small carrot
  • 1 tablespoon of salt
  • 1 teaspoon of pepper
  • 2 tablespoons of dried red pepper powder
  • 1 bay leaf
  • 150 ml vegetable oil
  • fresh parsley

Prep: Drain the beans from the water that they’ve been soaking over night. Put the white beans in a large pot, cover them with cold water + 3 inches up. Add all the vegetables in the pot, add the bay leaf and bring the pot to boil. Let it boil on a medium heat or until the beans are cooked. This will take about 2 hours.

Meanwhile, when all the vegetables are cooked, take them out and mash them all together with a potato masher. Add the mashed mixture back in the pot and continue to cook.When the beans are cooked, season the stew with salt and pepper.

In a small pan, put 150 ml of vegetable oil. When the oil is sizzling, add the dried red pepper powder and stir with a wooden spoon for 10 seconds. Quickly add the mixture into the beans and stir everything together. Add the parsley, let it bubble and boil for 10 more minutes and the stew is done. Serve it with (sauerkraut) cabbage salad or tomato and onion salad and also with hot peppers aka feferonki.Macedonian style bean stew - Гравче манџа (5)

Suggestions: If you want, you can add cooked sausages or other meat o you choice. Just cook it separately and the add it to the stew. If you want to make baked beans, put everything in a ceramic pot and let it bake until the water evaporates. If you want a shortcut, use a prepared white beans in a can or a jar.

Simple Beetroot Salad | Салата од цвекло [♫The Girl from Ipanema – Astrud Gilberto]

♫The Girl from Ipanema – Astrud Gilberto♫

(en is below)

Здраво дечки 🙂 Празниците поминаа, а јас без да кажам си земав неколку денови зимски одмор за вистински да се одморам. Знаете и сами дека Бадник и Божик се за пиење, јадење и тотално опуштање. Баш убаво го искористив одморот, во домашна и топла атмосфера, со релаксирачка музика, многу филмови и тв серии и едноставно тотално опуштање во хоризонтала на тросед 🙂

Ако го следите мојот блот веќе некое време, можеби и знаете дека обожавам цвекло. Варено, кисело или живо, цвеклото ми е огромна љубов. Кога бев помала, мајка ми носеше ќеси со цвекло од кај баба ми и дедо ми од село. Ги миеше и вареше со саати во големи тенџериња. Кога го пробав цвеклото така, обично, сварено, ич не ми се допаѓаше. Но, со време, научив како да го направам вкусно и фантастично! Па, затоа и го споделувам со вас овој рецепт – затоа што е фантастичен!

Перфектно сварено цвекло, исечено на тенки тркалзени парчиња, маринирано во превкусна маринада и од горе сирење. Ох! Убавини! Направете ја оваа салата и ви гарантирам дека ќе се заљубите во неа и ќе ја правите често.

Simple beetroot salad - Салата од цвекло (1)

Салата од цвекло

Состојки:

  • 3-4 мали парчиња цвекло
  • 2 лажици оцет балсамико
  • 1 лажица црвен вински оцет
  • 6 лажици маслиново масло
  • сол и бибер по вкус
  • 1 свежо или суво луто чили пиперче, ситно исечкано
  • овчо сирење
  • сечкан свеж магдонос

Подотовка: Во тенџерче ставете ги претходно добро измиените парчиња цвекло. Покријте ги со ладна вода и варете ги додека да бидат меки. Кога ќе бидат сварени, излупете ги и исечкајте ги на тенки тркалезни парчиња. Наредете ги на чинија. Во мало тегличе, ставете ги сите состојки за дресингот за салата. Со неколку лажици од подготвениот дресинг прелијте ја салатата и измешајте. Од горе ставете парчиња овчо сирење и ситно сечкан магдонос.Simple beetroot salad - Салата од цвекло (2)

I love beetroot and if you are here for a while, you know that already. Pickled, raw or just boiled, beetroot is my love. When I was younger, my mum would take bags of beetroot from my grandparents house (organic ones) and just boils them in a huge pots. Ones I tried them, but I didn’t liked them. Probably because I tried them plain, only with salt. But, now, I learnt a way to make them taste fantastic and I am sharing that fantastic recipe with you.

Perfectly cooked beetroot, thinly sliced, drizzled with lovely and yummy marinade and topped with cheese. OMG! My mouth is watering right now! Make this yummylicious salad and you will definitely fall in love with her!

Simple beetroot salad - Салата од цвекло (4)

Simple beetroot salad

Ingredients:

  • 3-4 small beetroot
  • 2 tablespoons balsamic vinegar
  • 1 tablespoon red wine vinegar
  • 6 tablespoon evoo
  • salt and pepper to taste
  • 1 fresh or dry red chilli pepper, finely chopped
  • sheep’s cheese
  • fresh parsley

Prep: Wash the beetroot well. Put them in a pot covered with cold water. Bring the water to boil and boil the beetroot until fork tender. Peel them and cut them into thin circles. Arrange them on a plate. In a small jar mix all the ingredients for the vinaigrette. Pour few tablespoons on to the beetroot and mix to coat. Sprinkle with cheese and chopped parsley.