Simple Beetroot Salad | Салата од цвекло [♫The Girl from Ipanema – Astrud Gilberto]

♫The Girl from Ipanema – Astrud Gilberto♫

(en is below)

Здраво дечки 🙂 Празниците поминаа, а јас без да кажам си земав неколку денови зимски одмор за вистински да се одморам. Знаете и сами дека Бадник и Божик се за пиење, јадење и тотално опуштање. Баш убаво го искористив одморот, во домашна и топла атмосфера, со релаксирачка музика, многу филмови и тв серии и едноставно тотално опуштање во хоризонтала на тросед 🙂

Ако го следите мојот блот веќе некое време, можеби и знаете дека обожавам цвекло. Варено, кисело или живо, цвеклото ми е огромна љубов. Кога бев помала, мајка ми носеше ќеси со цвекло од кај баба ми и дедо ми од село. Ги миеше и вареше со саати во големи тенџериња. Кога го пробав цвеклото така, обично, сварено, ич не ми се допаѓаше. Но, со време, научив како да го направам вкусно и фантастично! Па, затоа и го споделувам со вас овој рецепт – затоа што е фантастичен!

Перфектно сварено цвекло, исечено на тенки тркалзени парчиња, маринирано во превкусна маринада и од горе сирење. Ох! Убавини! Направете ја оваа салата и ви гарантирам дека ќе се заљубите во неа и ќе ја правите често.

Simple beetroot salad - Салата од цвекло (1)

Салата од цвекло

Состојки:

  • 3-4 мали парчиња цвекло
  • 2 лажици оцет балсамико
  • 1 лажица црвен вински оцет
  • 6 лажици маслиново масло
  • сол и бибер по вкус
  • 1 свежо или суво луто чили пиперче, ситно исечкано
  • овчо сирење
  • сечкан свеж магдонос

Подотовка: Во тенџерче ставете ги претходно добро измиените парчиња цвекло. Покријте ги со ладна вода и варете ги додека да бидат меки. Кога ќе бидат сварени, излупете ги и исечкајте ги на тенки тркалезни парчиња. Наредете ги на чинија. Во мало тегличе, ставете ги сите состојки за дресингот за салата. Со неколку лажици од подготвениот дресинг прелијте ја салатата и измешајте. Од горе ставете парчиња овчо сирење и ситно сечкан магдонос.Simple beetroot salad - Салата од цвекло (2)

I love beetroot and if you are here for a while, you know that already. Pickled, raw or just boiled, beetroot is my love. When I was younger, my mum would take bags of beetroot from my grandparents house (organic ones) and just boils them in a huge pots. Ones I tried them, but I didn’t liked them. Probably because I tried them plain, only with salt. But, now, I learnt a way to make them taste fantastic and I am sharing that fantastic recipe with you.

Perfectly cooked beetroot, thinly sliced, drizzled with lovely and yummy marinade and topped with cheese. OMG! My mouth is watering right now! Make this yummylicious salad and you will definitely fall in love with her!

Simple beetroot salad - Салата од цвекло (4)

Simple beetroot salad

Ingredients:

  • 3-4 small beetroot
  • 2 tablespoons balsamic vinegar
  • 1 tablespoon red wine vinegar
  • 6 tablespoon evoo
  • salt and pepper to taste
  • 1 fresh or dry red chilli pepper, finely chopped
  • sheep’s cheese
  • fresh parsley

Prep: Wash the beetroot well. Put them in a pot covered with cold water. Bring the water to boil and boil the beetroot until fork tender. Peel them and cut them into thin circles. Arrange them on a plate. In a small jar mix all the ingredients for the vinaigrette. Pour few tablespoons on to the beetroot and mix to coat. Sprinkle with cheese and chopped parsley.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s