Pasta Carbonara | Тестенини во карбонара сос [♫Ennio Morricone – Ma L’amore No]

♫Ennio Morricone – Ma L’amore No♫

(en is below)

Неодамна, го гледав филмот „Малена“ и се заубив во саундтракот. Во Моника Белучи. Во Италија. Сум била неколку пати во Италија, но никогаш во љубовен пар. Има разлика кога истражуваш и се губиш во непознати градови сам или со група и кога покрај тебе е твојата друга половина.

Инспирирана од Италија и италијанската кујна, пред неколку дена направив тестенини во кабонара сос. Тооолку многу ми се јадеше сланина, а освен тоа и имав органски и свежи јајца во фрижидер, па си реков, карбонара за ручек! 🙂 Тоа беше највкусната и најкремастата карбонара која сум ја јадела, а и направила. Мљац 🙂

Тестенини во карбонара сос

Состојки: 

  • 250 грама тестенини по избор (јас корситев макарони)
  • 200 грама пармезан
  • 2 жолчки, свежи и органски
  • 50 грама сланина, исечена на коцки и испржена
  • сол и бибер

Подготовка: Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето. Испржете ја сланината додека да биде крцаква. Во сад ставете ги жолчките, пармезанот, половина од сланината и малку сол и бибер. Измешајте убаво. Кога тестенините ќе бидат сварени, ставете малку од водата во која се вареле во сосот. Потоа, додадете ги тестенините и брзо измешајте се. Сервирајте со преостанатите парченца сланина и рендан пармезан од горе. Наздравје 🙂Pasta Carbonara - Тестенини во карбонара сос (3)

I recently watched the movie “Malena” and I fell in love with the soundtrack. And Monica Bellucci. And Italy. I’ve been to Italy few times, but never with my significant other. And there is definitely a difference between going somewhere alone or with group and exploring the world with your hubby. Inspired by Italy and Italian cuisine, few days ago I made pasta carbonara. I was craving for some BACON 🙂 and I had organic and fresh eggs in the fridge. Let me tell you, I made the PERFECT pasta carbonara EVER. Creamy and so yummy.
Pasta Carbonara - Тестенини во карбонара сос (1)

Pasta Carbonara

Ingredients: 

  • 250 grams pasta of your choice (I used macaroni)
  • 2 egg yolks (as fresh (and organic) as possible)
  • 200 grams of grated parmesan cheese
  • 50 grams of bacon, chopped and fried until crispy
  • salt and pepper

Prep: Boil the pasta according the packet directions. Fry the bacon until very crispy. In a bowl, add the yolks, season with salt and pepper and add the cheese. Mix everything. Add 1/2 of the bacon. When the pasta is still very hot, add some pasta water to loosen the sauce (carefully), mix and then add the pasta in the sauce. Mix and stir everything fast. Serve in a bowl with the remaining bacon and extra parmesan cheese on top.Pasta Carbonara - Тестенини во карбонара сос (2)

Salad “L’Amour pour Elle” | Љубовна салата со авокадо [♫Elton John – The One]

♫Elton John – The One♫

Оваа салата настана сосема спонтано и е продукт на една љубов. Љубов кон еден човек. Љубов кон животот. Среќа и радост. Секое убаво чувство е во оваа салата. Кога јадеш, ја чувствуваш. Љубовта.

Salad L'Amour pour Elle - Љубовна салата со авокадо (4)Љубовна салата со авокадо

Состојки:

  • 1 голема китка рукола, измиена и исушена
  • 1 зрело авокадо, исечено по должина
  • 1 (органско) јајце, сварено и исечено на четвртинки
  • 1/2 домат, исечкан на мали коцкички
  • малку сино сирење
  • сварени тестенини (јас имав макарони)

За дресингот: 6 лажици ладно цедено маслиново масло, 2 лажици балсамико, 1 лажица сок од лимон, 1 лукче, истолчено, сол, бибер и чили пиперчиња – сето измешано заедно.

Подготовка: Во убава (ретро) чинија ставете ги руколата, тестенините и доматите. Измешајте. Наредете ја четвртинките јајце од страните. Издробете го синото сирење и ставете ја половинката авокадо од горе. Зачинете со дресингот за салата. Уживајте. Ама навистина уживајте во оваа салата.Salad L'Amour pour Elle - Љубовна салата со авокадо (2)

ПС. Мојата опсесија со авокадото беше навистина голема. Еве го доказот ->

Avo crazyyy

(Безглутенски лепчиња) 1: Малиџано, сино сирење, авокадо и чили пиперчиња; 2: Зелен ајвар, чили сос, тврдо варено јајце и сино сирење; 3: Путер, авокадо и чили сос – Заклучок: Авокадо оди ОДЛИЧНО со лут сос 🙂

и ова:

Avo, again
Безглутенско лепче со путер, пире од авокадо и лут сос

Salad L'Amour pour Elle - Љубовна салата со авокадо (4)

This lovely salad is a product of love. Pure love. Love for one person. Love for life. Love for the future. Happiness and joy. Every beautiful feeling is in this salad. An when you eat it, you feel it. You feel the love.

Salad “L’Amour pour Elle” aka Avocado and arugula salad

Ingredients:

  • 1 big bunch of arugula, washed and dried
  • 1 ripe avocado, sliced lengthwise
  • 1 (organic) egg, boild
  • 1/2 of tomato, diced
  • leftover cooked pasta (I had macaroni)
  • crumbles of blue cheese

For the vinaigrette: 6 tablespoons of evoo, 2 tablespoons of balsamic, 1 tablespoon of lemon juice, 1/2 teaspoon of garlic paste, salt, pepper, chili flakes – all mixed together.

Prep: In a cute (retro) bowl, add the arugula, pasta and tomato. Mix. Add the egg on the sides. Crumble some blue cheese. Add half of avocado on top. Drizzle with vinaigrette. Enjoy.Salad L'Amour pour Elle - Љубовна салата со авокадо (3)

PS. I went CRAZY for avo last week. The proof is here ->

Avo crazyyy
Gluten free bread with: 1: malidzano, chili peppers, avo and blue cheese; 2: green ajvar, hot sauce, avo and hard boiled egg 3: butter, avo and hot sauce. HOT SAUCE RULZZZ 🙂

and this one:

Avo, again
Gluten free bread, butter, avo and chili sauce