Pasta Carbonara | Тестенини во карбонара сос [♫Ennio Morricone – Ma L’amore No]

♫Ennio Morricone – Ma L’amore No♫

(en is below)

Неодамна, го гледав филмот „Малена“ и се заубив во саундтракот. Во Моника Белучи. Во Италија. Сум била неколку пати во Италија, но никогаш во љубовен пар. Има разлика кога истражуваш и се губиш во непознати градови сам или со група и кога покрај тебе е твојата друга половина.

Инспирирана од Италија и италијанската кујна, пред неколку дена направив тестенини во кабонара сос. Тооолку многу ми се јадеше сланина, а освен тоа и имав органски и свежи јајца во фрижидер, па си реков, карбонара за ручек! 🙂 Тоа беше највкусната и најкремастата карбонара која сум ја јадела, а и направила. Мљац 🙂

Тестенини во карбонара сос

Состојки: 

  • 250 грама тестенини по избор (јас корситев макарони)
  • 200 грама пармезан
  • 2 жолчки, свежи и органски
  • 50 грама сланина, исечена на коцки и испржена
  • сол и бибер

Подготовка: Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето. Испржете ја сланината додека да биде крцаква. Во сад ставете ги жолчките, пармезанот, половина од сланината и малку сол и бибер. Измешајте убаво. Кога тестенините ќе бидат сварени, ставете малку од водата во која се вареле во сосот. Потоа, додадете ги тестенините и брзо измешајте се. Сервирајте со преостанатите парченца сланина и рендан пармезан од горе. Наздравје 🙂Pasta Carbonara - Тестенини во карбонара сос (3)

I recently watched the movie “Malena” and I fell in love with the soundtrack. And Monica Bellucci. And Italy. I’ve been to Italy few times, but never with my significant other. And there is definitely a difference between going somewhere alone or with group and exploring the world with your hubby. Inspired by Italy and Italian cuisine, few days ago I made pasta carbonara. I was craving for some BACON 🙂 and I had organic and fresh eggs in the fridge. Let me tell you, I made the PERFECT pasta carbonara EVER. Creamy and so yummy.
Pasta Carbonara - Тестенини во карбонара сос (1)

Pasta Carbonara

Ingredients: 

  • 250 grams pasta of your choice (I used macaroni)
  • 2 egg yolks (as fresh (and organic) as possible)
  • 200 grams of grated parmesan cheese
  • 50 grams of bacon, chopped and fried until crispy
  • salt and pepper

Prep: Boil the pasta according the packet directions. Fry the bacon until very crispy. In a bowl, add the yolks, season with salt and pepper and add the cheese. Mix everything. Add 1/2 of the bacon. When the pasta is still very hot, add some pasta water to loosen the sauce (carefully), mix and then add the pasta in the sauce. Mix and stir everything fast. Serve in a bowl with the remaining bacon and extra parmesan cheese on top.Pasta Carbonara - Тестенини во карбонара сос (2)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s