Turkish pide (Turkish pizza) | Турско пиде – [♫Sting & Cheb Mami – Desert Rose]

♫Sting & Cheb Mami – Desert Rose♫

(en is below)

Турската кујна има нависина посебно место во моето срце. Сите тие турски јадења се толку блиску до моето срце. Балкавата е ненадминлива, но и ова пиде кое го направив пред неколку денови беше превкусно! Генерално, јас сакам се што вклучува тесто и месо заедно 🙂 Пидево беше на мојата листа на јадења долго време. Но, кога го направив и кога го пробав… Е, тоа беше нешто прекрасно! Говедско мелено мевце со многу зачини, меко тесто и во мојот случај лут сос од горе… Ова пиде беше превкусно дечки!

Турско пиде - Turkish pide (5)

Вообичаено, после ручек, (скоро) никогаш не пропуштам да се напијам една шолја турско кафе. Ако случајно пропшутам, е тогаш следува мојата омилена дремка која трае до два часа. Но, бидејќи денот брзо поминува со попладневната дремка, шолјата турско кафе после ручек ми доаѓа одлично.

Ако не сте пробале досега да направите класично туско пиде (некои пидето го поистоветуваат со туска пица, но според мене, тука сличности нема), не се двоумете и направете го уште еден. Јас направив две верзии – една класична, со мелено месо и друга со моцарела и сирење. Двете беа многу вкусни.

Турско пиде

Состојки:
За тесто: 

  • 600 грама брашно
  • 150 мл топла вода
  • 1 пакетче квасец
  • 50 мл јогурт
  • 1 јајце, изматено
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 6 лажици маслиново масло

За фил со мелено месо:

  • 500 грама говедско мелено месо
  • 2 главици кромид, исечкани
  • 3-4 чешниња лук, исечкани
  • 2 домати, исечкани
  • сол и бибер
  • 2 лажици мелен црвен пипер
  • магдонос, ситно сечкан

За фил со кашкавал/сирење:

  • 2 топки моцарела, исечкани
  • 250 грама реднан кашкавал/ сирење
  • магдонос, ситно сечкан

Подготовка: Прво, направете го тестото. Во длабок сад ставете ги јајцето, јогуртот, маслиновото масло, шеќерот, 50 мл топла вода и пакетчето квасец. Измешајте со жица за матење. Потоа, додадете 600 грама брашно и мешајте со вилушка. Посолете. Потоа, почнете да месите со раце додека да добиете меко тесто. Тестото покријте го со кујнска крпа и оставете да стасува 30 минути.

За тоа време, направете го филот. Во тавче ставете масло и пропржете ги кромидот и лукчето. Додадете го месото. Зачинете со сол и бибер. Додадете ги сечканите домати. Оставете да се крчка додека месото да биде готово. На крај, ставете црвен пипер и пропржете уште малку.

Од тестото одвојте 8 (големи) или 16 (мали) топчиња. Секое топче со сукало развлечете го долгнавесто. Ставете 3-4 лажици од филот и затворете го пидето од краевите. Премачкајте со изматено јајце, ставете сечкан магдонос и наредете ги вака подготвените парчиња пиде на тавче обложено со хартија за печење. За пидето со моцарела, само наредете моцарела и кашкавал, ставете малку лукче (по желба), премачкајте со јајце и ставете магдонос. Турско пиде - Turkish pide (2)

Печете во рерна загреана на 220 Целзоусови степени околу 15-20 минути, односно додека тестото да биде печено. Исечете го на парчиња и сервирајте. Турско пиде - Turkish pide (9)Не заборавајте да се напиете една шолја турско кафе после овој вкусен оброк 🙂 Турско пиде - Turkish pide (8)

Turkish cuisine has a special place in my heart. All those yummy foods are so close to my heart. Baklava is on top of it all, but also is this epic pide I made few days ago. I love all foods that include dough and meat, so this pide was on my list for a long time. One day, I decided to make it. It was so tasty, I could not explain you enough. Spicy ground beef, soft dough and with hot sauce on top, this was my ultimate lunch, let me tell you that. Usually, after my lunch I have a cup of Turkish coffee. It is a kind of pick me up, because in the afternoon I like to have a nap, a long one, if I am honest with you 😀 Two hours long. But, when I drink coffee after my lunch, everything is back to normal. There is something soothing, calm and refreshing in that particular cup of coffee that I drink after my yummy lunch.

If you haven’t try this classic Turkish recipe called pide (some people call it Turkish pizza, but it is so different from regular pizza), do not hesitate and try out my recipe. I made two versions – classic with beef minced meat and one with mozzarella and cheese. Both were very tasty.

Турско пиде - Turkish pide (3)

Turkish pide (Turkish pizza)

Ingredients: 

For the dough:

  • 600 gr flour
  • 150 ml lukewarm water
  • 50 ml natural yogurt
  • 1 egg, beaten
  • 1 packet of dry yeast
  • 2 teaspoons of sugar
  • 1 teaspoon of salt
  • 6 tablespoons of evoo

For the meat filling: 

  • 2 onions, chopped
  • 3-4 garlic cloves, minced
  • 2 tomatoes, chopped
  • 500 grams beef minced
  • salt and pepper
  • 2 heaping tablespoons red paprika
  • parsley, chopped

For the cheese filling:

  • 2 mozzarella balls, sliced
  • 250 grams cheese, grated
  • salt and pepper
  • parsley, chopped

Prep: First, make the dough. In a large bowl, add the egg, oil, natural yogurt, 50 ml lukewarm water, packet of yeast, sugar and mix everything. Add the flour and at first, mix with a fork and than start mixing with your hands. Add the rest of the water and add flour if you need some. The dough should be soft. Cover it with a kitchen towel and let it proof for 30 minutes.

Make the filling. In a pan, fry the onions and garlic. Add the meat and stir. Season with salt, pepper and add the tomatoes. Let it bubble a bit until the meat is ready. At the end, add some paprika and stir everything.

Divide the dough into 8 equal balls for bigger or 16 for smaller pides. Each ball roll it with rolling pin by length. Fill it with 3-4 tablespoons in the middle of dough, cover the sides and transfer into a baking tray covered with baking paper. Brush with a beaten egg and add parsley. For the cheese filling, just add mozzarella and grated cheese on the dough and parsley on top. Турско пиде - Turkish pide (1)Brush with a beaten egg. Bake in a preheated 220C oven for about 15-20 minutes or until the dough is baked. Slice and serve.Турско пиде - Turkish pide (10) Do not forget to drink a cup of coffee 🙂 Турско пиде - Turkish pide (4)

Advertisements

2 thoughts on “Turkish pide (Turkish pizza) | Турско пиде – [♫Sting & Cheb Mami – Desert Rose]

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s