Vegetarian Sheppard’s Pie | Овчарска пита со зеленчук [♫Years and Years – Desire ft. Tove Lo]

♫Years & Years – Desire ft. Tove Lo♫

(en is below)

Обожавам вегетаријанска храна. Зеленчуците се највкусни кога се свежи, органски и од локални продавачи. Затоа, обожавам да си шетам и купувам на Зелено пазарче во Скопје. Ова манџиче е толку вкусно што кога ќе видите како се подготвува веднаш ќе посакате да го направите за денешниот ручек. Вкусот е прекрасен, а и текстурата од горе (го гледате запеченото и крцкаво пире?). Мислам дека секој го направил овој рецепт барем еднаш во неговите готвачки експерименти, но ако не сте направиле ниеднаш, ова е рецептот за вас.

Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук Овчарска пита со зеленчук

Состојки:

  • 1 кг компири, сварени и испасирани
  • 250 грама печурки
  • 1 страк праз, ситно сечкан
  • 1 кромид, ситно исечкан
  • 2 мали моркови, исечкани
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 300 грама спанаќ, обарен и исечкан
  • сол и бибер
  • 1 лажица доматно пире

Подготовка: Прво, сварете ги компирите, па од нив направете пире со путер и млеко. Во тенџерче ставете малку маслиново масло и ставете ги зеленчукот и печурките да се запржат. Пржете додека сето да омекне. Зачинете со сол и бибер и доматно пире. Промешајте и додадете хопла, по желба. Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук (4)

Во мали садови за печење, ставете од филот со зеленчук, врз него наредете малку обарен спанаќ и од горе покријте се со пирето од компири. Направете мало дупче во средината за да излегува пареа додека се пече. Ставете малку путер и печете во рерна на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, односно додека да зарумени од горе. Сервирајте топло, со салата од страна. Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук (5)

Совет: Може и во филот да ставете мелено месо, само пропржете го прво него во тенџере, па потоа зеленчуците.

I really enjoy vegetarian food. Veggies are so yummy when they are fresh, local and organic. That’s why I enjoy going on the farmers market every week. This vegetarian Sheppard’s pie is so tasty, full of flavour and texture (can you see how crispy the top layer is?). Very easy to make and made with humble ingredients. I thing that everyone has made this in one point of their cooking adventures, but if you haven’t here is a recipe for you.

Processed with VSCO with a5 preset

Vegetarian Sheppard’s Pie

Ingredients: 

  • 1 kg potatoes, boiled and mashed with butter and milk
  • 250 grams of mushrooms, chopped
  • 1 leek, finely chopped
  • 1 small onion, chopped
  • 2 small carrots, diced
  • 3 garlic cloves, finely chopped
  • 300 grams of fresh spinach, steamed
  • salt and pepper
  • 1 tablespoon of tomato purée

Prep: First, boil the potatoes until they are very tender. Mash them into a potato mash, with milk and butter until smooth. Set aside. Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук (2)

In a pot, put some evoo and cook the vegetables until they are soft. Add the tomato purée and season with salt and pepper. Add some heavy cream if you want. If not, leave it out.Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук (3) Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук (4)

Steam the spinach and chop it roughly.

In a small ramekin out some evoo. Pour the vegetable filling, then put the steamed spinach and top it with some mashed potatoes. Make a pattern with the back of the knife, make a hole in the middle for steam to escape and put some cubes of butter on top. Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук (5)Bake in a preheated 200C oven for 30 minutes or until the top gets crispy.Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук

Serve it warm with some green salad.Vegetarian Sheppard's Pie Овчарска пита со зеленчук

Creamy Spinach and Pea Soup | Чорба од спанаќ и грашок [♫Kool and The Gang – Cherish]

♫Kool and The Gang – Cherish♫

(en is below)

Вкусна и топла чорбичка секогаш може да ми ја згрее душата. Понекогаш кога не ми е денот, освен ќебе и мутави филмчиња на тв, топла чорба може да направи многу. Иако пилешката ми е најомилена, сакам и зеленчукови чорби. Оваа од грашок ми е омилена. Верувам дека овие состојки кои се потребни за чорбата ги имаме сите во фриждер, па затоа е многу практична и економична за подготовка.

Creamy Pea Green Soup - Кремаста зелена чорба со грашок (5)Чорба од спанаќ и грашок

Состојки: 

  • 500 грама грашок (свеж или замрзнат, но не од конзерва)
  • 300 грама свеж спанаќ
  • 1 главица кромид, ситно исечкан (или 2 млади кромидчиња)
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани (или 1 младо лукче)
  • 1 лажица оригано
  • 800 мл вода
  • сол и бибер

Подготовка: Во длабоко тенџере ставете малку маслиново масло. Ставете го кромидот да се пржи на среден оган додека да омекне малку. Кога ќе стане стаклест и омекнат, ставете ги лукчето и грашокот. Прелијте со вода, покријте со капак и оставете да се вари грашокот додека да омекне убаво, 25-30 минути. Пет минути пред крај, додадете го спанаќот и оставете да се обари малку. Кога се ќе биде сварено и меко, со рачен блендер (или обичен блендер) измиксајте да се соедини се. Зачинете со сол, бибер, оригано и чили пиперче, по желба. Оставете да проврие 2 минути и тргнете од оган. Сервирајте топло со малку јогурт, маслиново масло врз чорбата, лимон и лепче. Јас направив проја од овесно и пченкарно брашно и ја послужив со оваа чорба. Беше навистина превкусно!

Совет и трик: Ако чорбата е многу густа, додадете повеќе вода. Ако имате свежи зачини при рака (рузмарин, босилек, мајчина душичка, копар…) ставете ги заедно со водата и извадете ги пред крај. Употребете зачини кои немаат пресилен вкус како не би ја уништиле чорбата.

Warm soup is always welcomed in my house, whether I am in a good or bad mood. Mainly when I am feeling blue, I crave for a stew or soup for lunch (or all day, really). Cosy blanket, silly movies or TV shows and a bowl of comfort food. Even though I prefer chicken soup, sometimes I crave proper vegetable soup, like this one. Peas I love, so this soup was so yummy, indeed! These convenient ingredients are part of every kitchen (i think) so that’s one reason more why you should make this soup.

Creamy Pea Green Soup - Кремаста зелена чорба со грашок (4)

Creamy Spinach and Pea Soup

Ingredients: 

  • 500 grams of peas (frozen or fresh, not in a can)
  • 300 grams of fresh spinach
  • 1 large onion, chopped (or 2 spring onions)
  • 2-3 cloves of garlic
  • 1 tablespoon of oregano
  • 800 ml water
  • salt and pepper

Prep: In a large pot, put some evoo. Add the onion and let it fry on a medium heat until is translucent. Add the garlic and peas, cover everything with some water, put a lid on and let it cook for 25-30 minutes or until the peas is soft. Five minutes before is done, add the spinach and let it cook a bit. When everything is soft, puree the mixture with an immersion blender (or regular blender) until smooth. Season with salt, pepper, oregano and chili pepper to taste and let it boil for additional 2 minutes. Serve while its hot, with drizzle of evoo, natural yoghurt, some wedges of lemon and fresh bread. I served it with homemade oat flour and corn flour cornbread and it was delicious! You have to try out this recipe.

Tips&Tricks: If you want looser soup, add more water. If you have fresh herbs on hand (basil, dill, thyme, rosemary) add them with the water and discard them at the end. Use softer herbs, so they do not overpower the soup. Creamy Pea Green Soup - Кремаста зелена чорба со грашок (2)

Garlic Bread | Француски багет со лук и моцарела [♫Morcheeba – The Sea]

♫Morcheeba – The Sea♫

(en is below)

Како што кажува и името на блогот – ЛУКава девојка, сигурно може да претпоставите дека јас обожавам ЛУКче! Лукот е мојот омилен зеленчук и го користам (речиси) во секое јадење кое го готвам. Во варива, на лепче, во салата…секаде 🙂 Толку е мало, а толку многу моќно. Го обожавам на брусекти со свежи домати и босилек, но и во оваа денешна комбинација, со моцарела и маслинки.

Garlic Bread - Француски багет со лук и моцарела (1)

Француски багет со лук и моцарела

Состојки: 

  • 1 француски багет, исечен на половина по должина
  • 100 грама путер, растопен
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 10 маслинки, ситно исечкани
  • 1 топка моцарела, исечена на парчиња

Подготовка: Исечениот багет ставете го на тавче за печење обложено со хартија за печење. Во растопениот путер ставете го ситно сечканото лукче и со оваа смеса премачкајте го багетот. Од горе, наредете моцарела и ставете парчиња маслинки. Ставете да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени и печете 5-10 минути, односно додека да се растопи моцарелата убаво на целиот багет. Уште додека е топло, пресечете го багетот на парчиња, попрскајте со малку маслиново масло и сервирајте со салата.

I love Garlic! Garlic is my love ^_^ Garlic is my favorite vegetable and I use it very often in every meal that I prepare. This tiny little, powerful vegetable, made this baguette so yummy! Along with some black olives, this was divine!

Garlic Bread - Француски багет со лук и моцарела (2)Garlic Bread

Ingredients: 

  • 1 French baguette, cut lengthwise
  • 100 ml melted butter
  • 3-4 cloves of garlic, minced
  • 10 olives, sliced
  • 1 mozzarella ball, sliced

Prep: Arrange the bread on a baking tray, lined with baking paper. Mix the melted butter with the garlic and brush the baguette with the mixture. Put some mozzarella and sliced olives on top and bake in a preheated 200C oven for about 5-10 minutes or until the mozzarella is all melted down. When the baguette is still hot and out of the oven, cut into pieces and serve with some fresh salad.Garlic Bread - Француски багет со лук и моцарела (4)

Zoodles with Cauliflower Meatballs (Vegan!) | Шпагети од тиквици со ќофтиња од карфиол [♫Eddie Murphy – Party All the Time]

Zoodles with Cauliflower Meatballs (19)Овие шпагети од тиквички беа многу забавни за правење. Иако немам спирализер за правење „шпагети од зеленчук“, овие мои шпагети си ги направив со помош на екстра остар нож. Искрено да ви кажам, не сум голем фан на живата храна (raw food), но овие шпагети од тиквички супер одеа со ќофтињата од карфиол кои ги направив. Одличен (и многу здрав!) оброк.

Секој ден се трудам да јадам што е можно поздраво. Иако сакам да јадам месо, секојдневно експериментирам со различни ќофтиња од зеленчук. Сум пробала да направам ќофтиња од црвен грав, брокули, спанаќ, моркови, леќа, грашок… речиси од секој зеленчук/зрно. Освен што се лесни за правење, тие се и многу вкусни! Еве го мојот рецепт за ќофтињата од карфиол:Zoodles with Cauliflower Meatballs (20)

Шпагети од тиквици со ќофтиња од карфиол

Состојки:

  • 1 тиквица
  • 1 главица карфиол
  • 1 морков, изрендан
  • 1 главица кромид, исечкан
  • 3-4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажица лут сос (јас користев бафало сос)
  • сол и бибер
  • 1 + 1/2 шолја овесно брашно (може да користите бело брашно)
  • 1 шолја лебни трошки

Подготовка: Тиквицата убаво измијте ја и исушете ја со крпа. Земете остар нож и сечете по должината тенки парчиња. Наредете ги парчињата едно врз друго и сечете тенки парчиња повторно по должина за да добиете „шпагети“.

Главицата карфиол убаво измијте ја, разцветајте ја на помали парчиња и ставете ја да се обари неколку минути во солена и зовриена вода. Zoodles with Cauliflower Meatballs (1)Кога ќе се обари, исцедете ја и ставете ја во блендер. Во блендерот додадете ги и другите зеленчуци, ставете од лутиот сос и зачинете. Блендајте додека да се изедначи смесата. Смесата претурете ја во длабок сад, ставете го брашното и полека додавајте лебни трошки додека да добиете смеса од која ќе може да обликувате топчиња. Zoodles with Cauliflower Meatballs (2)Обликувајте еднакви топчиња, наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење.Zoodles with Cauliflower Meatballs (13)Печете ги ве рерна загреана на 200 Целзиусови степени, околу 25-30 минути, односно додека да фатат крцаква коричка од надвор. Zoodles with Cauliflower Meatballs (17)Додека се топли, премачкајте ги со лут сос (или бафало сос) и посипете малку ситно сечкано младо кромидче. Zoodles with Cauliflower Meatballs (18)Во чинија, ставете го „шпагетите“ па врз нив наредете неколку парчиња од ќофтињата. Наздравје здравиот ручек! 🙂

Пс. Ако имате потешкотии во обликувањто на ќофтињата, додадете едно изматено јајце. Така, рецептов ќе биде вегетаријански, не вегански.

I has so much fun making these zoodles aka zucchini noodles I didn’t have spiralizer, so I made these lovely spaghetti noodles with my extra sharp knife. I am not really a huge fan of raw food, I must admit that, but these zoodles with  my cauliflower meatballs were very delicious (and healthy, too!).

Eating super (super) healthy is not really my thing, but I try my best. However, I eat vegetable meatballs on a regular bases and I love them so much! Red bean, broccoli, spinach, carrot, lentil, pea… I’ve tried to make them with almost every vegetable/legume. They are so easy to make and most important – very tasty! Here is my recipe for super yummy cauliflower meatballs:

Zoodles with Cauliflower Meatballs (22)

Zoodles with Cauliflower Meatballs

Ingredients: 

  • 1 zucchini
  • 1 head of cauliflower
  • 1 carrot, grated
  • 1 onion, chopped
  • 3-4 cloves of garlic, minced
  • 1 tablespoon of hot sauce (in my case, leftover buffalo sauce)
  • salt, pepper
  • 1 + 1/2 cup of oat flour (or white flour)
  • 1 cup of breadcrumbs

Prep: Wash and dry the zucchini. (if you don’t have a spiralizer) Using a sharp knife slice the zucchini lengthwise. Stack them on top of each other and cut lengthwise again so you can get spaghetti like stripes.

Wash the cauliflower and cut into small florets. Zoodles with Cauliflower Meatballs (4)Blanch in a salted and boiling water, until tender. Zoodles with Cauliflower Meatballs (5)Into a blender, transfer all the vegetables (cauliflower, carrot, onion, garlic), add the sauce and season to taste. Blend until smooth  texture. Zoodles with Cauliflower Meatballs (2)Transfer into a large bowl, add the flour and gradually add the breadcrumbs. Stir until the mixture is compact and you can make balls out of it. With a 1/4 measuring cup, make equal size balls.Zoodles with Cauliflower Meatballs (12) Line them on a tray with baking paper and bake on a 200C for about 25-30 minutes or until they are no longer soft and have crust on the outside. Zoodles with Cauliflower Meatballs (15)

When they are still hot, brush them with some hot sauce (or in my case buffalo sauce) and add sprinkle some chopped spring onions.Zoodles with Cauliflower Meatballs (18) Put some zoodles on to a plate and add few meatballs on top. Enjoy!Zoodles with Cauliflower Meatballs (21)

Ps. If you have difficulties with forming the meatballs, add a beaten egg. Now, the recipe is vegetarian, not vegan any more 🙂

Simple Strawberry Cake | Колач со јагоди [♫Strawberry Fields Forever-The Beatles]

♫Strawberry Fields Forever-The Beatles♫

(en is below)

Strawberry Cake - Колач со јагоди (3)Ова лесно и вкусно колаче ми беше омилено кога бев малечка. Мајка ми го прави со замрзнати вишни, а јас решив да го направам со јагоди. Во фрижидер имав свежи јагоди, па решив да ги искористам во ова мое колаче. Премногу лесен колач, вкусен и толку сочен (дури и по 4 денови!) кој одлично оди со попладневното турско кафе.

Strawberry Cake - Колач со јагоди (8)Колач со јагоди

Состојки:

  • 2 јајца
  • 400 грама брашно
  • 300 грама шеќер
  • 200 мл млеко
  • 150 мл масло за јадење
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 250-300 грама свежи (или замрзнати) јагоди (или било кое друго овошје)

Подготовка: Во длабок сад скршете ги јајцата. Ставете го шеќерот и матете со миксер. Додадете ги млекото, ванилиниот шеќер и маслото. Изматете. Додадете го брашното, прстофат сол и прашокот за печиво. Матете со миксер додека да се соединат состојките. На крај, додадете го овошјето и измешајте со лажица. Смесата претурете ја во тавче за печење претходно обложено со хартија за печење. Печете на 200 Целзиусови степени околу 35-40 минути, односно кога ќе биде печено (проверете со чепкалка за заби, ако излезе чиста кога ќе ја брцнете во средина, печено е колачето).Оставете малку да се олади, па потоа попрскајте со шеќер во прав. Сервирајте со шолја турско кафе.Strawberry Cake - Колач со јагоди (2)

This simple cake I made was my favorite when I was a child. My mom makes it with frozen cherries and now, I make it with strawberries. I had fresh strawberries on hand, so I decided to make some yummy cake. Super simple, easy to make, yummy and moist cake that goes perfectly with a cup of coffee (in my case, traditional Turkish coffee).

Strawberry Cake - Колач со јагоди (9)Simple Strawberry Cake

 Ingredients: 

  • 2 eggs
  • 400 grams of flour
  • 300 grams of sugar
  • 200 grams of milk
  • 150 ml vegetable oil
  • 1 packet of vanilla sugar
  • 1/2 packet of baking powder
  • 250-300 grams of fresh (or frozen) strawberries (or any other berry/fruit)

Prep: In a large bowl mix together the eggs with the sugar. Add the milk, oil and vanilla sugar. Mix. Add the flour and baking powder and mix well with mixer until combined. Add a pinch of salt and add the fruit. Mix with a spatula. Pour the mixture in a pan lined with baking paper. Tap the baking tray so the bubbles come out. Bake for 35-40 minutes on 200C or until the toothpick came out clean. Strawberry Cake - Колач со јагоди (6)Let it cool a bit and dust it with powdered sugar. Serve with a cup of Turkish coffee.Strawberry Cake - Колач со јагоди (5)