Zoodles with Cauliflower Meatballs (Vegan!) | Шпагети од тиквици со ќофтиња од карфиол [♫Eddie Murphy – Party All the Time]

Zoodles with Cauliflower Meatballs (19)Овие шпагети од тиквички беа многу забавни за правење. Иако немам спирализер за правење „шпагети од зеленчук“, овие мои шпагети си ги направив со помош на екстра остар нож. Искрено да ви кажам, не сум голем фан на живата храна (raw food), но овие шпагети од тиквички супер одеа со ќофтињата од карфиол кои ги направив. Одличен (и многу здрав!) оброк.

Секој ден се трудам да јадам што е можно поздраво. Иако сакам да јадам месо, секојдневно експериментирам со различни ќофтиња од зеленчук. Сум пробала да направам ќофтиња од црвен грав, брокули, спанаќ, моркови, леќа, грашок… речиси од секој зеленчук/зрно. Освен што се лесни за правење, тие се и многу вкусни! Еве го мојот рецепт за ќофтињата од карфиол:Zoodles with Cauliflower Meatballs (20)

Шпагети од тиквици со ќофтиња од карфиол

Состојки:

  • 1 тиквица
  • 1 главица карфиол
  • 1 морков, изрендан
  • 1 главица кромид, исечкан
  • 3-4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажица лут сос (јас користев бафало сос)
  • сол и бибер
  • 1 + 1/2 шолја овесно брашно (може да користите бело брашно)
  • 1 шолја лебни трошки

Подготовка: Тиквицата убаво измијте ја и исушете ја со крпа. Земете остар нож и сечете по должината тенки парчиња. Наредете ги парчињата едно врз друго и сечете тенки парчиња повторно по должина за да добиете „шпагети“.

Главицата карфиол убаво измијте ја, разцветајте ја на помали парчиња и ставете ја да се обари неколку минути во солена и зовриена вода. Zoodles with Cauliflower Meatballs (1)Кога ќе се обари, исцедете ја и ставете ја во блендер. Во блендерот додадете ги и другите зеленчуци, ставете од лутиот сос и зачинете. Блендајте додека да се изедначи смесата. Смесата претурете ја во длабок сад, ставете го брашното и полека додавајте лебни трошки додека да добиете смеса од која ќе може да обликувате топчиња. Zoodles with Cauliflower Meatballs (2)Обликувајте еднакви топчиња, наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење.Zoodles with Cauliflower Meatballs (13)Печете ги ве рерна загреана на 200 Целзиусови степени, околу 25-30 минути, односно додека да фатат крцаква коричка од надвор. Zoodles with Cauliflower Meatballs (17)Додека се топли, премачкајте ги со лут сос (или бафало сос) и посипете малку ситно сечкано младо кромидче. Zoodles with Cauliflower Meatballs (18)Во чинија, ставете го „шпагетите“ па врз нив наредете неколку парчиња од ќофтињата. Наздравје здравиот ручек! 🙂

Пс. Ако имате потешкотии во обликувањто на ќофтињата, додадете едно изматено јајце. Така, рецептов ќе биде вегетаријански, не вегански.

I has so much fun making these zoodles aka zucchini noodles I didn’t have spiralizer, so I made these lovely spaghetti noodles with my extra sharp knife. I am not really a huge fan of raw food, I must admit that, but these zoodles with  my cauliflower meatballs were very delicious (and healthy, too!).

Eating super (super) healthy is not really my thing, but I try my best. However, I eat vegetable meatballs on a regular bases and I love them so much! Red bean, broccoli, spinach, carrot, lentil, pea… I’ve tried to make them with almost every vegetable/legume. They are so easy to make and most important – very tasty! Here is my recipe for super yummy cauliflower meatballs:

Zoodles with Cauliflower Meatballs (22)

Zoodles with Cauliflower Meatballs

Ingredients: 

  • 1 zucchini
  • 1 head of cauliflower
  • 1 carrot, grated
  • 1 onion, chopped
  • 3-4 cloves of garlic, minced
  • 1 tablespoon of hot sauce (in my case, leftover buffalo sauce)
  • salt, pepper
  • 1 + 1/2 cup of oat flour (or white flour)
  • 1 cup of breadcrumbs

Prep: Wash and dry the zucchini. (if you don’t have a spiralizer) Using a sharp knife slice the zucchini lengthwise. Stack them on top of each other and cut lengthwise again so you can get spaghetti like stripes.

Wash the cauliflower and cut into small florets. Zoodles with Cauliflower Meatballs (4)Blanch in a salted and boiling water, until tender. Zoodles with Cauliflower Meatballs (5)Into a blender, transfer all the vegetables (cauliflower, carrot, onion, garlic), add the sauce and season to taste. Blend until smooth  texture. Zoodles with Cauliflower Meatballs (2)Transfer into a large bowl, add the flour and gradually add the breadcrumbs. Stir until the mixture is compact and you can make balls out of it. With a 1/4 measuring cup, make equal size balls.Zoodles with Cauliflower Meatballs (12) Line them on a tray with baking paper and bake on a 200C for about 25-30 minutes or until they are no longer soft and have crust on the outside. Zoodles with Cauliflower Meatballs (15)

When they are still hot, brush them with some hot sauce (or in my case buffalo sauce) and add sprinkle some chopped spring onions.Zoodles with Cauliflower Meatballs (18) Put some zoodles on to a plate and add few meatballs on top. Enjoy!Zoodles with Cauliflower Meatballs (21)

Ps. If you have difficulties with forming the meatballs, add a beaten egg. Now, the recipe is vegetarian, not vegan any more 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s