Macedonian Style Pepper Relish – Pindjur | Пинџур [♫Bakni me – Saska Petkovska]

♫Bakni me – Saska Petkovska♫

(en is below)

Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (4)

Штом ќе почне сезоната на летен пинџур, моето срце веднаш игра од радост и од среќа. Јас обожавам пинџур! Тоа е едно од моите омилени македонски јадења. Домашен пинџур, како и се друго што е домашно, не може да се споредува со ништо што е купено од продавница. Вчера, решив да направам пинџур. Иако во Скопје е ужасно топло и ми е мака рерната да ја уклучувам секој пат кога сакам нешто да испечам, решив дека ќе направам пинџур и ќе ја почнам летната сезона на мацкања 🙂 И така имав се во фрижидер, а и за пинџур пак, не ви треба нешто многу мастраф. Е, кога го направив и кога го пробав… Луѓе! Не претерувам кога ќе ви кажам дека ОВОЈ пинџур (инаку, правен по традицонален македонски рецепти) е НАЈДОБРИОТ пинџур што некогаш ќе го направите и пробате! Леле, колку е вкусен! Уште да си испечете топло лепче, да извадите калапче овчо сирење и на уживањето ќе му нема крај! Еве го и рецептот: Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (5)

Пинџур

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • пола килограм домати
  • 1 килограм меснати пиперки (зелени или црвени)
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 рака ореви
  • 1 рака магдонос
  • 100 мл сончогледово масло
  • сол, по вкус

Подготовка: Зеленчукот измијте го и исушете го убаво. На тавче за печење обложено со хартија за печење, наредете го зеленчукот, ставете малку масло и печете во рерна на 200 Целзиусови степени, додека да омкене и да се испече зеленчукот. Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (2)Во толчник ставете ги лукот, оревите и малку сол. Истолчете убаво додека да добиете еднолична смеса како паста. Излупете ги зеленчуците и додадете ги во толчникот и истолчете ги нив заедно со смесата од ореви и лук. Јас пинџурот го сакам со парчиња, но вие може и повеќе да го толчите за да добиете хомогена смеса. Ставете една рака ситно сечкан магдонот. Во тенџерче, ставете го маслото и загрејте го до вриење. Прелијте го врз пинџурот, измешајте и пробајте на вкус за сол. Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (9)Сервирајте топло, со тазе лепче и бело сирење или претходно оладено неколку часа. Ако сакаш да видиш и други македонски рецепти, кликни тука.Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (7)

One of my most beloved memory is the one when my mom made (and still makes) pindjur at night. She put all the vegetables on a baking tray and wait until they are baked, usually after midnight. Then, next morning she (or I) peels them and start to make pindjur. She always adds too little garlic, but I still love the way she makes it. Pindjur was eaten for lunch in my family, with olives, white cheese and a loaf of white bread.

Pindjur is a Macedonian traditional style of relish that includes roasted vegetables (peppers, tomatoes and eggplant). They are mashed in mortar and pestle, garlic is added and oil. This is a Balkan type of relish that is eaten often during the summer.

I love making pindjur and I love eating it. Yesterday, I decided to make pindjur at home, even though in Skopje these days is very, very hot! I avoid turning on the oven during the summer, but yesterday I was craving for pindjur. I already had all the ingredients in my fridge and let me tell you — I made one EPIC pindjur, guys! This pindjur was the best that I have ever made or eaten! If you want to make it and try a little bit of the Macedonian cuisine at its best, you have to try and make this pepper relish.

Macedonian Style Pepper Relish – PindjurMacedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (1)

Ingredients:

  • 2 eggplants
  • 1/2 kg tomatoes
  • 1 kg green/red peppers
  • 3-4 cloves of garlic
  • handful of walnuts
  • 100 ml vegetable oil
  • handful of parsley
  • salt to taste

Prep: Wash and dry the vegetables. Put them on a baking sheet lined with baking paper and bake them on a medium to high temperature until they are baked and charred. Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (3)Put the peppers and eggplants in a plastic bag so they can steam a bit and you can peel them easily. In a big mortar and pestle put the garlic, walnuts and tablespoon of salt and make a paste. Add the vegetables (peeled) and crush everything. I like my pindjur a bit chunky but it’s up to your taste. In a small pot, heat the oil and when it is very hot, pour over the pindjur and stir (you should hear a sound of chhh and that’s how you know you’ve done that oil thing right 🙂 ). Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (7)Taste for salt and eat it right away with freshly baked bread and white cheese or let it chill and then enjoy it. Either way it is so delicious.Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (8)

If you want to see more Macedonian Style recipes that are traditional, click here.

Five Cheese Garlic Pizza | Пица со лук и пет сирења [♫Dean Martin – Mambo Italiano]

♫Dean Martin – Mambo Italiano♫

(en is below)

Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (3)Пица, дечки! Пица! Скоро и да нема друга храна која ми предивизикува толку големо задоволство и чувство на среќа која ја јадам. Секогаш сакам да пробувам различни комбинации на состојки во пица, па така не беше исклучок ниту овој пат кога решив да ставам пет видови сирење во мојата пица. О, боже! Ова беше нешто незаборавно! Бидејќи, вообичаено, не ги јадам краевите од пицата, овој пат решив да ги наполнам со лукче и беа УФ! Превкусни, навистина. Ако сте љубители на сирења, кашкавали и многу лук, ова е пицата која треба да ја направите. Никој нема да ви ги брои калориите, туку само вкусните залаци и мљцкања 🙂 Направете ја и кажете ми како ви испаднала (Фејсбук | Инстаграм)Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (4)

Состојки:

  • тесто за пица
  • сирења и кашкавали (рикота, рокфорт, ементалер, моцарела, пармезан)
  • доматен сос (најубаво домашен)
  • 2 лажици толчен лук
  • 1/2 главица кромид
  • 50 грама кулен
  • сусам
  • маслинки
  • босилек

Подготовка: Прво направете го тестото за пица. Со раце, на набрашнета површина развлечете го тестото и направете граница од страните. Ставете го лукчето од страните на пицата и завиткајте го за да добиете крајчиња. Намачкајте ја пицата со доматен сос и редете ги сирењата и кашкавалите. Јас ставив прво ементалер, моцарела, рокфорт, па на крај рикота и пармезан. Ставете неколку парчиња кулен и кромид (по желба), наредете неколку маслинки и попрскајте со сусам по краевите. Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (0)Ставете да се пече пицата на 250 Целзиусови степени околу 8-10 минути, односно додека да биде крцкава од краевите и запечена од горе. Уште додека е топла ставете неколку ливчња босилек, попрскајте со маслиново масло, исечете ја и сервирајте.Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (1)

Guys! Just look at this pizza 🙂 Not to brag, but this pizza was my ultimate favorite thing I’ve ever baked in my rusty oven. Pizza is my comfort food and that’s a statement for a lifetime. If I can, I would eat pizza every. day. of.the. week. And be happy (and obsess!). If you are anything like me and you live in a world of lot of different cheeses and garlic, you will LOVE this pizza! Trust me. Crust filled with garlic paste, 5 not four, FIVE different cheeses, hot and crispy pepperoni on top and fresh basil. This pizza was such a joy eating it, I can not explain enough. You have to make it and let me know how did it turned out. (Instagram | Facebook).Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (2)

Ingredients: 

  • 1 pizza dough
  • 1/4 cup of pizza sauce (homemade is’t the best)
  • 5 cheeses (emmentaler, roquefort, mozzarella, parmigiano, ricotta)
  • 50 grams of hot pepperoni
  • 2 teaspoons of garlic paste
  • sesame seeds
  • 1/2 onion
  • few olives
  • fresh basil

Prep: First, make the pizza dough. Using your hands, stretch the dough, making borders. Fill those borders with garlic paste and cover them with some dough, so you’ll get filled pizza crust. Spread some tomato sauce and start adding the cheeses. First, I added some emmentaler, then mozzarella, roquefort and ricotta and parmigiano at the end. Add some pepperoni, few slices of onion, sprinkle with some sesame seeds  on the crust and add few olives. Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (0)Bake the pizza in a preheated oven at 250C, for 8-10 minutes or until the crust is golden and the pizza is bubbly. When it’s still hot, add some fresh basil leaves, drizzle with evoo, cut and serve.Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (4)

Здраво Охрид! (мк) | ♫Нина Спирова – O, езеро мое!

♫Nina Spirova – O, ezero moe♫

for English version, click here.

Охрид ми е едно од омилените места во Македонија каде одам кога сакам набрзина да ги наполнам батериите од стресниот живот во Скопје. Погледот кон езерото едноставно ме смирува, дишам длабоко и медитирам во себе.Ohrid

Охрид е преубав град, полн со стар, но и модерен дух, голема историја и прекрасна архитектура. Охрид е град кој сакам да го посетувам надвор од високата сезона во лето. Мај, јуни и септември ми се омилени месеци за посетување на овој мал и тивок град. Според мене, ако сакате вистински да го доживеете градот, треба да го посетите во ниските сезони. Тогаш е најубав. Луѓето се помирни и љубезни, цените разумни и уличките празни. Цел град со сите негови убавини и маани ви е на ваше уживање. Ohrid Lake

Ако не сте биле во Охрид, а планирате за заминете на викенд или одмор или пак ако сте биле и планирате пак да го посетите, подолу ќе ве запознаам со Охрид виден низ моите очи и се надевам ќе ве охрабрам да посетите или направите нешто од она што мене ми предизвикува среќа и радост кога сум во Охрид. DSCN0497

-ХРАНА-

Појадок: Појадокот е мој омилен оброк во текот на денот. Бидејќи регуларно јадам овошје за појадок, кога сум на одмор сакам и јас да ја одморам душата, а и стомакот. DSCN0518Во Охрид никогаш не можам да им одолеам на ѓомлезето и питулиците кои локалните домаќинки и домаќини ги продаваат на пазарот во Охрид. Gjomleze & Pitulica on the Farmers MarketОсобено питулиците ми се слабост! Ѓомлезе е т.н пита која се пече под сач,Gjomlezeа питулицата е нешто слично само меѓу редовите се става изварка (урда). PitulicaНа пазарот има неколку продавачи на ѓомлезе и питулица. Освен тоа, тие продаваат и други печива кои ги прават тазе од наутро. Јас ја запознав тетка Нада која прави превкусни ѓомлезе и питулици. Mrs. Nada, the gjomleze makerПробав и баничка со сирење и пита со спанаќ. Homemade spinach pie Banitsa with cheese / spinachКај неа се’ се продаде многу брзо. Дури да трепнеш. Се беше толку вкусно. Седнав на клупите кај Чинарот, си купив јогурт и  и многу слатко си се најадов. Појадокот на локалното пазарче е вистинско искуство. Освен тоа, може да си купите и овошје за по пат (охридски цреши!). DSCN0516 DSCN0517Пробај: Ѓомлезе и питулица. Совет: Едно парче од двете е доволно за еден гладен човек.Pitulica, up close

Традиционална кафанска храна за ручек: Охрид, за жал, е место каде кафаните не доаѓаат до израз. Јас многу сакам попладневни седенки во кафани. Чашка ракија и шопска салата е мој начин за „ништо не ми е битно, ајде да се опуштиме малку“. Holy Rakia!Иако има неколку места во Охрид кои ја негуваат оваа традиција на ракија, скара, салати и печено лепче на скара, повеќето од нив се на самото езеро што ги прави прескапи за храната и услугата која ја нудат. Затоа, јас секогаш сакам да седнувам на места кои не се топлку популарни затоа што баш таму ќе се изненадите позитивно и од храната и од услугата. Ресторанот „Томато“ на плоштадот беше едно такво пријатно изненадување за мене. Buns, kebabs and fries with cheeseХраната беше вкусна, услугата брза и келнерите љубезни. Имаат скара на ќумур и прават одлично месо на скара, тавче гравче и риба. Пробај: шопска салата (порцијата е мала, доволна за еден), Shopska saladќебапчиња, Kebabs with onion and friesпастрмка на скара и задолжително лути пиперки на скара со лук и оцет. Grilled hot peppers with garlic and vinegarСовет: Ако сакате кромид во шопска, треба да им кажете на келнерите.

Пица: Пицата е јадење кое можам да го јадам секој ден од годината. Јас пица ОБОЖАВАМ! За мене, беше навистина тешко да се најде добра пица во Охрид. Има неколку „популарни“ пицерии во Охрид во кои сум била и сум јадела пица, но воопшто не сум излегла задоволна од таму. Многу тенко тесто, сиромашен фил и со смешно мали димензии е нешто што ќе го добиете ако седнете во популарните италијански ресторани со поглед на езерото. Моето искуство таму е едноставно кажано катастрофа. Наместо да нарачате од менито за храна, нарачајте си кафе или пиво и уживајте само во погледот. Затоа, ја најдов совршената пицерија во Охрид која се вика „La Piazza“. Pizzeria "La Piazza", OhridТоа е една мала пицерија лоцирана во задскриена уличка на почетокот на плоштадот. Тука се прави опасна пица! Три години го посетувам ова место и менито на знам скоро напамет. Храната им е одлична, ама пицата им  е едноставно перфектна! Pizza Siciliana & Quatro FormaggiКога ја пронајдов оваа пицерија, бев вистински среќна дека конечно ќе можам да јадам вкусна и вистинска пица во Охрид. Персоналот е секогаш љубезен, амбиентот имтимен. Има мала тераса на која може да седнете и уживате во вкусната храна, заедно со италијанска музика која свири во позадина. Enjoying pizza in "La Piazza"Ова место е навистина фантастично! Пробај: Пица Стелато, Бела пица, Пица Сицилијана, Пица со четири видови сирења или Крем пица. Pizza Siciliana DSCN0530Совет: Ако побарате екстра лукче (како јас) ќе ви понудат само охридско макало, не и свеж лук што е малку чудно во кујна да нема свежо лукче.

Сладолед и слатки: Нема ништо поосвежително од неколку топчиња сладолед додека сонцето пече. Слаткарницата „Малага“ е според мене најдобра слаткарница каде може да јадете одличен сладолед. Ice cream flavorsИмаат неколку вкусови, но сите се оние вистинските.Cherry & Caramel Ice cream Ако сакате колачиња и други слатки, имаат голем избор на торти и колачи. Пробај: Било кој вкус. Совет: Можете да си комбинирате и пола / пола.

Кафе или пиво: Како што кажав погоре, јас не ги сакам оние популарни места каде одат сите луѓе. Кога сум во некој град, сакам да си најдам место за кафе или пијачка кое ќе одговара на мојот дух и карактер. Не многу места во Охрид можат да ми го дадат мирот и спокојот кој ми треба кога тоа ми треба. Lotos Cafe, OhridЗа среќа, го најдов совршеното место каде секој ден го пиев моето утринско и попладневно кафе. Кафе барот „Лотос“ беше местото кафе седев и уживав во преубавиот поглед на езерото кои го имаат од нивната тераса, скопојно пиев кафе или ладно пиво. DSCN0514Ова место е вистински бисер! Персоналот е многу љубезен, кафињата се служат со колаче, а пивото со чипс. Пробај: Нешто што те освежува. Совет: Седенете на масите во првиот ред и уживајте во прекрасниот поглед на езерото.

-ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ-

  1. Црква “Св. Софија„DSCN0501
  2. Црква „Св. Јован Канео“Church St. John from Kaneo
  3. Плаошник
  4. Самуилова тврдина
  5. Музеј на вода – Залив на коските
  6. Куќа на РобевциDSCN0494
  7. Манастир „Св. Наум“
  8. Билјанини извори
  9. Национална работилница за рачна изработка на хартијаDSCN0510DSCN0495DSCN0511

или само шетајте наоколу низ градот и тесните улички. Така, ќе го доживеете вистинскиот дух на градот 🙂DSCN0512 DSCN0508 DSCN0509

Оставете долу коментар за тоа кое е вашето омилено место за јадење или пиење во Охрид и кое ви е омилено место кое сте го посетиле во Охрид.DSCN0489

Hello Ohrid! (en) | ♫Nina Spirova – O, ezero moe!

♫Nina Spirova – O, ezero moe♫

Have you been to Ohrid? The Pearl city? The city of gjomleze, homemade garlic “mayo”, Church of St. John at Kaneo, beautiful Ohrid lake, historical churches (365 churches for each day of the year), breathtaking Samuel’s Fortress that watches the city from above, the top visited city in Macedonia during the summer? Let me introduce you with the city of Ohrid seen through  my eyes.DSCN0497

Because I love my country, Macedonia (only the nature, food and good childhood memories are involved here), I always try to take advantage of what is near to me. Because I like to be present in the moment and enjoy the beauty that this homeland of mine can offer, I go to Ohrid twice every year. For me, Ohrid is the best to be seen and enjoyed during the low seasons – May, start of June and September. It is so calm, peaceful, not very much crowded with tourists, and people in Ohrid during these periods of the season are different, too. They are more polite, cheerful, willing to help and answer to your questions. I’ve visited Ohrid during the high season, last year and I was so nervous and disappointed, so I decided that June is my favorite time to enjoy Ohrid. Here is a list of yummy things to eat and taste next time (or for the first time) you visit Ohrid.DSCN0625

-FOOD-

Breakfast:  Breakfast is my favorite meal of the day (at least when I am on a vacation, because I try to eat mostly fruit every other regular day for brekkie). DSCN0518I am always so excited when I visit Ohrid just because of the tradition to have my breakfast on the Farmers market. Gjomleze and pitulica are my personal choices. Especially pitulica. Gjomleze is a pie like dish, made plain, with no filling with crunch crust on top. It’s a traditional dish that is baked under the sach (large metal or ceramic lid over which ashes or coals are placed). DSCN0540Pitulica is the same as gjomleze, only filled with cheese (my personal favorite!). DSCN0541On the farmers market, there are many middle aged women who wake up early in the morning (4 am), prepare these dishes plus some more like pies, fried dough (mekica) and bring them on the market where they sell them. Mrs. Nada makes (in my opinion) the best pitulici on the market. Mrs. Nada, the gjomleze makerAlso, I tried some other stuff she made that day. DSCN0545 DSCN0620Try: pitulica, gjomleze. Pro tip: One piece of each is enough for one person.

Traditional Macedonian food aka Food in kafana: Kafana or taverna is a institution in Macedonia or anywhere on the Balkan. A place where you drink rakia, eat shopska salad and grilled meat, listen to traditional Macedonian folk songs and just relax and enjoy. I deeply care for all these things. DSCN0587There are few good places in Ohrid where you can have proper shopska salad, grilled meat, dips and all those stuff, but mostly they are either overpriced (because of the lake view) or the food is just average. There are also few places in the Turkish quart, too. If you want to sit in the centre of Ohrid and have some decent (and affordable) lunch, try out a place called “Tomato“. Street: “Tsar Samoil” 6000 Ohrid | Directions@41.1125511,20.7987656,21 They really can deliver tasty meat on grill, tavche gravche (baked beans), shopska salad (small in size, but tasty!) and rakia. DSCN0583Staff is polite, atmosphere is good and you can enjoy the view from city square and Ohrid lake. Try: Baked beans, shopska salad, pleskavica (spiced meat patty / Balkan burger type) or kebabs, DSCN0584garlicky hot peppers (this is A MUST) DSCN0581and of course, grilled or fried trout. Pro tip: You have to ask them for onions in the shopska salad. DSCN0579Ask them without extra fries if you order grilled meat and you have already ordered fries on the side).

Pizza: Because I am a HUGE foodie and I LOVE pizza very much, it was difficult for me to  find a proper, tasty and delicious pizza in Ohrid. Everyone goes to the fancy pizza places near the lake, but they do not deliver a good pizza, let me tell you that. Thin crust, poor filling and small in size pizza its what you’ll get if you decide to sit in the restaurants near the lake. Actually, you are paying for the view that should be free, right? Instead of ordering something from the food menu, order a beer, ice cold juice or a cup of coffee, sit outside and enjoy the view for much less price. Now, when the pizza o’clock will come, go to a small pizzeria calledLa Piazza | Street: “Petar Caulev” 38, 6000 Ohrid | Directions@41.1129339,20.7988623,21 DSCN0604They make one hell of a pizza! When I found this family-run pizzeria and tried their pizza, I was so happy! Genuinely happy! I taught to myself: YEEE! Finally, a proper pizza! Staff is great, it’s cozy, you can sit on the small terrace outside or inside and you can enjoy Italian music. DSCN0534Try: Pizza Stelato,  white pizza, Siciliana, Quattro formaggi or Cream Pizza . DSCN0606 DSCN0533 DSCN0530Pro tip: If you ask for extra garlic (like I did), they will put some garlic mayo (pure garlic paste) on top of the pizza. DSCN0606They usually do not have fresh garlic, which is a bummer!

Ice cream: For those with some sweet tooth, ice cream is the way to go, especially during the hot summer nights in Ohrid. DSCN0647There are few places where you can buy ice cream, pastries and cakes, but in my onion, Malaga is the best place for ice cream. They have few flavours, but all the right ones.DSCN0535 Location: On the city square, where the pedestrian street starts. Try: Every flavour, really 🙂Pedestrian street in Ohrid

Coffee or beer: I don’t like the popular places where ever I go. I like to explore the city and choose a place that suits me and my personality and have a drink, meal or whatever. Not many places in Ohrid can give you that sense of calmness and enjoyment while you sit and enjoy the view of the beautiful lake. Lotos Cafe is a wonderful place to visit and a rare gem. DSCN0514Sit down, order a coffee of ice cold beer, relax and just breath. The staff is very nice and polite, coffee is served with a cookie and beer is served with some chips. It’s a cozy place with a extraordinary view. DSCN0645Everything is with normal and reasonable prices. Street: “Kosta Abrash” 1, 6000 Ohrid. Directions:  @41.1118442,20.7975005,20.25 Try: Anything refreshing (coffee, beer). Pro tip: If you are a regular guest, there will be some discounts or extras.

-PLACES-

(the usual tourist stuff)

  1. Church of St. SophiaDSCN0500
  2. Church of St. John at KaneoDSCN0567
  3. Plaosnik
  4. Tsar Samuel’s Fortress
  5. Museum on water – Bay of the Bones Museum
  6. Robevci House – National museumDSCN0494
  7. Monastery of Saint Naum
  8. Biljana Springs (Biljanini izvori)
  9. National Workshop for Handmade PaperDSCN0510 DSCN0511
  10. Just wander around and you will find your way 🙂DSCN0508

Have you ever been to Ohrid? What was your favorite place to visit? What did you ate? Did you tried something special? Where the locals nice and polite with you? I want to know! 🙂 Leave your comments down below.Ohrid Lake