Салата со домати и авокадо | Simple Tomato and Avocado Salad [♫The Pointer Sisters – I’m So Excited]

The Pointer Sisters – I’m So Excited

(en is below)

Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (1)Една причини (а, и единствена) заради која сакам лето е тоа што можам да јадам патлиџани кооолку ми сака душата. Во сите форми и бои, патлиџанот е мојот омилен зеленчук (или треба да кажаам овојше? 🙂 ). Салата со патлиџани и малку сиренце ми е омилениот ручек во лето. Но, кога ја пробав оваа салата со авокадо и домати… Еее, ова е вистинско уживање! Тука се вклучени моите омилени состојки и затоа оваа салата е полн погодок. Кремасто авокадо со црвено кромидче, ливчиња свеж босилек и зрели, вкусни и сочни патлиџани е комбинација на салата која едноставно мора да ја пробате. Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (0,1)

Салата со домати и авокадо

Состојки: 

  • 3 домати, исечени на тркалца
  • 1 зрело авокадо, исечено на парчиња
  • 1/2 главица црвен кромид, на тркалца
  • листови босилек
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка: Исечените зеленчуци и авокадото ставете ги во чинија. Во тегличе ставете маслиново масло, сол и бибер и измешајте. Прелијте врз салатата. Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (8)Ставете ги ливчињата босилек и уживајте во вкусот на оваа салата.Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (4)

Pinterest (click & follow my inspirational pins and boards) is my number one platform for food inspiration and recipe seeking. When I saw this salad, I was literally memorized by its beauty and simplicity. Simple salad, but with no flavor compromise. You have some creamy avo, perfectly ripe heirloom tomatoes, slices of sweet red onion and few leaves of fresh basil. Delicious! Salads are my way to go these ridiculously hot summer days in Skopje, especially for lunch. If you have any favorite salad recipe, share with me in the comment box below. Now, here is the simplest of recipes for this salad:

Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (0)Simple Tomato and Avocado Salad

Ingredients:

  • 3 tomatoes, chopped
  • 1 ripe avocado, sliced
  • 1/2 red onion
  • few basil leaves
  • salt, pepper and evoo

Prep: Arrange the tomatoes, onion and avocado on a serving platter. In a small jar, mix some evoo, salt and pepper. Drizzle the dressing on the salad and put the basil leaves in the salad. Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (2)Serve and enjoy.Салата со домати и авокадо - Simple Tomato and Avocado Salad (5)

Таљатели со јунешко рагу | Tagliatelle with veal ragù [♫Torna A Surriento – Luciano Pavarotti]

♫Torna A Surriento – Luciano Pavarotti♫

(en is below)

Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (4)Има само неколку работи кои треба да ги знаете за мене, а се поврзани со феноменалново јадење кое го направив. Прво, обожавам телешко месо. Со часови крчкано во тенџерче, со многу лук и кромид. Со тестенини, со пире од компири со варени компирчиња…Мх! Второ, секогаш одбирам рагу пред болоњезе. Големи парчиња месо, кои скоро се распаѓаат од што се дооолго крчкани, ме прават среќна 🙂 И трето, додека го пишувам овој блог пост за рагуто, истовремено и јадам од него. Секогаш ми останува јадење за следниот ден, откако ќе направам нешто за ручек, па си го складирам во пластични. Така и за ова рагу со тестенини. Ми остана малку и си го ставив во пластично на полиците од фрижидерот. Сега, како пишувам така и јадам и дури е повкусно и од вчера! Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (3)Ако сте и вие, како мене, љубител на телешко мевце со тестенини, ќе ми бидете благодарни за рецептов што го споделувам со вас. Откако ќе го направите, овој ќе ви биде основниот рецепт кога ќе посакате следен пат да направите рагу, ви гарантирам! Еве го феноменалниот рецепт:

Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (0)Таљатели со јунешко рагу

Состојки:

  • 400 грама јунешко месо (бут), исечено на коцки
  • 400 грама пелати
  • 2 главици кромид, ситно исечкани
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 морков, исечкан на парчиња
  • 1 луто пиперче, по вкус
  • 2 лажици сенф
  • сол, бибер и кајенска пиперка (во прав)

Подготовка: Исечканото месо ставете го во сад, ставете сенф и со раце убаво измешајте. Оставете да се маринира кратко во фрижидер, околу 20 минути. Во тенџере ставете маслиново масло да се загрее. На загреаното масло, ставете ги кромидот, морковот и пиперчето да се пропржат. Кога ќе фатат боја, ставете го месото и пржете додека да фати боја од сите страни. Ставете ги пелатите и прелијте со 1 литар ладна вода. Зачинете со сол, бибер, кајенска пиперка и 3 мали (или 1 голем) ловорови ливчиња. Покријте со капак и оставете да се крчка на средно-тивка температура околу 1 + 1/2 часа. По еден ипол час, ставете го ситно сечканото лукче и пак покријте со капак и продолжете да крчкате дополнителни 1 + 1/2 часа, со повремено додавање на вода (ако е потребно). Рагуто треба да биде густо. Парчињата, по желба, можете со вилушка да ги исцепкате, ама и не морате. Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (5)

Сварете таљатели или други тестенини според упатството на пакетчето. Ставете ги во рагуто, измешајте и послужете со рендан пармезан од горе (јас немав пармезан, па и без него беше прееевкусно!).Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (1)

You need to know few things about this EPIC dish I’ve made. First, I just love veal! Long braised, juicy and tender piece of veal meat is always good to cook, in my book 🙂 With loads of onion and garlic. Second, I prefer ragù over bolognese. Big and chunky meat pieces make me happy. Third, while I am writing this blog post, I am finishing my leftovers from this meal I cooked yesterday. I always have some leftovers in my fridge and with this ragù was the case too, but not always I eat what is left on the fridge shelves. When I actually eat the leftovers, that means that the dish I made previews day was goood! And this ragù was so so so (so x100) good!  If you are like me and you enjoy meat sauces (with good and quality meat, of course) you will praise my name after you make this. For sure! Alll you need is few ingredients, all of them good quality ones and extra time on your hands. After that, you will enjoy the most delicious ragù with tagliatelle that you’ve ever made and you will stick to this recipe forever, I promise you that. Here is the killer recipe:

Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (0.1)Tagliatelle with veal ragù

Ingredients:

  • 400 grams of veal rump, cut into cubes
  • 400 grams of canned pomodori pelati (peeled tomatoes)
  • 2 onions, finely chopped
  • 3 cloves of garlic, finely chopped
  • 1 carrot, diced
  • 2 tablespoons mustard
  • salt, pepper and cayenne pepper

Prep: Cut the meat, put it in a bowl, add some mustard and mix everything well. Put it in the refrigerator for 20 minutes to marinate. In a large pot, put some evoo and add the veggies (except the garlic) and cook on a medium temperature until soft. Then, add the meat and sear well to get some color. Add the one can of tomatoes, 1 litre of cold water, season with salt, pepper and cayenne, cover with a lid and let it bubble for 1+1/2 hours on a medium-low heat. Then, add the garlic, cover again and continue to cook for additional 1+1/2 hours or until the meat is fork tender. Meanwhile, add more water if needed. The consistency need to be thick.Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (4)

Cook the tagliatelle according the packet directions. When the ragu is ready, shred the meat pieces if you want. Put the pasta into the sauce and mix everything well. Serve with some parmigiano on top (I didn’t have parmigiano and even without it was DELICIOUS!!!).Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (3)

Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек | Grilled Zucchini Roll-ups with Ricotta and Basil [The Temptations – Papa Was A Rolling Stone]

♫The Temptations – Papa Was A Rolling Stone♫

(en is below)

Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (0.1)Дека сезонските зеленчуци и овошја се највкусни, ќе ви потврди и овој рецепт за грил ролнички, полнети со рикота и босилек. Понекогаш, ми здосадуват пржените тиквички со лук, маслиново, оцет и магдонос, па кога ја видов оваа идеја на интернет, веднаш решив да ја направам. Тиквички секогаш имам во фрижидер, босилек и рикота си купив и се што остана е да почнам со подготовка. Кога ги пробав и направив веднаш ми текна дека ова би било супер вкусно мезе во некое кафанче, со ладно пиво или бело ладно вино. Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (5)А, вас знам дека ќе ви се допадне. Епа, еве го и рецептот:

Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек

Состојки: 

  • 1 тиквичка, исечена на тенки и долгнавести парчиња
  • 150 грама рикота (урда, сирење, фета…)
  • неколку ливчиња свеж босилек, ситно сечкани (може и сув)
  • 1 луто пиперче, ситно сечкано, по вкус
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка: Со помош на мандолина или многу остар нож, исечете ја тиквичката надолжно и тенко. Намачкајте го секое парче со маслиново масло и испечете ги сите на грил тавче или на обично тавче, ако немате грил. Во сад ставете ги рикотата, бсилекот, лутото пиперче, зачинете со сол, бибер и маслиново масло. Измешајте убаво. Со оваа смеса полнете ги долгите парчиња тиквици и виткајте ги како ролатчиња. Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (3)Наредете ги на чинија и нека ви се наздравје.Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (6)

Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (0)

Seasonal vegetables and fruits are without doubt the tastiest and this dish proves that statement. Sometimes, I am fed up with the regular fried zucchini with oil, vinegar, parsley and garlic, but when I saw this recipe on the web, I was instantly inspired and decided to make it. I always have zucchini at home, so I bought some ricotta and fresh basil and made these yummy gems. Immediately, when I tried them, I tough to myself what a lovely mezze this would be in some taverna in Skopje or anywhere, really. Easy to make, tasty and so appealing, I am 100% sure that you’ll like this idea. Here is the recipe:Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (1)

Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil

Ingredients:

  • 1 zucchini, sliced lengthwise
  • 150 grams of ricotta
  • few basil leaves
  • salt, pepper
  • 1 hot chili pepper, chopped
  • evoo

Prep: Slice the zucchini lengthwise, brush the pieces with some evoo and grill them on a grill or regular pan. In a large mixing bowl, add the ricotta, chili, salt, peppers, basil and drizzle some evoo. Mix and start filling each piece of zucchini. Roll each zucchini and serve on a plate. Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (4)Enjoy with ice cold beer or a glass of cold white wine.Grilled zucchini roll-ups with ricotta and basil - Грил ролнички од тиквица со рикота и босилек (7)

Simple Tomato and Feta Cheese Salad | Салата со домати и фета сирење [♫Zoran Madzirov – Opa iha]

♫Zoran Madzirov – Opa iha♫

(en is below)

Simple Tomato and Feta Cheese Salad - Салата со домати и фета сирење (3)

За мене, во лето нема ништо повкусно од патлиџани! И тоа оние со розева лушпа. Ги купувам секој ден, а ги јадам во огромни количини. Сочни, сочни и совршени за во салата. Баба ми која живее во село, сади домати од старо семе. Порано, кога ќе се набереа и последните патлиџани, дедо ми ќе зачуваше неколку и многу внимателно им ги вадеше семчињата за да ги посади баба ми и следната година. Ги сушеше на салфетка и многу грижливо ги чуваше. Така, секоја година имаше од најубавите патлиџани на баба ми во нивната мини градина. Тие патлиџани, непрскани и природни, се јадат само со сол и верувајте, нешто повкусно од тоа нема! Затоа, кога одам на пазар, купувам само патлиџани од постари баби и дедовци, кои продаваат по неколку килограми зеленчук надвор од пазарот.

Оваа салата која ја направив додека бев на работа, беше мојот ручек. Кога се големи горештини во Скопје, се што ми треба за ручек е салата. Само тоа. Голема салата со сочни патлиџани, сиренце и маслиново масло. Сакав да ја споделам со вас само за да ви раскажам на кратко за моите сеќавања за најубавите патлиџани на баба ми и дедо ми во с. Петровец.

Салата со домати и фета сирење

Состојки: 

  • 3 домати (по можност розеви)
  • 100 грама фета сирење
  • за дресинг: 3 лажици маслиново масло, 1 лажица вински оцет, сол и бибер
  • кромид, по желба

Подготовка: Во длабок сад се сечат доматите. Се става кромидче. Фета сирењето се сече и се става во доматите. Се прави дресингот и се прелева врз салатата. Сето се меша и се јаде 🙂

Simple Tomato and Feta Cheese Salad - Салата со домати и фета сирење (2)

Where even to start this blog post and not be boring for mentioning the word tomato all the time? 🙂 I LOVE tomatoes! I just can not imagine life without them. Especially the heirloom tomatoes. All shape and sizes, but mostly the ones that are organic and straight from the farm. My grandma, who is living in a village near Skopje (Petrovec) grew tomatoes from her own old seeds. I remember, my granddad, every summer, would keep few tomatoes, take out the seeds and very carefully lay them out on a napkin, keeping the seeds for the next year so my grandma could plant them again. Those were the best tomatoes that I’ve ever eaten. Different shape and sizes, juicy and so sweet. Straight from the garden to our table. Those tomatoes are best to be eaten only with salt. Nothing else. That is why I am a bit picky when I buy tomatoes. I always buy them on farmer’s market, specifically from the older people outside the farmer’s market who are selling few kilos of fruits and vegetables.

This salad I made was the only thing I needed while I was at work. I bought some tomatoes at the farmer’s market and I only wanted big and juicy salad with cheese for lunch. Even though is a simple salad to make, I just wanted to share my beautiful memories with you about my grandparents.

Simple Tomato and Feta Cheese Salad

Ingredients: 

  • 3 ripe heirloom tomatoes
  • 100 grams of feta cheese
  • red onion, sliced (optional)
  • dressing: 3 tablespoons evoo, 1 tablespoon red wine vinegar, salt and pepper

Prep: In a big bowl, chop the tomatoes. Add some onion slices. Chop the feta and add it in the bowl. Combine all the ingredients for the dressing and add the dressing to the salad. Stir everything and enjoy 🙂Simple Tomato and Feta Cheese Salad - Салата со домати и фета сирење (1)

Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives | Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер [♫Boston-More Than A Feeling]

♫Boston-More Than A Feeling♫

(en is below)

Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (7)Ако ви кажам дека инспирација за оваа тајландска супа ми беше коријандерот кој го купив на пазарче, можеби ќе ми се смеете но, мене ми беше многу мака додека да го пронајдам местото каде го продаваат. Можеби заради слаба побарувачка го нема во супермакетите, но коријандерот има толку специфичен вкус што мислам дека секој треба да го проба. И така, си купив еден врзоп коријандер и веднаш ми дојде на идеја да ја направам оваа тајландска супа со пилешко и коријандер. Освен тоа, сакав да ги пробам и закиселените никлуци кои ги најдов во маркет, па се тоа заедно ми се виде како одлична идеја во мојата глава. И верувајте беше превкусно! Иако беше топол скопски ден, јас едноставно не можам да им одолеам на супите и чорбите, па така, оваа ми дојде одлично на душата и телото. Плус, секогаш наоѓам некакви оправдувања да јадам со стапчиња, па ова ми беше совршена прилика уште малку да се извежбам 🙂 Ако сакате да ја направите оваа многу вкусна и лесна тајландска супа, еве го мојот рецепт за неа:

Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (3)Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер

Состојки: 

  • 1 парче пилешки гради (свежо), сварено
  • 1 пакетче нудлс + пакетчето со зачин
  • 1 морков, исечкан на коцки
  • 1 кромид, исечкан на парчиња
  • 2 млади кромидчиња, ситно исечкани
  • 150 грама свежи шампињони, исечени на парчиња
  • 50 грама никулци (јас користев закиселени)
  • 3-4 чешниња лук, исечкани
  • листови коријандер
  • влашец
  • сок од еден лимон
  • сол и бибер

Подготовка: Во тенџерче, ставете малку маслиново масло да се загрее. На загреаното масло ставете го кромидот (стар) да се пропржи. Додадете ги морковите и печурките и пржете кратко, додека да омекнат. Ставете околу 400 мл вода и оставете да крчка 10 минути. Потоа, додадете ги нудлс, пакетчето со зачини, младото кромидче и лукчето. Покријте со капак и оставете да се сварат нудлсот. Претходно сварените пилешки гради исцепкајте ги и ставете ги во супата. Зачинете со сол, бибер, чили масло, коријандер и сок од еден лимон (или по вкус). Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (3)Се убаво измешајте и сервирајте во чинија. Од горе ставете уште малку коријандер, никулци, влашец, лимон и чили пиперче.Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (2)

Thai cuisine is one of my favorite. In one bowl, you can experience so much flavours, textures and different ingredients. I love soups and stews with all different things inside – noodles, meat, veggies, many toppings and condiments. If the soup is spicy too, oh man! We have a winner! 😀 Few weeks ago, I decided to make this yummy soup all because I had fresh coriander on hand. Actually, I bought one bunch of coriander at the farmer’s market and I was so excited (coriander is not usually sold in the fresh section of our supermarkets, because of the low demand, I suppose) so the first thing that came on my mind was this Thai chicken noodle soup I saw on Pinterest. Also, I bought pickled sprouts and all came together in my head perfectly. Even though is was a hot week day in Skopje, this soup was so soothing to my soul and my body. Also, I always find excuses to eat with chopsticks so… 😀 Here is my recipe for warm, lovely and very very tasty Thai chicken noodle soup with coriander, chili oil and sprouts:Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (6)

Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives

Ingredients: 

  • 1 chicken breast, poached
  • 200 grams of noodles + seasoning packet
  • 1 carrot, diced
  • 1 onion, chopped
  • 2 spring onions, chopped
  • 3-4 garlic cloves, chopped
  • 150 grams of fresh mushrooms (I used champignons)
  • 50 grams of sprouts (I used pickled ones)
  • coriander
  • chives
  • juice of 1 lemon
  • salt, pepper, chili oil (or pepper)

Prep: First, poach the chicken. In a large pot, put some evoo. Add the onions and carrot. Cook until tender. Add the mushrooms and cook until they are crispy. Add 400 ml of water add the noodles, packet of seasoning, spring onions and garlic. Mix and cook covered with a lid for about 5 minutes. Add the shredded chicken breast, some chopped coriander, chives, chili oil (or peppers) lemon juice and season with salt and pepper. Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (4)Stir and serve in a warm bowl with some more coriander, chives, lemon, chili and sprouts on top.Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (1)

Summer Rolls with Raw Vegetables | Летни оризови ролнички со свеж зеленчук [♫Calvin Harris – Summer]

♫Calvin Harris – Summer♫

(en is below)

За мене, нема поубав оброк во лето од ова. Пред две години, кога прв пат купив оризови листови, бев воодушевена од вкусот и начините за нивна подготовка. Вообичаено ги полнам со многу свеж зеленчук и сос од соја и лукче, но може да си ги филувате по ваш вкус. Секако, пофино би било ако се што е можно посвежо наполнети, затоа што оризовите листови се тенки и многу делиткатни, па потежок фил би било премногу. Ако сакате да се спасите (буквално!) од горештините со некој лесен, брз, вкусен, освежителен и летен ручек, топло ви го препорачувам мојот рецепт за летни оризови ролнички полнети со многу свеж зеленчук и многу вкусен дипинг сос со соја и лукче.

Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (9)Летни оризови ролнички со свеж зеленчук

Состојки: 

  • 1 пакување оризови листови
  • зеленчук по желба (морков, млад кромид, краставичка, кромид, црвена зелка, зелена зелка, пиперка, ајсберг) исечени на долгнавести парчиња
  • дипинг сос: 3 лажици маслиново, 1 лажица балсамико, 1 лажица соја сос, печен сусам, 1 чили пиперче и бибер

Подготовка: Прво, зелечнукот исечете го на долгнавести парчиња. Секој оризов лист, еден по еден, ставете го во широк сад со топла вода. Со раце, потопете го додека да омекне и да стане скоро проѕирен. Омекнатиот оризов лист ставете го на даска за сечење и почнете да го полните со зеленчукот, во средината. Потоа, завиткајте го како сармичка. Пресечете ги на половина и сервирајте ги во чинија. Направете го дресингот така што сите состојки ќе ги измешате во мала тегличка. Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (6)Пробајте на вкус и сервирајте во мал сад со печен сусам од горе.

When I first discovered rice sheets, I was literally amazed! Don’t find my amazingness strange – here, in Skopje things that are regular and usual for most of you, for us are like gems – rare and precious 😀 Like these rice paper sheets, for example. I found them in our supermarkets in Skopje, two year ago and I fell in love with them. They make one easy, fresh and fast summer lunch. I filled them with lot of fresh veggies and made one yummy soy sauce and garlic dipping sauce. These rainbow summer rolls were wonderful, especially eaten during the hot-hot-hot summer days in Skopje. If you want to know how I made them, here is the recipe: Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (8)


Summer Rolls with Raw Vegetables

Ingredients: 

  • 1 packet of rice sheets for rice rolls
  • vegetables of your choice (cabbage purple / green, spring onion, onion, peppers, iceberg lettuce, carrot, cucumber, avocado) sliced like matchsticks
  • dressing: 3 tablespoons evoo, 1 tablespoon soy sauce, 1 tablespoon balsamic, 1 chili pepper, 1 garlic clove, pepper, sesame seeds

Prep:  Wash, dry and cut your vegetable into matchsticks. Soak each rice paper in a warm water for 30 seconds until almost soft. Put each rice paper on a cutting board and start filling the middle of the rice paper. Roll like dolma. Set aside and continue with filling the rest. Cut them in half and serve them. Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (2)In a small jar, combine all the ingredients for the dressing. Shake and transfer into a serving bowl.Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (5)

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado | Салата со зеленчук на скара и авокадо [♫Men At Work – Who Can It Be Now?]

♫Men At Work – Who Can It Be Now?♫

(en is below)

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (1)Понекогаш (иако ретко) сакам да јадам некој период свежа и помалку термички преработена храна. Свежите овошје и зеленчук ми се омилени кога ги јадам само така, особено кога се во сезона. Се трудам да купувам (скоро) секогаш органски, непрскани, зеленчуци, но кога од брзање купувам зеленчуци во маркетите, задолжително ги потопувам некое време во вода со сода.

На организмот му треба пауза од сите јадења кои ги внесуваме секојдневно, па затоа оваа салата која си ја направив одлично му дојде на мојот организам. Зеленчукот на скара има посебен вкус, а особено кога топлите зеленчуци ќе се прелијат со некој убав дресинг, е тогаш е вистинско уживање. Оваа салата со зеленчук на скара има се и повеќе од тоа. Здравје во чинија. Лесен, но превкусен оброк кој треба да си го направите. Еве го рецептот: Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (4)

Салата со зеленчук на скара и авокадо

Состојки (количина по желба): 

  • тиквици, на тркалца
  • модар патлиџан, на тркалца
  • млад кромид
  • печурки
  • домати
  • пиперки
  • авокадо, исечено на долги парчиња
  • јајце, тврдо варено

Подготовка: Зеленчуците измијте ги убаво и исушете ги. Испечете ги на скара. Во сад за салата наредете ги, ставете ги јајцето и авокадото и прелијте со дресинг по желба (идеа за дресинг: маслиново, лимонов сок, сол, бибер и малку чили во прав).

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (9)

Sometimes, I crave for veggies. Raw, steamed or grilled vegetables. I kill my guilt of eating to much junk food with a bowl of salad. Hearty salad, to be precise.  Even though I (almost) always try to buy organic vegetables and fruits, when I am in a hurry or can not afford something, I always soak the veggies and fruits in a bowl of water with some sodium bicarbonate. It’s an excellent way to get rid of nasty pesticide. There you go, a quick and easy tip from me to you.

Back to the salad. This salad I made was very tasty and easy to make. I needed some kind of easy meal, full of good fats and I decides to make this salad. I had all ingredients in my fridge, I grilled them and voilà! The best grilled salad bowl you will make. With some vinaigrette on top and you will have a delightful, healthy and rich with good fats salad that will fill your belly. Here is how you can make it: Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (6)

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado

Ingredients (quantity is your choice):

  • zucchini
  • eggplant
  • spring onion
  • mushrooms
  • tomatoes
  • peppers
  • avocado
  • an egg (soft or hard boiled)

Prep: Wash and dry your vegetables. Put them on a grill until they are nicely charred. When they are ready, assemble the salad. In a salad bowl, arrange all your grilled vegetables, add some avocado and the egg. Drizzle with some vinaigrette and serve. Here is an idea for vinaigrette: evoo, lemon juice, salt, pepper and chili flakes. Enjoy!Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (8)