Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado | Салата со зеленчук на скара и авокадо [♫Men At Work – Who Can It Be Now?]

♫Men At Work – Who Can It Be Now?♫

(en is below)

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (1)Понекогаш (иако ретко) сакам да јадам некој период свежа и помалку термички преработена храна. Свежите овошје и зеленчук ми се омилени кога ги јадам само така, особено кога се во сезона. Се трудам да купувам (скоро) секогаш органски, непрскани, зеленчуци, но кога од брзање купувам зеленчуци во маркетите, задолжително ги потопувам некое време во вода со сода.

На организмот му треба пауза од сите јадења кои ги внесуваме секојдневно, па затоа оваа салата која си ја направив одлично му дојде на мојот организам. Зеленчукот на скара има посебен вкус, а особено кога топлите зеленчуци ќе се прелијат со некој убав дресинг, е тогаш е вистинско уживање. Оваа салата со зеленчук на скара има се и повеќе од тоа. Здравје во чинија. Лесен, но превкусен оброк кој треба да си го направите. Еве го рецептот: Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (4)

Салата со зеленчук на скара и авокадо

Состојки (количина по желба): 

  • тиквици, на тркалца
  • модар патлиџан, на тркалца
  • млад кромид
  • печурки
  • домати
  • пиперки
  • авокадо, исечено на долги парчиња
  • јајце, тврдо варено

Подготовка: Зеленчуците измијте ги убаво и исушете ги. Испечете ги на скара. Во сад за салата наредете ги, ставете ги јајцето и авокадото и прелијте со дресинг по желба (идеа за дресинг: маслиново, лимонов сок, сол, бибер и малку чили во прав).

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (9)

Sometimes, I crave for veggies. Raw, steamed or grilled vegetables. I kill my guilt of eating to much junk food with a bowl of salad. Hearty salad, to be precise.  Even though I (almost) always try to buy organic vegetables and fruits, when I am in a hurry or can not afford something, I always soak the veggies and fruits in a bowl of water with some sodium bicarbonate. It’s an excellent way to get rid of nasty pesticide. There you go, a quick and easy tip from me to you.

Back to the salad. This salad I made was very tasty and easy to make. I needed some kind of easy meal, full of good fats and I decides to make this salad. I had all ingredients in my fridge, I grilled them and voilà! The best grilled salad bowl you will make. With some vinaigrette on top and you will have a delightful, healthy and rich with good fats salad that will fill your belly. Here is how you can make it: Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (6)

Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado

Ingredients (quantity is your choice):

  • zucchini
  • eggplant
  • spring onion
  • mushrooms
  • tomatoes
  • peppers
  • avocado
  • an egg (soft or hard boiled)

Prep: Wash and dry your vegetables. Put them on a grill until they are nicely charred. When they are ready, assemble the salad. In a salad bowl, arrange all your grilled vegetables, add some avocado and the egg. Drizzle with some vinaigrette and serve. Here is an idea for vinaigrette: evoo, lemon juice, salt, pepper and chili flakes. Enjoy!Grilled Veggie Salad Bowl with Avocado - Салата со зеленчук на скара и авокадо (8)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s