Simple Tomato and Feta Cheese Salad | Салата со домати и фета сирење [♫Zoran Madzirov – Opa iha]

♫Zoran Madzirov – Opa iha♫

(en is below)

Simple Tomato and Feta Cheese Salad - Салата со домати и фета сирење (3)

За мене, во лето нема ништо повкусно од патлиџани! И тоа оние со розева лушпа. Ги купувам секој ден, а ги јадам во огромни количини. Сочни, сочни и совршени за во салата. Баба ми која живее во село, сади домати од старо семе. Порано, кога ќе се набереа и последните патлиџани, дедо ми ќе зачуваше неколку и многу внимателно им ги вадеше семчињата за да ги посади баба ми и следната година. Ги сушеше на салфетка и многу грижливо ги чуваше. Така, секоја година имаше од најубавите патлиџани на баба ми во нивната мини градина. Тие патлиџани, непрскани и природни, се јадат само со сол и верувајте, нешто повкусно од тоа нема! Затоа, кога одам на пазар, купувам само патлиџани од постари баби и дедовци, кои продаваат по неколку килограми зеленчук надвор од пазарот.

Оваа салата која ја направив додека бев на работа, беше мојот ручек. Кога се големи горештини во Скопје, се што ми треба за ручек е салата. Само тоа. Голема салата со сочни патлиџани, сиренце и маслиново масло. Сакав да ја споделам со вас само за да ви раскажам на кратко за моите сеќавања за најубавите патлиџани на баба ми и дедо ми во с. Петровец.

Салата со домати и фета сирење

Состојки: 

  • 3 домати (по можност розеви)
  • 100 грама фета сирење
  • за дресинг: 3 лажици маслиново масло, 1 лажица вински оцет, сол и бибер
  • кромид, по желба

Подготовка: Во длабок сад се сечат доматите. Се става кромидче. Фета сирењето се сече и се става во доматите. Се прави дресингот и се прелева врз салатата. Сето се меша и се јаде 🙂

Simple Tomato and Feta Cheese Salad - Салата со домати и фета сирење (2)

Where even to start this blog post and not be boring for mentioning the word tomato all the time? 🙂 I LOVE tomatoes! I just can not imagine life without them. Especially the heirloom tomatoes. All shape and sizes, but mostly the ones that are organic and straight from the farm. My grandma, who is living in a village near Skopje (Petrovec) grew tomatoes from her own old seeds. I remember, my granddad, every summer, would keep few tomatoes, take out the seeds and very carefully lay them out on a napkin, keeping the seeds for the next year so my grandma could plant them again. Those were the best tomatoes that I’ve ever eaten. Different shape and sizes, juicy and so sweet. Straight from the garden to our table. Those tomatoes are best to be eaten only with salt. Nothing else. That is why I am a bit picky when I buy tomatoes. I always buy them on farmer’s market, specifically from the older people outside the farmer’s market who are selling few kilos of fruits and vegetables.

This salad I made was the only thing I needed while I was at work. I bought some tomatoes at the farmer’s market and I only wanted big and juicy salad with cheese for lunch. Even though is a simple salad to make, I just wanted to share my beautiful memories with you about my grandparents.

Simple Tomato and Feta Cheese Salad

Ingredients: 

  • 3 ripe heirloom tomatoes
  • 100 grams of feta cheese
  • red onion, sliced (optional)
  • dressing: 3 tablespoons evoo, 1 tablespoon red wine vinegar, salt and pepper

Prep: In a big bowl, chop the tomatoes. Add some onion slices. Chop the feta and add it in the bowl. Combine all the ingredients for the dressing and add the dressing to the salad. Stir everything and enjoy 🙂Simple Tomato and Feta Cheese Salad - Салата со домати и фета сирење (1)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s