Таљатели со јунешко рагу | Tagliatelle with veal ragù [♫Torna A Surriento – Luciano Pavarotti]

♫Torna A Surriento – Luciano Pavarotti♫

(en is below)

Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (4)Има само неколку работи кои треба да ги знаете за мене, а се поврзани со феноменалново јадење кое го направив. Прво, обожавам телешко месо. Со часови крчкано во тенџерче, со многу лук и кромид. Со тестенини, со пире од компири со варени компирчиња…Мх! Второ, секогаш одбирам рагу пред болоњезе. Големи парчиња месо, кои скоро се распаѓаат од што се дооолго крчкани, ме прават среќна 🙂 И трето, додека го пишувам овој блог пост за рагуто, истовремено и јадам од него. Секогаш ми останува јадење за следниот ден, откако ќе направам нешто за ручек, па си го складирам во пластични. Така и за ова рагу со тестенини. Ми остана малку и си го ставив во пластично на полиците од фрижидерот. Сега, како пишувам така и јадам и дури е повкусно и од вчера! Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (3)Ако сте и вие, како мене, љубител на телешко мевце со тестенини, ќе ми бидете благодарни за рецептов што го споделувам со вас. Откако ќе го направите, овој ќе ви биде основниот рецепт кога ќе посакате следен пат да направите рагу, ви гарантирам! Еве го феноменалниот рецепт:

Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (0)Таљатели со јунешко рагу

Состојки:

  • 400 грама јунешко месо (бут), исечено на коцки
  • 400 грама пелати
  • 2 главици кромид, ситно исечкани
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 морков, исечкан на парчиња
  • 1 луто пиперче, по вкус
  • 2 лажици сенф
  • сол, бибер и кајенска пиперка (во прав)

Подготовка: Исечканото месо ставете го во сад, ставете сенф и со раце убаво измешајте. Оставете да се маринира кратко во фрижидер, околу 20 минути. Во тенџере ставете маслиново масло да се загрее. На загреаното масло, ставете ги кромидот, морковот и пиперчето да се пропржат. Кога ќе фатат боја, ставете го месото и пржете додека да фати боја од сите страни. Ставете ги пелатите и прелијте со 1 литар ладна вода. Зачинете со сол, бибер, кајенска пиперка и 3 мали (или 1 голем) ловорови ливчиња. Покријте со капак и оставете да се крчка на средно-тивка температура околу 1 + 1/2 часа. По еден ипол час, ставете го ситно сечканото лукче и пак покријте со капак и продолжете да крчкате дополнителни 1 + 1/2 часа, со повремено додавање на вода (ако е потребно). Рагуто треба да биде густо. Парчињата, по желба, можете со вилушка да ги исцепкате, ама и не морате. Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (5)

Сварете таљатели или други тестенини според упатството на пакетчето. Ставете ги во рагуто, измешајте и послужете со рендан пармезан од горе (јас немав пармезан, па и без него беше прееевкусно!).Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (1)

You need to know few things about this EPIC dish I’ve made. First, I just love veal! Long braised, juicy and tender piece of veal meat is always good to cook, in my book 🙂 With loads of onion and garlic. Second, I prefer ragù over bolognese. Big and chunky meat pieces make me happy. Third, while I am writing this blog post, I am finishing my leftovers from this meal I cooked yesterday. I always have some leftovers in my fridge and with this ragù was the case too, but not always I eat what is left on the fridge shelves. When I actually eat the leftovers, that means that the dish I made previews day was goood! And this ragù was so so so (so x100) good!  If you are like me and you enjoy meat sauces (with good and quality meat, of course) you will praise my name after you make this. For sure! Alll you need is few ingredients, all of them good quality ones and extra time on your hands. After that, you will enjoy the most delicious ragù with tagliatelle that you’ve ever made and you will stick to this recipe forever, I promise you that. Here is the killer recipe:

Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (0.1)Tagliatelle with veal ragù

Ingredients:

  • 400 grams of veal rump, cut into cubes
  • 400 grams of canned pomodori pelati (peeled tomatoes)
  • 2 onions, finely chopped
  • 3 cloves of garlic, finely chopped
  • 1 carrot, diced
  • 2 tablespoons mustard
  • salt, pepper and cayenne pepper

Prep: Cut the meat, put it in a bowl, add some mustard and mix everything well. Put it in the refrigerator for 20 minutes to marinate. In a large pot, put some evoo and add the veggies (except the garlic) and cook on a medium temperature until soft. Then, add the meat and sear well to get some color. Add the one can of tomatoes, 1 litre of cold water, season with salt, pepper and cayenne, cover with a lid and let it bubble for 1+1/2 hours on a medium-low heat. Then, add the garlic, cover again and continue to cook for additional 1+1/2 hours or until the meat is fork tender. Meanwhile, add more water if needed. The consistency need to be thick.Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (4)

Cook the tagliatelle according the packet directions. When the ragu is ready, shred the meat pieces if you want. Put the pasta into the sauce and mix everything well. Serve with some parmigiano on top (I didn’t have parmigiano and even without it was DELICIOUS!!!).Таљатели со јунешко рагу - Tagliatelle with veal ragù (3)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s