Шпагети со туна и доматен сос | Pasta with Tuna and Tomato Sauce [♫Gloria Gaynor – I Will Survive]

♫Gloria Gaynor – I Will Survive♫

(en is below)

Шпагети со туна и доматен сос  - Pasta with Tuna and Tomato Sauce (4)Секогаш се трудам да јадам што е можно повеќе свежи состојки, месо, риба, зеленчук и овошје. Но, сакам да имам и практични состојки во кујната како што се туна конзерва, пелати, црвен грав и пченка. Тоа е речиси се што купувам (ретко и понекогаш) во конзерва. Едноставни, евтини и многу практични продукти од кои може да се направи супер здраво и брзо јадење. Еве како на пример овие тестенини може да ги направите за 30 минути, ако сте како мене и ги имате овие состојки веќе дома. Ако сакате, нормално, може да ставите и свежа, испечена туна, сум пробала јас и така, но ова е јадење кое навистина често го правам баш од причина што е брзо, достапно и многу вкусно. Еве го и рецептот:

Шпагети со туна и доматен сос  - Pasta with Tuna and Tomato Sauce (0.1)Шпагети со туна и доматен сос

Состојки: 

  • 1 пакетче тестенини
  • 2 конзерви туна во вода (или свежа туна, испечена)
  • 1 конзерва пелати, сечкани
  • 1 главица кромид, ситно исечкан
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче оригано
  • сол, бибер и маслиново масло

Подготовка: Во тавче за пржење, ставете малку маслиново масло да се загрее. На маслото пропржете ги лукчето и кромидот. Кога ќе омекнат, додадете ги пелатите, ставете шеќер, сол и оригано. Покријте со капак и оставете сосот да се крчка додека да се згусне малку, околу 15 минути. За тоа време, сварете ги тестенините. Кога сосот ќе биде згуснтат, ставете ги двете конзерви туна (претходно исцедени од течноста) и промешајте пополека, да останат парчиња туна. Кога тестенините ќе бидат сварени, измешајте ги со сосот или послужете го сосот врз сварените тестенини во чинија. Шпагети со туна и доматен сос  - Pasta with Tuna and Tomato Sauce (3)

We can all agree that tuna in a can is one of the most convenient foods you can buy/have in your kitchen. Also, canned tomatoes. That, for me, is a staple in the kitchen. Even though I always buy daily groceries (fresh fruit, veggies) I always want to have quick and easy things (that often come in a can) on hand. Beans, tuna, tomatoes, sweet corn is everything I buy out of canned goods and they are really handy in the kitchen. for example, you can make this yummy dish in less than 30 minutes if you have tuna in a can and tomato sauce. Easy-peasy.  I cook this meal every time I am in a hurry and it always satisfies me. Here is my recipe:

Шпагети со туна и доматен сос  - Pasta with Tuna and Tomato Sauce (0)Pasta with Tuna and Tomato Sauce

Ingredients:

  • 1 packet of pasta of your choice
  • 2 cans of tuna in water, drained (or fresh)
  • 1 can of tomatoes
  • 1 onion, chopped
  • 2 garlic cloves, chopped
  • 1 teaspoon of sugar
  • 1 teaspoon oregano
  • salt, pepper and evoo

Prep: In a pan, heat some evoo. Add the garlic and onion and fry until translucent. Add the tuna and stir (but not vigorously, you don’t want to break the tuna completely).  Add the tomatoes and season with sugar, salt, pepper and oregano. Let this sauce bubble nicely until it thicken. Meanwhile, cook the pasta according the packet directions. Add the cooked pasta into the sauce or pour the sauce on the pasta in the dish.Шпагети со туна и доматен сос  - Pasta with Tuna and Tomato Sauce (8)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s