Суши со зеленчук | Veggie Sushi [♫Alannah Myles – Black Velvet]

♫Alannah Myles – Black Velvet♫

(en is below)

Прв пат пробав суши во Шведска. Беше вистински life changer за мене во поглед на тоа како светската храна изгледа. Еве ви слика, да ви доловам како изгледаше па после ќе продолжиме: sushi-plate

Ааа?! Пуффф! Ова беше нешто фемоменално! Лососот беше толку мек, што просто се распаѓаше во уста. Оризот беше вкусен и совршено се двоеше на зрнца. Оваа чинија беше т.н чинија суши за почетници. Оттогаш, постојано сум во потрага по добро суши. Последно патување ми беше во Белград и таму си купив суши:

sushi-belgrade

Во Скопје, сум слушнала дека во Сушико прават квалитетно, добро и вкусно суши, но цените им се тооолку нереални и високи што не сум отишла до сега никогаш. Во поглед на свежата риба, свеж лосос набавуваат само најквалитетните ресторани во Скопје. А, бидејќи и мојата желба за риба и месо изминативе две месеци е слаба (некој микс сум периодов од веган и вегетаријанец), затоа решив да го рекреирам моето искуство во Шведска и да си направам суши ама веганско ^_^  Трикот е во совршено сварен ориз (види долу како) и тоа е! Имате суши!

Пс. Ако најдете некаде wild salmon, обавезно купете го, исечете го многу тенко (како на сликата) и ставете го во сушито 🙂 Тоа не се пропушта!

Суши со зеленчук | Veggie SushiСуши со зеленчук

Состојки:

  • 2 шолји ориз, сварен (1:1)
  • прелив за ориз (2 лажици оцет, 1 лажиче шеќер, 1/2 лажиче сол)
  • листови нори алга
  • зеленчук по желба (краставица, морков, печурки, млад кромид, зелка, авокадо)

Подготовка: Прво, подгответе го оризот. Две шолји ориз убаво измијте ги под млаз ладна вода додека не излезе скробот од нив. Ставете го оризот во тенџерче, налејте 2 шолји ладна вода и оставете да се вари на средна температура. Кога оризот ќе биде сварен, ставајте малку по малку од преливот со оцет, шеќер и сол врз топлиот ориз и со лажица мешајте пополека за да не се раздробат оризовите зрна. Ставете го оризот во широк сад за да се олади.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Подгответе ги зеленчуците. Измијте ги и исечкајте ги на мали стапчиња. Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Земете еден лист нори алга и свртете ја од рапавата страна. Ставете слој ориз (имајте и чинивче со вода додека го ставате оризот, затоа што многу се лепи), врз него наредете зеленчуци и внимателно свиткајте во ролат. На краевите ставете малку вода за да се залепи алгата една со друга. Со остар нож пресечете парчиња. Послужете со соја сос.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

First time I tried sushi in Sweden. We were visiting friends and family and Pia introduced us to one very cute place in Stockholm (i don’t remember the name). We ordered “sushi for beginners” along with some miso soup. I immediately, I fell in love with the sushi! Sushi Stockholm

From that moment on, I am in a constant search of sushi wherever I go. My last trip was in Belgrade and I ordered sushi to go and it was yummy, too.

sushi-belgrade

Here in Skopje, fresh salmon is bought by fancy restaurants. In the supermarkets, you can rarely find good, quality salmon, and wild salmon I don’t think it exist here. There is one sushi place in Skopje where (as they say) make good quality sushi, but because it is too expensive, I have never been there. Also, theses few months, I don’t eat much meat, fish and diary (just a period, nothing serious 🙂 )and that is why I decided to indulge myself in a vegan sushi ^_^ Here is my recipe and the method of preparing:

Ps. If you have wild salmon where you live, buy it and put it in the sushi! Life changer!

Суши со зеленчук | Veggie Sushi
Veggie Sushi

Ingredients:

  • 2 cups rice (cooked with ratio 1:1)
  • rice seasoning (2 tablespoons rice vinegar, 1 teaspoon sugar, 1/2 teaspoon salt)
  • nori sheets
  • vegetables of choice (mushrooms, cucumber, avocado, spring onion, carrot)

Prep: First, rinse the rice very well from the starch under cold running water. Put the rice in a pan, cover with 2 cups of cold water and cook for 25-30 minutes or until the rice is cooked al dente. When the rice is cooked, pour tablespoon at a time from the rice seasoning and stir carefully. Transfer the rice in a shallow dish to cool down.

Chop the vegetables in matches.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

On the rough surface of nori, spread some rice (tip: have some water aside, because the rice sticks to the hands), arrange some vegetables and roll out. Slice the roll with a sharp knife. Serve with soy sauce.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut [♫Prince – Purple Rain]

♫Prince – Purple Rain♫

(en is below)

Ставање зелка во буриња и правење на салата резанац (sauerkraut) е балканска традиција која моите родители ја негуваат откако знам за себе. Еве доказ за фамилијарна подготовка на резанац 🙂 Резанац (1)Во Македонија, речиси сите домаќинства ставаат зелка во буриња за сарми, салати и други зимски јадења, а некои подготуваат и салата резанац, ама тоа пред да стават зелка во буриња. Киселата зелка е пребогата со природен пробиотик кој е одличен за вашето тело. Јас сакам кисели јадења, па затоа ова ми е една од омилените салати во зима.

Оваа година решив да си направам неколку тегли, за своја душа, резанац и тоа од бела и црвена зелка. Лично, резанацот од црвена зелка повеќе ми се допадна (само заради бојата 🙂 )но, и со бела зелка беше исто толку успешен и вкусен. Правењето кисела зелка дома е толку практично, евтино и брзо.

Ако не сте правеле до сега кисела зелка, еве го мојот рецепт:

Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (6)Кисела зелка во тегла

Состојки:

  • 1 голема зелка или 2 помали
  • 1 лажица сол

Подготовка: Во длабок сад, ситно исечкајте ја зелката. Јас ја рендав на мандолина, а вие можете и со нож – како ви е најзгодно. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (2)Ставете една рамна лажица сол и со раце втријте ја солта во зелката додека таа да омекне и да пушти сопствена течност. Теглата убаво измијте ја и исушете ја во рерна на 100 Целзиусови степени, заедно со капакот. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (1)Полнете ја теглата со зелката по малку и со толчник пристискајте за да излезе водата на површина. Теглата мора да се наполни со течноста од зелката.Кисела зелка во тегла | Cabbage Sauerkraut (0)

Кога ќе ја наполните теглата до крај, мора да има течност на врвот од теглата. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (5)Ставете еден лист од зелката. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (3)Покријте ја теглата со газа и ставете ластиче. Ставете ја да ферментира во фрижидер. Зелката е готова за јадење по 3 до 6 недели ферментација во фрижидер или на ладно место.

When life gives you cabbage, make a sauerkraut. That’s the number one rule in my cookbook 😀 Homemade sauerkraut is life changing, trust me. Those natural probiotics that sauerkraut has are my favourite ones. My parents prepare sauerkraut (rezanac) every year, along with the traditional cabbage pickling in barrels and that is a tradition that almost all Macedonian people do before the cold winter season starts. I love eating sauerkraut. It is so convenient, beneficial for your body and health, easy to make and it so cheap if you decide to make it at home.

This year I decided to make two types of sauerkraut only for my purposes – with white and with red cabbage. I ate them all (I made total of 4 jars) and I can say that I prefer the red cabbage sauerkraut  better. It is more appealing for the eyes ^_^

If you didn’t had chance to make sauerkraut before, here is my simple recipe:

Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (5)Purple Cabbage Sauerkraut

Ingredients: 

  • 1 big red cabbage or 2 small ones
  • 1 tablespoon salt

Prep: Wash and dry well the jars (and lids) in a oven on 100 C. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (1)Shred the cabbage on a mandolin or with a sharp knife. Put the shredded cabbage in a large bowl, add 1 tablespoon of salt and massage the salt into the cabbage until natural juices come out of the cabbage. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (2)Start filling the jars with small amount of cabbage, pressing with a pestle until the water comes out of the cabbage. Кисела зелка во тегла | Cabbage Sauerkraut (0)The jars must be filled up to the top with cabbage. Put one leaf of cabbage on the top. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (4)Put a piece of gauze on top and let it ferment in the fridge or somewhere cold. The sauerkraut will be ready in 3 to 6 weeks time.Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (6)

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup [♫Help – Beatles]

♫Help – Beatles♫

(en is below)

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (2)Интересно е како само неколку состојки ставете во тенџере може да создадат совршено јадење кое ќе ви ја стопли душата. Во Скопје доаѓаат ладните денови, па затоа супите мене ми се број еден на листата на јадења кои ги подготвувам овој период. Пилешката супа ми беше (и уште ми е) омилена за јадење и готвење минатата година, но оваа година сум повеќе фокусирана на супи и чорбички со зрна и многу зеленчук.

Црвена леќа обожавам да ја користам само во подготовка на супи и чорби бидејќи многу брзо се вари. Затоа, секоја супа со црвена леќа е готова за речиси 30 минути. Оваа супа со црвена леќа супер ќе ви дојде како лесен ручек со печено лепче или како предјадење. Лесна е за подготовка, а е многу, многу вкусна. Ставете си во длабока чинија, пикнете се под ќебе, пушете си релаксирачка музика и ништо друго нема да ви треба за зимско опуштање.

Еве го рецептот:

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (1) Супа со црвена леќа 

Состојки: 

  • 2 шолји црвена леќа
  • 1 главица кромид, исечкана на парчиња
  • 2 моркови, исечкани на парчиња
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче куркума
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • сол и бибер

Подготовка: Во тенџере ставете малку маслиново масло да за загрее. На загреаното масло ставете ги кромидот, лукчето и морковот. Пропржете ги кратко, само колку да добијат боја. Налејете 1 литар вода, ставете ја црвената леќа, зачинете со куркума, црвен пипер, сол и бибер, покријте со капак и оставете ја супата да се вари на средна температура, околу 30 минути, односно додека да бидат сите состојки меки и убаво сварени. По 30 минути, течноста префрлете ја во блендер (или со рачен блендер, директно во тенџере) и измиксајте се убаво додека да се добие еднолична смеса. Течноста вратете ја во тенџерето, зачинете по вкус и оставете да прокрчка 5 минути. Послужете со малку ситно сечкан магоднос и јогурт (кефир или павлака). Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (2)

I just love this season of cozy blankets, binge watching Tv series, eating warm soups and laying on the couch for hours. Winter season is all about comfort, I am right? This soup will ease your soul. Definitely. With very humble ingredients that you probably already have in your kitchen, you can make this soup in no time at all. Warm, cozy, comfortable food is always number one on my list of things I want to do at least once in the day.

This soup includes red lentils as a main star and lentils is the one legume I just adore! I always have green and red lentils in my pantry. I make salad, soups or just simple boil them in advance and add them in my dishes. This is one simple, yet so filling soup that will warm up your soul and body.

Here is the recipe:

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (3) Red Lentils Soup 

Ingredients:

  • 2 cups red lentils
  • 1 onion, chopped
  • 2 carrots, chopped
  • 2 garlic cloves
  • 1 teaspoon turmeric
  • 1/2 teaspoon red (smoked) paprika
  • salt and black pepper

Prep: In a large pot, add some evoo. Put all the vegetables and stir fry until they get some color. Pour 1 liter of cold water, add the red lentils, season with turmeric, red (smoked) paprika, salt, black pepper, cover with a lid and let it cook for 30 minutes or until everything is soft and almost mushy. Transfer the soup in a blender (or using a hand blender, blend directly in the pot) and blend until everything is well liquefied. Transfer the soup back in the pot, season to taste once more and let it bubble for 5 minutes. Serve with finely chopped parsley and some cream fraiche.

Хумус со црвени пиперки | Red Pepper Hummus [♫Billy Idol – Hot in the City]

♫Billy Idol – Hot in the City♫

(en is below)

Откако престанав да мачкам мајонез на лепче, хумусот ми е број еден намаз кој го правам и јадам. Искрено, помеѓу нас, понудата на пазарот за здрави намази не е баш сјајна, а и тие што ги има се прескапи. Неверојатно е колку е лесно да се направи хумус или било кој друг здрав намаз. Ги вариш зрната, ставаш зачини и лукче – обавезно! и готово. Мачкај и јади 🙂

Овој хумус е многу вкусен ако сте, како мене љубител, на печени црвени пиперки и лукче (па нели сум garlicky girl 😀 ). Се што ви треба е време да го сварите наутот, иако има и да си купите веќе сварен, во тегличка. Сите додатоци во блендер и оп! Готово. Имате супер вкусен и здрав намаз кој ќе ги воодушеви сите – ви гарантирам! Плус, ќе ви ја откријам мојата специјална состојка. Еве го мојот рецепт за хумус:

%d1%85%d1%83%d0%bc%d1%83%d1%81-%d1%81%d0%be-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-red-pepper-hummus-4Хумус со црвени пиперки

Состојки: 

  • 250 гр сварен наут
  • 2 печени црвени пиперки
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица печен сусам
  • 1 лажица лимонов сок
  • 50 мл ладно цедено маслиново масло
  • кајенска пиперка, по желба
  • сол

Подготовка: Во блендер ставете ги наутот, пиперките, лукчето, печениот сусам, лимоновиот сок, сол и 50 мл вода. %d1%85%d1%83%d0%bc%d1%83%d1%81-%d1%81%d0%be-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-red-pepper-hummus-7Изблендајте додека да се соедини. Полека, додавајте го маслиновото масло додека да се соединат убаво сите состојки. %d1%85%d1%83%d0%bc%d1%83%d1%81-%d1%81%d0%be-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-red-pepper-hummus-5

Since I stopped slathering mayonnaise on a freshly baked pieces of bread (with tomato and chunks of white cheese) years ago, I had to learn how to prepare healthy spreads like this, for example. Hummus is my ultimate favorite healthy spread and chickpeas are super food gems. All you need is few hours for boiling the chickpeas (or, of course, you can buy them canned or in a jar, pre boiled). I prefer cooking the chickpeas myself, but you do you 😀 Also, in the supermarkets in Skopje there is a poor selection of healthy spreads and the rest of the healthy food selection in the category of healthy spreads is good but too expensive. If you have the basic skills of cooking, you will definitely know how to prepare this yummy hummus. And if you are anything like me and you like roasted red peppers and garlic, I absolutely guarantee that you will love this hummus. I have one special (and now not so secret ingredient). Here is my recipe:

%d1%85%d1%83%d0%bc%d1%83%d1%81-%d1%81%d0%be-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-red-pepper-hummus-2Red Pepper Hummus

Ingredients: 

  • 250 grams cooked chickpeas
  • 2 roasted red peppers
  • 2 garlic cloves
  • 1 tablespoon roasted sesame seed
  • 1 tablespoon lemon juice
  • salt
  • 50 ml evoo
  • cayenne pepper, to taste

Prep: In a food processor add the chickpeas, red peppers, garlic, sesame seeds, lemon juice, salt and cayenne pepper. %d1%85%d1%83%d0%bc%d1%83%d1%81-%d1%81%d0%be-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-red-pepper-hummus-6Blitz until combined. Gradually add the evoo until well combined. %d1%85%d1%83%d0%bc%d1%83%d1%81-%d1%81%d0%be-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-red-pepper-hummus-1

Кремасто пире од компири | Simple Mashed Potatoes [♫Michael Jackson – Smooth Criminal]

♫Michael Jackson – Smooth Criminal♫

(en is below)

Јас сум самопрогласена кралица на компирите. Компири едноставно обожавам и можам да ги јадам секој ден. Кога бев малечка и кога мајка ми ќе правеше пире, мене ми ја даваше полесната работа од целиот процес – лупење компири и тест проба. До ден денес, таа го прави исто пирето. Совршено кремасто и многу многу вкусно. Постојано сум во потрага во најдобрите рецепти со компири, па затоа со вас го споделувам мојот (т.е на мајка ми 🙂 ) најдобар рецепт за пире компир.

%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-2Кремасто пире од компири

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 мл млеко
  • 3 лажици путер
  • сол

Подготовка: Компирите убаво измијте ги и ставете ги во тенџере со вода да се сварат убаво додека да бидат меки, скоро распаднати. Во ѓезве или мало тенџерче, ставете ги путерот и млекото да се растопат. Сварените исцедете ги од водата, излупете ги вратете ги назад во топлото тенџере. Со алатка за пире, згмечете ги компирите. Додадете ја течноста од млеко и путер, посолете ги продолжете да гмечите со алатката додека да добиете кремасто пире. Пробајте на вкус за сол и сервирајте додека е топло.%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-6

Sometimes, I imagine myself eating a huge bowl of mashed potatoes with a large spoon, like it’s the best tasting ice cream. Few days ago, this imagination of mine, became a reality. I was craving so bad for warm mashed potatoes, buttery and creamy, perfectly seasoned. I boiled exactly 1 kilo of potatoes and made myself a perfect mashed potatoes. Dreams do come true, see? 😀

I, myself, am self proclaimed potato queen. I love potato everything. I can eat that gold/purple/yellow gem everyday for breakfast, lunch or dinner. I love potatoes so much. I am always for a endless search of the best potato recipes. My mom made the best mashed potatoes and she always made them this way. When I was a little girl, she gave me small tasks, like peeling the potatoes or tasting for salt. She prepared this humble dish once a week. Today, I am sharing with you my recipe (my mom’s, to be precise) for a simple mashed potatoes:

%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-4Simple Mashed Potatoes

Ingredients:

  • 1 kg russet potatoes
  • 250 ml milk
  • 3 tablespoons butter
  • salt, to taste

Prep: Wash the potatoes and put them in a large pot. Cover with cold water and boil them until completely tender. In a small pot, add milk and butter and melt them on the stove. Drain the water, peel the potatoes and put them back in the same pot. Using a potato masher, mash the potatoes, gradually adding the liquid. Mash until well combined. Salt to taste and serve while it is still warm.%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-3

Корејски бибимбап – Korean Bibimbap Bowl [♫The Smiths – Bigmouth strikes again]

♫The Smiths – Bigmouth strikes again♫

(en is below)

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-1Во последно време, многу сум заинтересирана за корејската кујна. Обожавам здели полни со оривче и зеленчук и многу лут сос. Луто кимчи и длабоки чинии полни со супа со мевце, зеленчук  и меко варени јајца. Ова корејско јадење го направив кога немав никаква идеја за ручек, па веднаш ми текна на ова здраво јадење, со потекло од Кореја. Зборот „bibimbap“ значи мешан ориз, а и по сликата може да видите зашто го добил ова име. Пред да се јаде, се мешаат сите состојки со оризот и заедно со малку лут сос, се оди така совршено заедно. Многу е здраво (уште ако го направите со интегрален ориз … мх, мх) и вкусно. Ако сакате и имате време, направете го, споделете ја сликата на Инстагам и тагнете ме да ја видам на мојот Инстаграм профил @TeaTrpovska.

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-5Корејски бибимбап

Состојки:

  • 2 шолји сварен ориз
  • зеленчук, по избор (јас користев: пржени печурки, обарен спанаќ со лук, свеж морков, свеж млад кромид, печени црвени пиперки)
  • кисела зелка или ако имате, најдобро кимчи
  • Sriracha сос
  • пржено јајце
  • сусам, соја сос, бибер, сусам

Подготовка: Оризот убаво измијте го неколку пати во ладна вода додека да излезе чиста, проѕирна вода од него. Ставете го во тенџере и на една шолја ориз налејте една шолја ладна вода. Поклопете со капајк и варете на среден оган, додека да испари целата вода и оризот биде сварен. За тоа време, подгответе ги зеленчуците. Спанаќот убаво измијте го и обарете го или пропржете го на малку маслиново со лукче. Печурките исто така пропржете ги на маслиново со лукче. Морковот и младото кромидче исечкајте ги на долгнавести парчиња. Пиперките испечете ги. Кога оризот ќе биде сварен, ставете го во длабок сад, зачинете го со сол и од горе редете ги во круг зеленчуците. Врз нив, ставете едно испржено јајце, кисела зелка или кимчи и малку sriracha или друг лут сос.

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-3

I am very interested in Korean cuisine these days. I am a sucker for huge bowls full of hot soup with pieces of meat, vegetables and hot sauce, steamed rice with vegetables and spicy kimchi. This bowl of yumminess happend few days ago, when I had absolutely no idea what to cook for lunch, after my third shift of work. So, I needed a comfort food, bowl of steamy rice with mixed vegetables. Immediately, I started cooking the rice and my perfect meal was ready in 1 hour. Give this healthy recipe a try, take a picture, share it on Instagram and tag me at @TeaTrpovska

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-5Korean Bibimbap Bowl

Ingredients: 

  • 2 cups cooked rice
  • vegetables of choice (I used sautéed mushrooms with garlic,  sautéed spinach, grilled red peppers, kimchi or sauerkraut, carrot and green onion)
  • Sriracha sauce
  • fried egg
  • salt, pepper, sesame seeds, soy sauce

Prep: Wash the rice until the water comes clear. Cook 1 cup of rice with 1 cup water in a pot. Cook until the water evaporates and the grains of rice are al dente. Prep the vegetables. Fry one egg. Assemble the bowl: put the rice in the bowl and arrange the vegetables. Put the egg on top, put some sriracha and season with soy sauce and toasted sesame seeds.%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-4