Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut [♫Prince – Purple Rain]

♫Prince – Purple Rain♫

(en is below)

Ставање зелка во буриња и правење на салата резанац (sauerkraut) е балканска традиција која моите родители ја негуваат откако знам за себе. Еве доказ за фамилијарна подготовка на резанац 🙂 Резанац (1)Во Македонија, речиси сите домаќинства ставаат зелка во буриња за сарми, салати и други зимски јадења, а некои подготуваат и салата резанац, ама тоа пред да стават зелка во буриња. Киселата зелка е пребогата со природен пробиотик кој е одличен за вашето тело. Јас сакам кисели јадења, па затоа ова ми е една од омилените салати во зима.

Оваа година решив да си направам неколку тегли, за своја душа, резанац и тоа од бела и црвена зелка. Лично, резанацот од црвена зелка повеќе ми се допадна (само заради бојата 🙂 )но, и со бела зелка беше исто толку успешен и вкусен. Правењето кисела зелка дома е толку практично, евтино и брзо.

Ако не сте правеле до сега кисела зелка, еве го мојот рецепт:

Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (6)Кисела зелка во тегла

Состојки:

  • 1 голема зелка или 2 помали
  • 1 лажица сол

Подготовка: Во длабок сад, ситно исечкајте ја зелката. Јас ја рендав на мандолина, а вие можете и со нож – како ви е најзгодно. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (2)Ставете една рамна лажица сол и со раце втријте ја солта во зелката додека таа да омекне и да пушти сопствена течност. Теглата убаво измијте ја и исушете ја во рерна на 100 Целзиусови степени, заедно со капакот. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (1)Полнете ја теглата со зелката по малку и со толчник пристискајте за да излезе водата на површина. Теглата мора да се наполни со течноста од зелката.Кисела зелка во тегла | Cabbage Sauerkraut (0)

Кога ќе ја наполните теглата до крај, мора да има течност на врвот од теглата. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (5)Ставете еден лист од зелката. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (3)Покријте ја теглата со газа и ставете ластиче. Ставете ја да ферментира во фрижидер. Зелката е готова за јадење по 3 до 6 недели ферментација во фрижидер или на ладно место.

When life gives you cabbage, make a sauerkraut. That’s the number one rule in my cookbook 😀 Homemade sauerkraut is life changing, trust me. Those natural probiotics that sauerkraut has are my favourite ones. My parents prepare sauerkraut (rezanac) every year, along with the traditional cabbage pickling in barrels and that is a tradition that almost all Macedonian people do before the cold winter season starts. I love eating sauerkraut. It is so convenient, beneficial for your body and health, easy to make and it so cheap if you decide to make it at home.

This year I decided to make two types of sauerkraut only for my purposes – with white and with red cabbage. I ate them all (I made total of 4 jars) and I can say that I prefer the red cabbage sauerkraut  better. It is more appealing for the eyes ^_^

If you didn’t had chance to make sauerkraut before, here is my simple recipe:

Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (5)Purple Cabbage Sauerkraut

Ingredients: 

  • 1 big red cabbage or 2 small ones
  • 1 tablespoon salt

Prep: Wash and dry well the jars (and lids) in a oven on 100 C. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (1)Shred the cabbage on a mandolin or with a sharp knife. Put the shredded cabbage in a large bowl, add 1 tablespoon of salt and massage the salt into the cabbage until natural juices come out of the cabbage. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (2)Start filling the jars with small amount of cabbage, pressing with a pestle until the water comes out of the cabbage. Кисела зелка во тегла | Cabbage Sauerkraut (0)The jars must be filled up to the top with cabbage. Put one leaf of cabbage on the top. Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (4)Put a piece of gauze on top and let it ferment in the fridge or somewhere cold. The sauerkraut will be ready in 3 to 6 weeks time.Кисела зелка во тегла | Purple Cabbage Sauerkraut (6)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s