Суши со зеленчук | Veggie Sushi [♫Alannah Myles – Black Velvet]

♫Alannah Myles – Black Velvet♫

(en is below)

Прв пат пробав суши во Шведска. Беше вистински life changer за мене во поглед на тоа како светската храна изгледа. Еве ви слика, да ви доловам како изгледаше па после ќе продолжиме: sushi-plate

Ааа?! Пуффф! Ова беше нешто фемоменално! Лососот беше толку мек, што просто се распаѓаше во уста. Оризот беше вкусен и совршено се двоеше на зрнца. Оваа чинија беше т.н чинија суши за почетници. Оттогаш, постојано сум во потрага по добро суши. Последно патување ми беше во Белград и таму си купив суши:

sushi-belgrade

Во Скопје, сум слушнала дека во Сушико прават квалитетно, добро и вкусно суши, но цените им се тооолку нереални и високи што не сум отишла до сега никогаш. Во поглед на свежата риба, свеж лосос набавуваат само најквалитетните ресторани во Скопје. А, бидејќи и мојата желба за риба и месо изминативе две месеци е слаба (некој микс сум периодов од веган и вегетаријанец), затоа решив да го рекреирам моето искуство во Шведска и да си направам суши ама веганско ^_^  Трикот е во совршено сварен ориз (види долу како) и тоа е! Имате суши!

Пс. Ако најдете некаде wild salmon, обавезно купете го, исечете го многу тенко (како на сликата) и ставете го во сушито 🙂 Тоа не се пропушта!

Суши со зеленчук | Veggie SushiСуши со зеленчук

Состојки:

  • 2 шолји ориз, сварен (1:1)
  • прелив за ориз (2 лажици оцет, 1 лажиче шеќер, 1/2 лажиче сол)
  • листови нори алга
  • зеленчук по желба (краставица, морков, печурки, млад кромид, зелка, авокадо)

Подготовка: Прво, подгответе го оризот. Две шолји ориз убаво измијте ги под млаз ладна вода додека не излезе скробот од нив. Ставете го оризот во тенџерче, налејте 2 шолји ладна вода и оставете да се вари на средна температура. Кога оризот ќе биде сварен, ставајте малку по малку од преливот со оцет, шеќер и сол врз топлиот ориз и со лажица мешајте пополека за да не се раздробат оризовите зрна. Ставете го оризот во широк сад за да се олади.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Подгответе ги зеленчуците. Измијте ги и исечкајте ги на мали стапчиња. Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Земете еден лист нори алга и свртете ја од рапавата страна. Ставете слој ориз (имајте и чинивче со вода додека го ставате оризот, затоа што многу се лепи), врз него наредете зеленчуци и внимателно свиткајте во ролат. На краевите ставете малку вода за да се залепи алгата една со друга. Со остар нож пресечете парчиња. Послужете со соја сос.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

First time I tried sushi in Sweden. We were visiting friends and family and Pia introduced us to one very cute place in Stockholm (i don’t remember the name). We ordered “sushi for beginners” along with some miso soup. I immediately, I fell in love with the sushi! Sushi Stockholm

From that moment on, I am in a constant search of sushi wherever I go. My last trip was in Belgrade and I ordered sushi to go and it was yummy, too.

sushi-belgrade

Here in Skopje, fresh salmon is bought by fancy restaurants. In the supermarkets, you can rarely find good, quality salmon, and wild salmon I don’t think it exist here. There is one sushi place in Skopje where (as they say) make good quality sushi, but because it is too expensive, I have never been there. Also, theses few months, I don’t eat much meat, fish and diary (just a period, nothing serious 🙂 )and that is why I decided to indulge myself in a vegan sushi ^_^ Here is my recipe and the method of preparing:

Ps. If you have wild salmon where you live, buy it and put it in the sushi! Life changer!

Суши со зеленчук | Veggie Sushi
Veggie Sushi

Ingredients:

  • 2 cups rice (cooked with ratio 1:1)
  • rice seasoning (2 tablespoons rice vinegar, 1 teaspoon sugar, 1/2 teaspoon salt)
  • nori sheets
  • vegetables of choice (mushrooms, cucumber, avocado, spring onion, carrot)

Prep: First, rinse the rice very well from the starch under cold running water. Put the rice in a pan, cover with 2 cups of cold water and cook for 25-30 minutes or until the rice is cooked al dente. When the rice is cooked, pour tablespoon at a time from the rice seasoning and stir carefully. Transfer the rice in a shallow dish to cool down.

Chop the vegetables in matches.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

On the rough surface of nori, spread some rice (tip: have some water aside, because the rice sticks to the hands), arrange some vegetables and roll out. Slice the roll with a sharp knife. Serve with soy sauce.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s