Салата со праз и маслинки | Leek and Olives Salad [♫Balkan tale – Duke Bojadziev]

♫Balkan tale – Duke Bojadziev♫

(en is below)

Оваа салата не се сеќавам дека сум ја јадела во текот на моето детство. Пред неколку години, видов дека се продава на кило во еден супермакеркет, па искрено да ви кажам кога ја видов цената за килограм, се изнасмеав. Си реков, зошто некој би дал 250 за килограм салата направена од најевтините состојки? Решив да ја направам дома и можам да ви кажам дека испадна феноменално. Не треба некоја особена стручност да ја направите, но е толку вкусна што веднаш ќе ви се отвори апетит за тазе лепче, мевце на скара, салата од патлиџани, а богами и за ракија 🙂

%d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8-leek-and-olives-salad-1Салата со праз и маслинки

Состојки: 

  • 3 страка праз, ситно исечкан
  • 250 грама маслинки, исечени на тркалца
  • 3 лажици вински оцет
  • 6 лажици маслиново масло
  • 2 лажички (лут) буковец
  • сол и бибер

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сите состојки заедно. Оставете ја салатата да отстои во фрижиер 1 час, па сервирајте ја. %d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8-leek-and-olives-salad-4

Some people here, grew up eating this humble salad. I didn’t, but I always knew that this salad existed in our traditional Macedonian cuisine. Leeks are so sweet and spicy at the same time and along with some olives and hot pepper flakes, all these ingredients make one super nice salad. Serve it with freshly baked bread, tomato salad, grilled meat and of course, rakija 😀

%d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8-leek-and-olives-salad-2Leek and Olives Salad

Ingredients:

  • 4 cups finely chopped leek
  • 250 grams olives, chopped
  • 3 tablespoons red wine vinegar
  • 6 tablespoons olive oil
  • 2 teaspoons (hot) pepper flakes
  • salt and pepper

Prep: In a large bowl, put all the ingredients and mix them well. Place the bowl in the fridge to chill for 1 hour and then serve.  %d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8-leek-and-olives-salad-3

Печени компири | Simple roasted potatoes [♫Rick Astley – Never Gonna Give You Up]

♫Rick Astley – Never Gonna Give You Up♫

(en is below)

%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-3Слободно можам самата да се наречам кралица на компирите! Не затоа што ги подготвувам најубаво ^_^ туку затоа што обожавам да ги јадам! Печени, варени, пржени, со зелечнук, со месо, заедно со печен ориз (да, да 🙂 )во секоја комбинација сакам да имам компири на трпезата. Млади пржени компириња со изрендано овчо сирење или пире од компири со ќофтиња или печени компирчиња со шопска салата…. Можам да набројувам со часови 🙂

Овие печени компирчиња ги правам секогаш кога сакам крцкави од надвор, а меки од внатре компирчиња. Секогаш излегуваат совршени! Ама баш секогаш! Многу од вас го баравте рецептот (т.е трикот) за нив, па затоа, го споделувам со сите вас:

%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-2Печени компири

Состојки: 

  • компири (овие се најдобри за печење)
  • маслиново масло
  • сол

Подготовка:

Компирите убаво измијте ги и излупете ги. Пресечете ги на парчиња, тркалца или оставете ги цели (ако се помали). Во тенџече, ставете вода да зоврие. Посолете ја водата и ставете ги компирите да се варат. Варете ги компирите на средна температура околу 8-10 минути. Исцедете ги од водата и веднаш уште додека се топли префрлете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење. Посолете ги и попрскајте ги со маслиново масло. По желба, ставете им други зачини (бибер, копар, оригано…). Ставете ги да се печат во рерна загреана на 220 Целзиусови степени и печете ги околу 25-30 минути, додека да фатат крцкава коричка од горе. %d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-4

I love potatoes. Potatoes are my life and love! 🙂 Roasted, boiled, fried… Omg! Potato queen over here 😀 Whenever I crave roasted potatoes, I always make them this way! The trick is in boiling them first and them roasting them. That is what makes them crispy on the outside and fluffy on the inside. Just pure perfection! Here is the recipe (or more the trick) for the nicest yet the simplest roasted potatoes:

%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-3Simple Roasted Potatoes

Ingredients:

  • potatoes (Yukon gold are the best!)
  • olive oil
  • salt

Prep: Wash and peel the potatoes. Cut them into chunks or leave them whole) if they are small or medium size. Fill one big pot with water to boil. Add salt and when the water is boiling, put the potatoes into the pot. Boil them for 8-10 minutes. Drain them from the water and while they are still hot, place them in a pan lined with baking paper. Season with salt  (or with something else like oregano, dill..), drizzle some olive oil and place them in a preheated oven to 230C to roast for 25-30 minutes or until they are crunchy on the outside. %d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-4

Чиа пудинг со овошје | Simple Chia Pudding [♫Beyoncé – Irreplaceable]

♫Beyoncé – Irreplaceable♫

(en is below)

Пудинг од чиа ми е омилен, особено за појадок. Толку е брз и лесен за подготовка, а особено ми се допаѓа што лесно се транспортира за на работа – го ставаш во тегла и на работа имаш супер здрав појадок. Преферирам овој пудинг да го правам со растително млеко, но понекогаш го правам и со обично млеко. Чиа семките се многу здрави, особено за појадок затоа што ви даваат сила и енергија рано, наутро. Штом еднаш ќе го направите, ќе се навлечете на него.

img_20170120_105422Чиа пудинг со овошје

Состојки: 

  • 3 лажици чиа семе
  • 300 мл млеко (млеко од ориз, бадеми или друго растително млеко е подобро)
  • 1 лажица мед
  • 1 лажиче цимет
  • овошје по желба

Подоготовка: Во тегла ставете ги млекото, циметот и чиа семето. Затворете ја теглата и протресете ја. Оставете ја теглата да стои во фрижидер најмалку  часа или преку ноќ. Следниот ден, претурете го чиа пудингот во чинија, ставете мед од горе и овошје, семки и јатки по желба.

Chia pudding is my favorite breakfast idea ever. I love making this quick and very easy to make brekkie and with some drizzle of honey… this makes one perfect chia pudding bowl that you’ll dive in to. I usually prepare this, one day ahead, take my jar in the morning, along with some fruits and nuts and off to work I go. Almond milk is my favorite, but sometimes I make it with regular milk. However, chia pudding is divine. 
%d1%87%d0%b8%d0%b0-%d0%bf%d1%83%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d1%81%d0%be-%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%88%d1%98%d0%b5-simple-chia-pudding-1

Simple Chia Pudding

Ingredients:

  • 3 tablespoons chia seeds
  • 300 ml milk (almond, rice or soy it’s the best!)
  • 1 tablespoon honey
  • 1 teaspoon cinnamon
  • fruit, seeds and nuts of choice

Prep: In a jar, add milk, chia and cinnamon. Shake well and leave it in the fridge for at least 3 hours or over night. Serve the chia pudding with some fresh fruit, chopped nuts and seeds of your choice. 7715472452_ac73742bca_k

Сицилијанска пица | Sicilian Square Pizza [♫Carla Bruni – You Belong To Me]

♫Carla Bruni – You Belong To Me♫

(en is below)

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-5Ако морам да бирам, секогаш ќе одберам коцкаста пица пред округла. Таа ми е некако многу повкусна од тркалезната. Можеби затоа што тестото е подебелко, а не тенко. Со доматен сос (секогаш домашен), многу лук и моцарела, тешко да се најде некој кој може да и’ одолее на пицава. Не се фалам, ама изгледа навистина импресивно, нели? ^_^ Пробајте да направите домашно тесто, домашен доматен сос и верувајте дека ќе заборавите на сите пица деливери и буквално ќе се заљубите во неа. Рецептов е 100% проверен, вреди пари, ама јас го споделувам со вас со голема љубов:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-4Сицилијанска пица

Состојки:

Тесто:

  • 3+ 1/2 шолја брашно
  • 1+ 1/3 шолја топла вода
  • 1 пакетче квасец
  • 1 лажица мед (или шеќер)
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици маслиново масло

Сос од домати:

  • 1 голема конзерва од домати (пелати)
  • 2 големи главици кромид, ситно исечкани
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица концентрат од домати
  • прстофат оригано, босилек и нане
  • сол и бибер

Фил:

  • 2 топки моцарела
  • 6 чешниња лук (ако јадете лукче)
  • рукола и чери патлиџанчиња, по желба

Подготовка:

Прво, направете го тестото. Просејте ги брашното и солта во длабок сад. Ставете го маслиново масло. Во топлата вода ставете го медот, промешајте и додадете го квасецот. Кога ќе нарасне, додадете го во брашното и полека мешајте со дрвена лажица додека да се формира топка. Потоа, месете го тестото со рака околу 10-15 минути, односно додека а биде меко, еластично и нелепливо. Намачкајте го со маслиново, покријте го со крпа и оставете да нараснува на топло околу 1 час.

Направете го доматиот сос. Во тавче за сос, ставете маслиново масло. Ставете ги кромидот и лукот да се пржат додека да омекнат. Додадете ги пелатите, наполнете ја конзервата со вода, додадете ја во тенџерето, ставете ги шеќерот, солта, биберот, зачините и концентратот. Измешајте убаво, покријте со капак и оставете да крчка околу 20-25 минути, додека да се згуне сосот. Кога ќе се згусне, изблендајте го сосот со рачен блендер или во миксер и оставете да се олади пред да го користите.

Во коцкасто тавче, ставете маслиново малку. Ставете ги тестото и убаво распоредете го на цело тавче. Ставете од сосот, ставете моцарела, наредете го лукчето. Попрскајте со маслиново масло и ставете ја пицата да се пече во добро загреана рерна на 250 Целзиусови степени. Кога ќе биде печена, ставете рукола и чери од горе и послужете. %d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-3

I love pizza. So much. Especially this square one is my favorite. With lots of garlic and mozzarella. This is my to go pizza dough and pizza sauce that I make all the time. I am sharing with you this lovely recipe with you. Write it or save it in bookmarks and you will be forever grateful with me:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-6Sicilian Square Pizza

Dough

Ingredients:

  • 3 + 1/2 cup of flour
  • 1 + 1/3 cup of warm water
  • 1 tablespoon of honey
  • 1 teaspoon of salt
  • 3 tablespoons evoo
  • 1 packet of instant yeast or 40 grams of fresh yeast

Tomato sauce:

Ingredients: 

  • 1 tin of canned tomatoes + water
  • 2 large chopped onions
  • 4 cloves of garlic
  • salt and pepper
  • oregano, mint and basil
  • evoo

Filling:

  • 2 mozzarella balls
  • 6 garlic cloves
  • arugula and cherry tomatoes

Prep:

Stir in the honey and yeast in the warm water. Let it rise for 10 minutes. Sift the flour in a large bowl and add the salt. Stir to incorporate the salt into the flour. After 10 minutes, add the yeast mixture. First, stir with a wooden spoon to combine all together and then kneed with your hands. Kneed the dough for 10-15 minutes or until bouncy and elastic. At the end, incorporate the evoo, cover with towel and let it rise for 1 hour or until doubled in size.

Put some evoo in a large pan. Add the chopped onions and garlic. Cook them until soft. Add the liquids – tomatoes and water, season with dried herbs, cover with a lid and cook for 20 minutes or until the sauce is thick. When the sauce is done, let it cool.

Put some evoo in squared baking pan. Place the dough. Put some sauce, mozzarella, sliced garlic and extra evoo. Bake on 250 C for 10 minutes or until the crust is crispy and golden. Add some arugula, cherry tomatoes and drizzle evoo.%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-7

Корејски јајца во соја сос | Korean Eggs in Soy Sauce [♫Sting – Fields Of Gold]

♫Sting – Fields Of Gold♫

(en is below)

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-1Меко варени јајца ми се омилени. Со растечена жолчка и мека белка, морска сол и малку бибер. Нема поубава закуска од ова. Ми требаа неколку обиди за да ги усовршам овие меко сварени јајца, но на крај им ја најдов цаката: во зовриена вода ги ставам јајцата со лажица (да не ми се скршат), местам тајмер на 7 минути, намалувам рингла од 5ка на 3,5 и варам 7 минути. Потоа, веднаш во ладна вода и ги лупам под млаз вода. Перфекција! Овие корејски јајца ги видов сосема случајно на интернет (како и сите други идеји кои ми доаѓаат 🙂 ) па, уште веднаш решив да ги направам. Мора да ги направите еден ден однапред за да бидат вака црни и да впијат од маринадата. Многу се добри! Маринадата е толку супер – не преовладува ниедна состојка, туку се е добро балансирано. Ако сакате да пробате нешто ново и многу вкусно, пробајте ги овие корејски јајца во соја сос, нема да зажалите. Еве го рецептот:

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-3Корејски јајца во соја сос

Состојки:

  • 2 меко сварени јајца (7 минути)
  • 1 шолја соја сос
  • 1 шолја вода
  • 2 чешниња лук, исечкани
  • 1 мал ѓумбир, исечкан на тркалца
  • 2 млади кромидчиња, исечкани
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици оцет балсамико

Подготовка: Меко сварените јајца (7 минути во зовриена вода) излупете ги. Во висок сад, ставете ги сите состојки за маринадата и измешајте. Излупете и ставете ги јајцата, а врз нив ставете капак од тегла или друг пластичен капак за да бидат јајцата под маринадата. Покријте со фолија и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Следниот ден, пресечете ги јајцата и послужете.
Забелешка: Маринадата може да ја зачувате и за следен пат.

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-4It took me a while until I learned how to make the perfect soft boiled eggs. I tried and tried until I succeeded! With a spoon, carefully place the eggs into the boiling water. Set the timer for 7 minutes and boil them. Then, cool them off immediately and peel them under the running water. If you never tried this kind of eggs, you should definitely try them out. Creamy yolk, soft white and with some sprinkle of sea salt and black pepper, they make one hell of a snack! These Korean eggs I saw them while I was browsing on the Internet and I wanted to try them immediately. They taste so nice, balanced and rich at the same time. You have to make them one day in advance, but it is so worth it. Here is the recipe:

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-2Korean Eggs in Soy Sauce

Ingredients:

  • 2 soft boiled eggs (7 minutes)
  • 1 cup soy sauce
  • 1 cup water
  • 2 garlic cloves, sliced
  • 1 thumb ginger, sliced
  • 2 spring onions, sliced
  • 1 tablespoon sugar
  • 2 tablespoons balsamic vinegar (or mirin)

Prep: In a bowl, mix all ingredients until combined. Peel the eggs and place them in the marinade. Cover with a lid and let them chill over night in the refrigeration. Slice and serve the next day.%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-1

Печурки и праз во тавче | Mushroom and Leek Stew [♫Leb i Sol – Nisam tvoj]

♫Leb i Sol – Nisam tvoj♫

(en is below)

Многу сакам да готвам и јадам лесни и (релативно) брзи јадења кои се подготвуваат со евтини состојки. Кога имам во фрижидер од се по нешто, секогаш сакам да го искористам максимумот од секој продукт и да зготвам нешто вкусно. Ова јадење, со печурки и праз е вистински пример за тоа дека и јадењата без месо може да се вкусни. Навистина! Плус, испеков и феноменални компири (рецепт ќе има наскоро) и ручекот испадна одлично! 🙂 Направете го ова манџиче и ви гарантирам дека прсти ќе излижете ^_^

mushroom-and-leek-stew-4Печурки и праз во тавче

Состојки: 

  • 500 гр свежи шампињони, исечкани
  • 500 гр праз, исечкан
  • 400 мл сос од домати (пелати)
  • 1 лажица концентрат од домати
  • 1 главица кромид, ситно исечкан
  • 4-5 чешниња лук, исечкани
  • сол и бибер

Подготовка:

Во тенџере, ставете маслиново масло да се загрее. На загреаното масло ставете ги празот и кромидот да се пропржат додека да омекнат. Ставете ги шампињоните и динстајте додека да испари водата. Ставете ги концентратот од домати, сосот од домати, лукчето и 400 мл вода. Зачинете со сол и бибер, покријте со капак и динстајте околу 40-50 минути додека да омекне се. mushroom-and-leek-stew-1Префрлете ја смесата во тавче за печење и печете на 200 Целзиусови степени 15 минути (опционално). Послужете со печени компирчиња, пире или зеленчук на пареа.

mushroom-and-leek-stew-3

Leftovers are great, right?! I just love them! When I have few bits and pieces in my fridge, I love when this type of dish pops out in my head. Vegan and vegetarian friendly, delicious, cheap, very tasty and so easy to make. I highly recommend making this yummy dish! I served this with my epic roasted potatoes (recipe soon!) and I was in food heaven! Nom, nom, nom ^_^

mushroom-and-leek-stew-3Mushroom and Leek Stew

Ingredients:

  • 500 gr mushrooms, chopped
  • 500 gr leeks, chopped
  • 1 small onion, chopped
  • 4-5 garlic cloves, sliced
  • 400 ml tomato passata
  • 1 tablespoon tomato purée
  • salt and pepper

Prep:

In a pot, add some evoo and sauté leeks and onion until soft. Add the mushrooms and sauté until all the water is evaporated. Add passata, tomato purée, 400 ml water, season with salt and pepper, cover with a lid and cook for 40-50 minutes until all thickness. mushroom-and-leek-stew-1Transfer the mixture in a baking dish and bake for 10-15 minutes (optional).Serve with roasted potatoes, mash potatoes or steamed vegetables.