Корејски јајца во соја сос | Korean Eggs in Soy Sauce [♫Sting – Fields Of Gold]

♫Sting – Fields Of Gold♫

(en is below)

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-1Меко варени јајца ми се омилени. Со растечена жолчка и мека белка, морска сол и малку бибер. Нема поубава закуска од ова. Ми требаа неколку обиди за да ги усовршам овие меко сварени јајца, но на крај им ја најдов цаката: во зовриена вода ги ставам јајцата со лажица (да не ми се скршат), местам тајмер на 7 минути, намалувам рингла од 5ка на 3,5 и варам 7 минути. Потоа, веднаш во ладна вода и ги лупам под млаз вода. Перфекција! Овие корејски јајца ги видов сосема случајно на интернет (како и сите други идеји кои ми доаѓаат 🙂 ) па, уште веднаш решив да ги направам. Мора да ги направите еден ден однапред за да бидат вака црни и да впијат од маринадата. Многу се добри! Маринадата е толку супер – не преовладува ниедна состојка, туку се е добро балансирано. Ако сакате да пробате нешто ново и многу вкусно, пробајте ги овие корејски јајца во соја сос, нема да зажалите. Еве го рецептот:

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-3Корејски јајца во соја сос

Состојки:

  • 2 меко сварени јајца (7 минути)
  • 1 шолја соја сос
  • 1 шолја вода
  • 2 чешниња лук, исечкани
  • 1 мал ѓумбир, исечкан на тркалца
  • 2 млади кромидчиња, исечкани
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици оцет балсамико

Подготовка: Меко сварените јајца (7 минути во зовриена вода) излупете ги. Во висок сад, ставете ги сите состојки за маринадата и измешајте. Излупете и ставете ги јајцата, а врз нив ставете капак од тегла или друг пластичен капак за да бидат јајцата под маринадата. Покријте со фолија и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Следниот ден, пресечете ги јајцата и послужете.
Забелешка: Маринадата може да ја зачувате и за следен пат.

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-4It took me a while until I learned how to make the perfect soft boiled eggs. I tried and tried until I succeeded! With a spoon, carefully place the eggs into the boiling water. Set the timer for 7 minutes and boil them. Then, cool them off immediately and peel them under the running water. If you never tried this kind of eggs, you should definitely try them out. Creamy yolk, soft white and with some sprinkle of sea salt and black pepper, they make one hell of a snack! These Korean eggs I saw them while I was browsing on the Internet and I wanted to try them immediately. They taste so nice, balanced and rich at the same time. You have to make them one day in advance, but it is so worth it. Here is the recipe:

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-2Korean Eggs in Soy Sauce

Ingredients:

  • 2 soft boiled eggs (7 minutes)
  • 1 cup soy sauce
  • 1 cup water
  • 2 garlic cloves, sliced
  • 1 thumb ginger, sliced
  • 2 spring onions, sliced
  • 1 tablespoon sugar
  • 2 tablespoons balsamic vinegar (or mirin)

Prep: In a bowl, mix all ingredients until combined. Peel the eggs and place them in the marinade. Cover with a lid and let them chill over night in the refrigeration. Slice and serve the next day.%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81-korean-eggs-in-soy-sauce-1

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s