Земички од спелтино брашно | Vegan Spelt Rolls [♫Marvin Gaye – What’s Going On]

♫Marvin Gaye – What’s Going On♫

(en is below)

Овие земички од спелтино брашно ги направив за прв пат и како за прв пат излегоа многу добро, па затоа морав да го споделам овој рецепт со вас. Спелтино брашно се добива од зрното спелта (крупник) кое е одлична замена за пченицата за тие кои се на неа алергични или сакаат да го заменат пченичното брашно со друго.

Рецептот го најдов на интернет, пребарувајќи здрави варијанти на леб. Откако видов дека спелтино брашно може да се купи и во Скопје, веднаш отидов да си купам едно пакетче. Брашнто го купив од тука, а сигурна сум дека може да се најде и во другите продавници за здрава храна, па дури и на пазар (на оние тезги за здрава храна).

Процесот е ист како за подготовка на било кое печиво од пченично брашно, но вкусот е многу различен. Овие земички се многу вкусни и здрави во исто време. Еве како да ги направите:

Земички од спелтино брашно

Состојки:

  • 250 гр спелтино брашно
  • 1 пакетче сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажица сол
  • 120 мл соино млеко (или друго растително млеко)
  • 60 мл вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • микс од семки (лен, сончоглед, семки од тиква, сусам)

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги брашното, солта и измешајте.

Во тенџерче, стоплете ги млекото и водата (малку, не да вријат), ставете ги квасецот и шеќерот и оставете 10 минути да се активира квасецот.

Течната смеса префрлете ја во садот со брашно, ставете го маслиновото масло и замесете меко тесто. Месете околу 10 минути, додека тестото да биде меко, мазно и еластично. На крај, доддете ги семките (претходно тостирани на тавче). Замесеното тесто, покријте го со чиста кујнска крпа и оставете го на топло да нарасне, ококу 1 до 2 часа (во зависнот од температурата дома).

Од тестото, одвојте 12-15 помали топчиња. Секое топче размесете го и редете ги топчињата во тавче за печење. Топчињата премачкајте ги со малку вода, ставете малку семки врз секое топче и ставете ги земичките да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени, околу 20-25 минути, односно додека да бидат испечени.

Испечените земички, попрскајте ги со вода уште додека се врели, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да се оладат пред да ги послужите.

These rolls from spelt flour turned out great, having in mind that this was my first time making them. I adapted the recipe from here, adding my own twist to them. Spelt flour is not very popular in Macedonia, but luckily you can find this flour easy in almost every healthy store in Skopje.

Here is the recipe with my twist on it:

Vegan Spelt Rolls 

Ingredients: 

  • 250 grams spelt flour
  • 1 packet dry yeast
  • 2 tablespoons sugar
  • 1 teaspoon salt
  • 120 ml soy milk
  • 60 ml water
  • 2 tablespoons olive oil
  • toasted mixed seeds (sunflower, flax, pumpkin, sesame)

Prep:

In a large mixing bow, add the flour and salt.

In a small pot, heat the milk, water and add the sugar until warm. Add the yeast and wait for 10 minutes until the yeast activates.

Add the wet mixture into the dry, add the oil and mix everything until dough forms. Kneed until you reach soft and elastic dough. At the end, add the seeds and mix until well distributed.

Cover the dough with clean towel and let it rise for 1-2 hours.

Divide the dough in 12-15 pieces. Each piece roll nicely and place them in a baking pan. Brush them with some water, sprinkle some seeds and bake the rolls in a preheated oven at 200C. Bake them for 20-25 minutes or until nicely golden brown.

Immediately when they get out of the oven, spritz them with water, cover them with a towel and let them cool a bit until you serve them.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s