Полнети земички со фета сирење (Margarete) | Soft Buns with Feta Cheese [♫Vladino Oro – Duke Bojadziev]

♫Vladino Oro – Duke Bojadziev♫

(en is below)

Тесто – обожавам! Лелеее луѓе… Кифли, буреци, банички, лепче, мекици, пити… Можам да ги јадам секој ден и тоа за секој оброк. Овие земички ми се увртеа во глава и следното утро едноставно морав да ги направам. Не можам да ви опшам колку беа вкусни и меки. Направете ги и изненадете некого или најубаво – изненадете се самите себе откако ќе ги направите. Послужете ги со ајвар, сиренце и чаша јогурт.

Полнети земички со фета сирење (Margarete)

Состојки: 

  • 800 грама + брашно
  • 2 јајца
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 150 гр путер
  • 300-350 мл млака вода (може да ставите млеко, јогурт или кисело млеко)

За фил:

  • 200 грама фета сирење
  • 1 белка од јајце
  • сусам и ким за посипување

Подготовка:

Во млаката вода, ставете ги квасецот и шеќерот. Оставете да се активира квасецот 5-10 минути. Во длабок сад, ставете ги брашното (не цело, околу 600 грама, за почеток), прашокот за печиво и солта. Измешајте. Во садот ставете ги јајцата и смесата од квасец, па замесете тесто. Откако ќе се оформи тесто, ставете го путерот и убаво месете додека да се инкорпорира во тестото. Додавајте брашно по потреба додека да замесите меко, мазно и еластично тесто. Покријте го тестото со кујнска крпа и оставете го да нарасне 2 часа на топло место.

Откако ќе нарасне, премесете го, поделете го на два дела и расукајте го првиот дел со сукало со дебелина од 2 цм. Со чаша, вадете тркалезни облици. Во тавче обложено со хартија за печење, ставете едно тркалезно парче тесто, премачкајте го со изматена белка и врз него ставете уште едно тркалезно парче тесто. Со дно од чаша (набрашнета малку, за да не се лепи) направете вдлабнатина. Премачкајте ги со изматена белка, ставете една лажица од филот од фета сирење и попрскајте ги малку со сусам и ким од горе, по желба.

Ставете ги да се печат во рерна загреана на 220 Целзиусови степени, 15-20 минути, додека да фатат боја и бидат испечени.

Cabrs Can’t imagine my life without them. These lovely buns, made my day yesterday, even though I ate just one and the other ones I gave to my family. Soft, fluffy, pillowy clouds filled with salty feta cheese. If you want to enjoy them the traditional way, serve them with ajvar, some cheese and a glass of yoghurt. Nazdravje! 🙂

Soft Buns with Feta Cheese

Ingredients:

  • 800 grams + flour
  • 2 eggs
  • 1 packet dry yeast
  • 1 packet baking powder
  • 1 tablespoon salt
  • 1 tablespoon sugar
  • 150 grams butter
  • 300-350 ml warm water (you can use milk, greek yoghurt or buttermilk)

Filling:

  • 200 grams feta cheese
  • 1 egg white
  • sesame seeds and cumin seeds

Prep:

In a small pot, heat the water and add the yeast and sugar. Let it sit for 5-10 minutes until the yeast is activated.

In a large bowl, add the flour, baking powder and salt. Mix until combined. Add the eggs, yeast mixture and mix everything until dough-like forms. Add the butter and start incorporating the butter into the dough. Kneed until you get soft, elastic and smooth dough. Cover it with a clean kitchen towel and let the dough rise for 2 hours.

Divide the dough in two. Roll each ball of dough with a rolling pin in circle in 2 cm thickness. Using a glass, cut out circle shapes, place them on a baking dish covered with baking paper, brush them with egg white and place another circle shape dough on top. With another small glass (dipped in flour) form indentation in every bun. Fill them with 1 tablespoon of the feta cheese-filling, brush them with egg white, sprinkle some sesame seeds and cumin seeds. Bake them in a pre-heated oven at 220C for 15-20 minutes. 

Advertisements

One thought on “Полнети земички со фета сирење (Margarete) | Soft Buns with Feta Cheese [♫Vladino Oro – Duke Bojadziev]

  1. Looks delicious 🙂 And what is interesting. I just published Mulgi Korbid recipe. idea is similar, but with local touch. World is small and big 🙂

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s