Фалафел сендвич | Falafel Sandwich [♫Maktub – Já estava escrito]

♫Maktub – Já estava escrito♫

(en is below)

Фалафел сендвич, за прв пат, пробав во сендвичарата „Нино“, кај плоштад „Македонија“. Тогаш, ми изгледаше како највкусниот сендвич што некогаш сум го пробала. Многу салати, сосови, лепче со семки… тој сендвич навистина ми беше вистинско уживање додека го јадев, односно додека не научив да си го подготвувам дома. Од денешна перспектива, плескавицата од леблебија кај „Нино“ беше многу мрсна, а фалафел ќофтињата ако се подготват како што треба, никогаш не се мрсни.%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-4

Фалафел ќофтињата се одлични за тие што сакаат да го заменат месото со исхраната или што сакаат да направат пауза од него. Најчесто се ставаат во сендвич или се јадат како мезе. Рецептов е 100% проверен и лично ве охрабрувам да го пробате. Сигурна сум дека ќе ги засакате, акко досега никогаш не сте ги пробале овие вкусни ќофтиња од леблебија: %d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-7

Фалафел сендвич

Состојки: 

  • 250 грама наут (сурова леблебија), киснет преку ноќ
  • 1 главица кромид, ситно исечкана
  • 3-4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 врзоп магоднос
  • 1/2 врзоп коријандер
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 3-4 лажици брашно
  • сол, бибер

Подготовка: Леблебијата убаво измијте ја, неколку пати, налејте вода и оставете ја да кисне преку ноќ (најмалку 18 часа).

Следниот ден, исцедете ја леблебијата и заедно со кромидот, лукот и зачините, ставете ги во блендер. Блендајте за да добиете смеса како тесто. Ако смесата е многу сува, ставете 1-2 лажици вода. Посебно измиксајте ги магдоносот и коријандерот за да добиете паста од зачините. Пастата измешајте ја со смесата од леблебија. Пробајте ја на вкус и зачинете, ако треба. Од смесата формирајте мали топчиња, редете ги на хартија за печење, за да не се залепат. Секое ќофте пржете го во загреано масло, додека да порумени.

Испржените ќофтиња, редете ги на кујнска хартија и додека се топли посолете ги и ставете малку лимонов сок врз нив. Послужете ги во пита, како мене, со многу свеж зелечнук, сос од павлака и закиселен кромид или со прилог од компири или зеленчук. %d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-6

Falafel sandwich is one of my favorite vegetarian sandwiches out there. These yummy chickpeas balls are perfect in a pita bread or for mezze with some tahini sauce on the side. I know that some of you make them regularly, but for the other ones out there, that never had tried them before, here is the recipe for you: 
%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-3Falafel Sandwich

Ingredients: 

  • 250 grams raw chickpeas, soaked in water overnight
  • 1 onion, chopped
  • 3-4 garlic cloves, minced
  • 1 bunch parsley
  • 1/2 bunch coriander
  • 3-4 tablespoons flour
  • 1 teaspoon dried red pepper
  • salt and pepper

Prep: Wash very well the chickpeas and soak them in cold water, overnight.

The next day, drain them and place them in food processor, with the onion and garlic. Blend until a dough like out of the chickpeas. If the dough is too dry, add few tablespoons of water. Separately, in a blender, blend the parsley and coriander until paste forms. Combine the herb paste and the chickpeas dough until everything is well mixed. Form small balls out of the dough and place them on a parchment paper. In a large pot, add some sunflower oil to heat. Fry the falafel balls until they are golden brown. When they are still hot, season them with salt and squeeze some lemon juice over them.

These falafel balls you can serve them with some steamed vegetables or potatoes, or you can place them in a pita bread, spread some yoghurt based sauce, fresh vegetables and some pickled onion (like I did 🙂 )%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-7

Печени компири | Simple roasted potatoes [♫Rick Astley – Never Gonna Give You Up]

♫Rick Astley – Never Gonna Give You Up♫

(en is below)

%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-3Слободно можам самата да се наречам кралица на компирите! Не затоа што ги подготвувам најубаво ^_^ туку затоа што обожавам да ги јадам! Печени, варени, пржени, со зелечнук, со месо, заедно со печен ориз (да, да 🙂 )во секоја комбинација сакам да имам компири на трпезата. Млади пржени компириња со изрендано овчо сирење или пире од компири со ќофтиња или печени компирчиња со шопска салата…. Можам да набројувам со часови 🙂

Овие печени компирчиња ги правам секогаш кога сакам крцкави од надвор, а меки од внатре компирчиња. Секогаш излегуваат совршени! Ама баш секогаш! Многу од вас го баравте рецептот (т.е трикот) за нив, па затоа, го споделувам со сите вас:

%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-2Печени компири

Состојки: 

  • компири (овие се најдобри за печење)
  • маслиново масло
  • сол

Подготовка:

Компирите убаво измијте ги и излупете ги. Пресечете ги на парчиња, тркалца или оставете ги цели (ако се помали). Во тенџече, ставете вода да зоврие. Посолете ја водата и ставете ги компирите да се варат. Варете ги компирите на средна температура околу 8-10 минути. Исцедете ги од водата и веднаш уште додека се топли префрлете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење. Посолете ги и попрскајте ги со маслиново масло. По желба, ставете им други зачини (бибер, копар, оригано…). Ставете ги да се печат во рерна загреана на 220 Целзиусови степени и печете ги околу 25-30 минути, додека да фатат крцкава коричка од горе. %d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-4

I love potatoes. Potatoes are my life and love! 🙂 Roasted, boiled, fried… Omg! Potato queen over here 😀 Whenever I crave roasted potatoes, I always make them this way! The trick is in boiling them first and them roasting them. That is what makes them crispy on the outside and fluffy on the inside. Just pure perfection! Here is the recipe (or more the trick) for the nicest yet the simplest roasted potatoes:

%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-3Simple Roasted Potatoes

Ingredients:

  • potatoes (Yukon gold are the best!)
  • olive oil
  • salt

Prep: Wash and peel the potatoes. Cut them into chunks or leave them whole) if they are small or medium size. Fill one big pot with water to boil. Add salt and when the water is boiling, put the potatoes into the pot. Boil them for 8-10 minutes. Drain them from the water and while they are still hot, place them in a pan lined with baking paper. Season with salt  (or with something else like oregano, dill..), drizzle some olive oil and place them in a preheated oven to 230C to roast for 25-30 minutes or until they are crunchy on the outside. %d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-roasted-potatoes-4

Сицилијанска пица | Sicilian Square Pizza [♫Carla Bruni – You Belong To Me]

♫Carla Bruni – You Belong To Me♫

(en is below)

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-5Ако морам да бирам, секогаш ќе одберам коцкаста пица пред округла. Таа ми е некако многу повкусна од тркалезната. Можеби затоа што тестото е подебелко, а не тенко. Со доматен сос (секогаш домашен), многу лук и моцарела, тешко да се најде некој кој може да и’ одолее на пицава. Не се фалам, ама изгледа навистина импресивно, нели? ^_^ Пробајте да направите домашно тесто, домашен доматен сос и верувајте дека ќе заборавите на сите пица деливери и буквално ќе се заљубите во неа. Рецептов е 100% проверен, вреди пари, ама јас го споделувам со вас со голема љубов:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-4Сицилијанска пица

Состојки:

Тесто:

  • 3+ 1/2 шолја брашно
  • 1+ 1/3 шолја топла вода
  • 1 пакетче квасец
  • 1 лажица мед (или шеќер)
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици маслиново масло

Сос од домати:

  • 1 голема конзерва од домати (пелати)
  • 2 големи главици кромид, ситно исечкани
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица концентрат од домати
  • прстофат оригано, босилек и нане
  • сол и бибер

Фил:

  • 2 топки моцарела
  • 6 чешниња лук (ако јадете лукче)
  • рукола и чери патлиџанчиња, по желба

Подготовка:

Прво, направете го тестото. Просејте ги брашното и солта во длабок сад. Ставете го маслиново масло. Во топлата вода ставете го медот, промешајте и додадете го квасецот. Кога ќе нарасне, додадете го во брашното и полека мешајте со дрвена лажица додека да се формира топка. Потоа, месете го тестото со рака околу 10-15 минути, односно додека а биде меко, еластично и нелепливо. Намачкајте го со маслиново, покријте го со крпа и оставете да нараснува на топло околу 1 час.

Направете го доматиот сос. Во тавче за сос, ставете маслиново масло. Ставете ги кромидот и лукот да се пржат додека да омекнат. Додадете ги пелатите, наполнете ја конзервата со вода, додадете ја во тенџерето, ставете ги шеќерот, солта, биберот, зачините и концентратот. Измешајте убаво, покријте со капак и оставете да крчка околу 20-25 минути, додека да се згуне сосот. Кога ќе се згусне, изблендајте го сосот со рачен блендер или во миксер и оставете да се олади пред да го користите.

Во коцкасто тавче, ставете маслиново малку. Ставете ги тестото и убаво распоредете го на цело тавче. Ставете од сосот, ставете моцарела, наредете го лукчето. Попрскајте со маслиново масло и ставете ја пицата да се пече во добро загреана рерна на 250 Целзиусови степени. Кога ќе биде печена, ставете рукола и чери од горе и послужете. %d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-3

I love pizza. So much. Especially this square one is my favorite. With lots of garlic and mozzarella. This is my to go pizza dough and pizza sauce that I make all the time. I am sharing with you this lovely recipe with you. Write it or save it in bookmarks and you will be forever grateful with me:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-6Sicilian Square Pizza

Dough

Ingredients:

  • 3 + 1/2 cup of flour
  • 1 + 1/3 cup of warm water
  • 1 tablespoon of honey
  • 1 teaspoon of salt
  • 3 tablespoons evoo
  • 1 packet of instant yeast or 40 grams of fresh yeast

Tomato sauce:

Ingredients: 

  • 1 tin of canned tomatoes + water
  • 2 large chopped onions
  • 4 cloves of garlic
  • salt and pepper
  • oregano, mint and basil
  • evoo

Filling:

  • 2 mozzarella balls
  • 6 garlic cloves
  • arugula and cherry tomatoes

Prep:

Stir in the honey and yeast in the warm water. Let it rise for 10 minutes. Sift the flour in a large bowl and add the salt. Stir to incorporate the salt into the flour. After 10 minutes, add the yeast mixture. First, stir with a wooden spoon to combine all together and then kneed with your hands. Kneed the dough for 10-15 minutes or until bouncy and elastic. At the end, incorporate the evoo, cover with towel and let it rise for 1 hour or until doubled in size.

Put some evoo in a large pan. Add the chopped onions and garlic. Cook them until soft. Add the liquids – tomatoes and water, season with dried herbs, cover with a lid and cook for 20 minutes or until the sauce is thick. When the sauce is done, let it cool.

Put some evoo in squared baking pan. Place the dough. Put some sauce, mozzarella, sliced garlic and extra evoo. Bake on 250 C for 10 minutes or until the crust is crispy and golden. Add some arugula, cherry tomatoes and drizzle evoo.%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-7

Simple Onion Rings | Прстени од кромид [♫Queen – Don’t Stop Me Now]

♫Queen – Don’t Stop Me Now♫

(en is below)

Ретко кога пржам нешто во многу зејтин. Похувани јадења во јајце, брашно и презла преферирам да нарачам во кафана или ресторан. Едноставно не сакам да се занимавам со хаосот кој настанува кога се похува нешто дома. Но, има и такви денови т.н cheat days! кога можам да пржам се! Пилешки прсти, пилешки стекови, маслинки, зденки, пиперки со урда, кромид… И се тоа да изедам! 🙂 Добро, не баш се, ама така е зборот. Вообичаено, досега секогаш кога сум похувала прстени од кромид, смесата за похување ми се двоела од кромидот и тоа страшно ме нервира. Но, затоа, го пронајдов совршениот рецепт за похуван кромид. Прстените се тооолку многу крцкави, смесата за похување не се двои од кромидот и вкусот е едноставно многу вкусен! Не ми беше во план да споделам ваков (навидум) лесен рецепт со вас, но си помислив дека можеби и некој друг го нервира тоа што смесата се двои од кромиодот, па решив да го споделам со вас овој рецепт и повеќе, начин, како да направите најкрцкави прстени од кромид:

simple-onion-rings-%d0%bf%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4-2Прстени од кромид

Состојки: 

  • 2 главици кромид
  • 1 шолја бело брашно
  • 1/2 шолја густин (нишесте)
  • 2 лажици инстант пире од компири
  • 2 шолји кисела вода
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица чили во прав
  • 2 шолји лебни трошки
  • масло за пржење (сончогледово)

Подготовка: Кромидот излупете го и исечете го на подебели прстени. Во длабок сад ставете ги брашното, густинот, инстант пирето, водата и зачините. Со жица за матење убаво измешајте за да се добие еднолична смеса. Смесата треба да биде густа, не ретка. Ставете 200 мл масло да се загрее во подлабоко тенџере. Секој прстен од кромид брцнете го прво во течната смеса, па потоа во презлата. Вака, ставете ги да се пржат во загреаното масло додека да поруменат. Не го преполнувајте тенџерето, затоа што ако се преполни ќе се намали температурата на зејтинот и прстените ќе бидат многу мрсни. Затоа, ставајте по малку. Готовите прстени од кромид ставајте ги на чинија обложена со кујнска хартија. Додека се топли, посолете ги. simple-onion-rings-%d0%bf%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4-3Сервирајте како мезе. Јас ги јадев со овој домашен бургер од печурки ^_^ simple-onion-rings-%d0%bf%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4-4

characters and was partially checked
characters and was partially checked
Oh my, oh my! I didn’t even plan to write about something simple as these onion rings, but I feel like I have to share this killer recipe for simple yet perfect onion rings. In the past, whenever I fried something like onion rings or olives, the batter always fell down from the onion/olive and I was frustrated! Did that ever happened to you? I don’t even fry these kind of food at home, but when I decide to do it, I crave for some crunchy onion rings. This recipe I found online, but I adapted it accordingly. It makes for one perfect batch of amazingly crispy, crunchy and delicious onion rings..

Eat moderately 😀 I don’t want to be involved in your high cholesterol 😀

simple-onion-rings-%d0%bf%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4-5Simple Onion Rings

Ingredients:

  • 2 large onions, sliced into thick rings
  • 1 cup flour
  • 1/2 cup cornstarch
  • 2 tablespoons instant potato mash
  • 2 cups sparkling water
  • 1 teaspoon smoked paprika
  • 1 teaspoon chili powder
  • 2 cups breadcrumbs
  • oil for frying

Prep: In a large bowl, add all the ingredients, except the breadcrumbs. Mix until combined. The mixture should be thick, so fell free to add less water, if needed. In a large pot, put 3 cups oil (sunflower). Dip one onion ring into the wet mixture and then in the breadcrumbs until well coated. When the oil is hot, fry the onion rings. Do not overcrowd the pot with too much onion rings, because the oil temperature will drop low. When the onion rings are fried, put them on a plate with kitchen paper to drain the excess oil. While they are hot, sprinkle some salt. simple-onion-rings-%d0%bf%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4-1Serve like mezze or as a side with mushroom burger. simple-onion-rings-%d0%bf%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4-4

Суши со зеленчук | Veggie Sushi [♫Alannah Myles – Black Velvet]

♫Alannah Myles – Black Velvet♫

(en is below)

Прв пат пробав суши во Шведска. Беше вистински life changer за мене во поглед на тоа како светската храна изгледа. Еве ви слика, да ви доловам како изгледаше па после ќе продолжиме: sushi-plate

Ааа?! Пуффф! Ова беше нешто фемоменално! Лососот беше толку мек, што просто се распаѓаше во уста. Оризот беше вкусен и совршено се двоеше на зрнца. Оваа чинија беше т.н чинија суши за почетници. Оттогаш, постојано сум во потрага по добро суши. Последно патување ми беше во Белград и таму си купив суши:

sushi-belgrade

Во Скопје, сум слушнала дека во Сушико прават квалитетно, добро и вкусно суши, но цените им се тооолку нереални и високи што не сум отишла до сега никогаш. Во поглед на свежата риба, свеж лосос набавуваат само најквалитетните ресторани во Скопје. А, бидејќи и мојата желба за риба и месо изминативе две месеци е слаба (некој микс сум периодов од веган и вегетаријанец), затоа решив да го рекреирам моето искуство во Шведска и да си направам суши ама веганско ^_^  Трикот е во совршено сварен ориз (види долу како) и тоа е! Имате суши!

Пс. Ако најдете некаде wild salmon, обавезно купете го, исечете го многу тенко (како на сликата) и ставете го во сушито 🙂 Тоа не се пропушта!

Суши со зеленчук | Veggie SushiСуши со зеленчук

Состојки:

  • 2 шолји ориз, сварен (1:1)
  • прелив за ориз (2 лажици оцет, 1 лажиче шеќер, 1/2 лажиче сол)
  • листови нори алга
  • зеленчук по желба (краставица, морков, печурки, млад кромид, зелка, авокадо)

Подготовка: Прво, подгответе го оризот. Две шолји ориз убаво измијте ги под млаз ладна вода додека не излезе скробот од нив. Ставете го оризот во тенџерче, налејте 2 шолји ладна вода и оставете да се вари на средна температура. Кога оризот ќе биде сварен, ставајте малку по малку од преливот со оцет, шеќер и сол врз топлиот ориз и со лажица мешајте пополека за да не се раздробат оризовите зрна. Ставете го оризот во широк сад за да се олади.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Подгответе ги зеленчуците. Измијте ги и исечкајте ги на мали стапчиња. Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Земете еден лист нори алга и свртете ја од рапавата страна. Ставете слој ориз (имајте и чинивче со вода додека го ставате оризот, затоа што многу се лепи), врз него наредете зеленчуци и внимателно свиткајте во ролат. На краевите ставете малку вода за да се залепи алгата една со друга. Со остар нож пресечете парчиња. Послужете со соја сос.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

First time I tried sushi in Sweden. We were visiting friends and family and Pia introduced us to one very cute place in Stockholm (i don’t remember the name). We ordered “sushi for beginners” along with some miso soup. I immediately, I fell in love with the sushi! Sushi Stockholm

From that moment on, I am in a constant search of sushi wherever I go. My last trip was in Belgrade and I ordered sushi to go and it was yummy, too.

sushi-belgrade

Here in Skopje, fresh salmon is bought by fancy restaurants. In the supermarkets, you can rarely find good, quality salmon, and wild salmon I don’t think it exist here. There is one sushi place in Skopje where (as they say) make good quality sushi, but because it is too expensive, I have never been there. Also, theses few months, I don’t eat much meat, fish and diary (just a period, nothing serious 🙂 )and that is why I decided to indulge myself in a vegan sushi ^_^ Here is my recipe and the method of preparing:

Ps. If you have wild salmon where you live, buy it and put it in the sushi! Life changer!

Суши со зеленчук | Veggie Sushi
Veggie Sushi

Ingredients:

  • 2 cups rice (cooked with ratio 1:1)
  • rice seasoning (2 tablespoons rice vinegar, 1 teaspoon sugar, 1/2 teaspoon salt)
  • nori sheets
  • vegetables of choice (mushrooms, cucumber, avocado, spring onion, carrot)

Prep: First, rinse the rice very well from the starch under cold running water. Put the rice in a pan, cover with 2 cups of cold water and cook for 25-30 minutes or until the rice is cooked al dente. When the rice is cooked, pour tablespoon at a time from the rice seasoning and stir carefully. Transfer the rice in a shallow dish to cool down.

Chop the vegetables in matches.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

On the rough surface of nori, spread some rice (tip: have some water aside, because the rice sticks to the hands), arrange some vegetables and roll out. Slice the roll with a sharp knife. Serve with soy sauce.Суши со зеленчук | Veggie Sushi

Кремасто пире од компири | Simple Mashed Potatoes [♫Michael Jackson – Smooth Criminal]

♫Michael Jackson – Smooth Criminal♫

(en is below)

Јас сум самопрогласена кралица на компирите. Компири едноставно обожавам и можам да ги јадам секој ден. Кога бев малечка и кога мајка ми ќе правеше пире, мене ми ја даваше полесната работа од целиот процес – лупење компири и тест проба. До ден денес, таа го прави исто пирето. Совршено кремасто и многу многу вкусно. Постојано сум во потрага во најдобрите рецепти со компири, па затоа со вас го споделувам мојот (т.е на мајка ми 🙂 ) најдобар рецепт за пире компир.

%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-2Кремасто пире од компири

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 мл млеко
  • 3 лажици путер
  • сол

Подготовка: Компирите убаво измијте ги и ставете ги во тенџере со вода да се сварат убаво додека да бидат меки, скоро распаднати. Во ѓезве или мало тенџерче, ставете ги путерот и млекото да се растопат. Сварените исцедете ги од водата, излупете ги вратете ги назад во топлото тенџере. Со алатка за пире, згмечете ги компирите. Додадете ја течноста од млеко и путер, посолете ги продолжете да гмечите со алатката додека да добиете кремасто пире. Пробајте на вкус за сол и сервирајте додека е топло.%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-6

Sometimes, I imagine myself eating a huge bowl of mashed potatoes with a large spoon, like it’s the best tasting ice cream. Few days ago, this imagination of mine, became a reality. I was craving so bad for warm mashed potatoes, buttery and creamy, perfectly seasoned. I boiled exactly 1 kilo of potatoes and made myself a perfect mashed potatoes. Dreams do come true, see? 😀

I, myself, am self proclaimed potato queen. I love potato everything. I can eat that gold/purple/yellow gem everyday for breakfast, lunch or dinner. I love potatoes so much. I am always for a endless search of the best potato recipes. My mom made the best mashed potatoes and she always made them this way. When I was a little girl, she gave me small tasks, like peeling the potatoes or tasting for salt. She prepared this humble dish once a week. Today, I am sharing with you my recipe (my mom’s, to be precise) for a simple mashed potatoes:

%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-4Simple Mashed Potatoes

Ingredients:

  • 1 kg russet potatoes
  • 250 ml milk
  • 3 tablespoons butter
  • salt, to taste

Prep: Wash the potatoes and put them in a large pot. Cover with cold water and boil them until completely tender. In a small pot, add milk and butter and melt them on the stove. Drain the water, peel the potatoes and put them back in the same pot. Using a potato masher, mash the potatoes, gradually adding the liquid. Mash until well combined. Salt to taste and serve while it is still warm.%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-simple-mashed-potatoes-3

Корејски бибимбап – Korean Bibimbap Bowl [♫The Smiths – Bigmouth strikes again]

♫The Smiths – Bigmouth strikes again♫

(en is below)

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-1Во последно време, многу сум заинтересирана за корејската кујна. Обожавам здели полни со оривче и зеленчук и многу лут сос. Луто кимчи и длабоки чинии полни со супа со мевце, зеленчук  и меко варени јајца. Ова корејско јадење го направив кога немав никаква идеја за ручек, па веднаш ми текна на ова здраво јадење, со потекло од Кореја. Зборот „bibimbap“ значи мешан ориз, а и по сликата може да видите зашто го добил ова име. Пред да се јаде, се мешаат сите состојки со оризот и заедно со малку лут сос, се оди така совршено заедно. Многу е здраво (уште ако го направите со интегрален ориз … мх, мх) и вкусно. Ако сакате и имате време, направете го, споделете ја сликата на Инстагам и тагнете ме да ја видам на мојот Инстаграм профил @TeaTrpovska.

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-5Корејски бибимбап

Состојки:

  • 2 шолји сварен ориз
  • зеленчук, по избор (јас користев: пржени печурки, обарен спанаќ со лук, свеж морков, свеж млад кромид, печени црвени пиперки)
  • кисела зелка или ако имате, најдобро кимчи
  • Sriracha сос
  • пржено јајце
  • сусам, соја сос, бибер, сусам

Подготовка: Оризот убаво измијте го неколку пати во ладна вода додека да излезе чиста, проѕирна вода од него. Ставете го во тенџере и на една шолја ориз налејте една шолја ладна вода. Поклопете со капајк и варете на среден оган, додека да испари целата вода и оризот биде сварен. За тоа време, подгответе ги зеленчуците. Спанаќот убаво измијте го и обарете го или пропржете го на малку маслиново со лукче. Печурките исто така пропржете ги на маслиново со лукче. Морковот и младото кромидче исечкајте ги на долгнавести парчиња. Пиперките испечете ги. Кога оризот ќе биде сварен, ставете го во длабок сад, зачинете го со сол и од горе редете ги во круг зеленчуците. Врз нив, ставете едно испржено јајце, кисела зелка или кимчи и малку sriracha или друг лут сос.

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-3

I am very interested in Korean cuisine these days. I am a sucker for huge bowls full of hot soup with pieces of meat, vegetables and hot sauce, steamed rice with vegetables and spicy kimchi. This bowl of yumminess happend few days ago, when I had absolutely no idea what to cook for lunch, after my third shift of work. So, I needed a comfort food, bowl of steamy rice with mixed vegetables. Immediately, I started cooking the rice and my perfect meal was ready in 1 hour. Give this healthy recipe a try, take a picture, share it on Instagram and tag me at @TeaTrpovska

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-5Korean Bibimbap Bowl

Ingredients: 

  • 2 cups cooked rice
  • vegetables of choice (I used sautéed mushrooms with garlic,  sautéed spinach, grilled red peppers, kimchi or sauerkraut, carrot and green onion)
  • Sriracha sauce
  • fried egg
  • salt, pepper, sesame seeds, soy sauce

Prep: Wash the rice until the water comes clear. Cook 1 cup of rice with 1 cup water in a pot. Cook until the water evaporates and the grains of rice are al dente. Prep the vegetables. Fry one egg. Assemble the bowl: put the rice in the bowl and arrange the vegetables. Put the egg on top, put some sriracha and season with soy sauce and toasted sesame seeds.%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%bf-korean-bibimbap-4

Палента пица | Polenta Pizza Crust [♫Abba – Take A Chance On Me]

♫Abba – Take A Chance On Me♫

(en is below)

Ако ме следите подолго на блогот, верувам дека знаете за тоа колку сакам да правам и да јадам пица! Пица обожавам да јадам и тоа со секакви филови. Со сувомеснато, со сирења и кашкавали, со зеленчук со се! Но, понекогаш на моето тело му треба мала пауза од многу тесто и тежки и мрсни филови, па затоа оваа пица од палента е супер замена за оние кои не можат или не сакаат да јадат глутен, а уште ако одлучите да не ставите млечни производи, ова ќе биде и веганска  – супер здрава – пица. #ПицаБезВина%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-4

Јас израснав со палента за вечера. Мајка ми ни правеше палента на сите за вечера, со сиренце (штедливо изрендано 🙂 ) и јас си ставав (а, и денес ставам) многу кечап. Тоа ми беше омилено јадење за вечера или појадок. Подоцна, кога научив сама да си правам палента, ставав путер и млеко, наместо само вода во текот на варењето и беше навистина повкусна. Мајка ми сè уште ја прави на ист начин и до ден денес јас таква и со задоволство ја јадам.

Оваа варијација на пица е мој предлог за здрав ручек. Ако сте љубител на палента, со сигурност ќе ви се допадне ова јадење. Состојките за фил одберете си ги сами, јас ставив што јас сакам да јадам и имав во фрижидер, а истото направете го и вие.

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-2Палента пица

Состојки:

  • 1 шолја палента
  • 4 шолји вода
  • 1 лажиче сол
  • маслиново масло
  • фил за пица: домати, кромид, маслинки, моцарела, босилек, лук, доматен сос

Подготовка: Во тенџере ставете водата да се загрее. Посолете. Кога ќе почне да врие водата, ставете ја палентата, тргнете од оган и мешајте додека да се згусне. Намалете ја ринглата и варете ја палентата, мешајќи околу 5 минути. Кога ќе се згусне, ставете го маслиновото масло. На тавче за печење, ставете хартија за печење и претурете ја палентата.Со лажица и со раце (ако е оладена) формирајте тркалезен облик. Ставете доматен сос и наредете ги состојките за пицата. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-11Ставете ја пицата да се пече во рерна загреана на 180 Целзиусови степени, кратко, само колку да се запечат зеленчуците и да се растопи моцарелата. Сервирајте ја топла, исто како пица.%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-6

I grew up eating polenta for dinner. When I was living with my parents, my mom used to prepare polenta for all of us for dinner and sometimes for breakfast. With (stingy) grated white cheese (sirenje) and a lot of ketchup (always a must-have ingredient when I eat polenta). Polenta is truly a comfort dish for me, especially when is prepared by my mom – with water and margarine. When I learnt how to cook and prepared polenta for the first time, I used butter and milk and the taste was much better. However, the childhood memories will remain always in me and I gladly eat polenta whenever I visit my parents house.

This polenta pizza came out of nowhere. As you already know, I love pizza very very very much, but sometimes I try to hold on a bit on the flour component. So, this pizza came out perfectly for me. I found this recipe somewhere on the internet and I was very surprised that this dish even existed. If you omit the dairy, this will be gluten free and vegan, also. I highly recommend giving this pizza a try. Fill it with whatever topping you like or have in the fridge. #GuiltFreePizza

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-1Polenta Pizza Crust

Ingredients: 

  • 1 cup cornmeal
  • 4 cups water
  • salt
  • evoo
  • Toppings for pizza: tomato sauce, basil, mozzarella, tomato, onion, olives, garlic…

Prep:  In a saucepan, bring the water to boil. After the water boils, put some salt and add the cornmeal. Stir vigorously, lower the heat and cook 5 minutes or until the polenta has thicken.  At the end, add some evoo. Transfer the mixture on a pan lined with baking paper and form a circle shape. Start assembling the pizza with tomato sauce and ingredients of your choice. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-10Bake the pizza in a preheated oven on 180C just until the cheese is melted. Serve with some basil while is still warm. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-9

Брускети со смокви и козјо сирење | Fig and Goat Cheese Bruschetta [♫Nat King Cole – Unforgettable]

♫Nat King Cole – Unforgettable♫

(en is below)

%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%b7%d1%98%d0%be-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-fig-and-goat-cheese-brusЈас обожавам благо-солени комбинации. Козјо сирење исто така обожавам и го комбинирам и со лути, но и со благи комбинации. Козјо сирење одлично оди со лут сос, но уште повеќе со мед и смокви. Ако не сте пробале до сега, еве ви прилика. Овие брускети ги направив за една специјална прилика и сите, ама баш сите ми ги пофалија 🙂 Секогаш кога имам козјо сирење во фрижидер, сакам да го искористам најдобро што можам, па тоа го направив и овој пат. Едно калапче органско тврдо козјо сирење направи вистинска магија во комбинација со мед, свежи смокви и ореви. Еве го рецептот:

%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%b7%d1%98%d0%be-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-fig-and-goat-cheese-brusБрускети со смокви и козјо сирење

Состојки:

  • 1 багет, исечкан на парчиња
  • 250 гр козјо сирење (тврдо или меко)
  • 10-15 смокви
  • мед
  • неколку ореви (и семки, по желба)

Подготовка: Лепчињата наредете ги на тавче за печење и намачкајте ги со малку маслиново масло. Ставете ги да се печат во рерна загреана на 250 Целзиусови степени, кратко, само 2-3 минути. Во сад, згмечете ги зрелите смокви и со џемот мачкајате ги топлите лепчиња. Врз секое лепче, ставете едно парче козјо сирење и попрскајте со мед. Ако е медот густ, стоплете го во тенџерче. Вака подготвени, ставете ги да се запечат во загреаната рерна на дополнителни 2-3 минути, односно додека сирењето не биде запечено од страните. На крај, ставете малку сечкани ореви и послужете ги.%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%b7%d1%98%d0%be-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-fig-and-goat-cheese-brus

I am so in love with the combination of fresh figs and goat cheese. In fact, I am more in love with the goat cheese itself. I love!!! goat cheese, especially the soft kind. It pairs perfectly with hot sauce and sweet stuff. When I have some goat cheese in the fridge, I always try to make the most and the best of it. In this case, I had some organic firm goat cheese and an idea pop in my mind – bruschetta! These bites were really, truly unforgettable. Here is the recipe:

%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%b7%d1%98%d0%be-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-fig-and-goat-cheese-brusFig and Goat Cheese Bruschetta

Ingredients: 

  • 1 French baguette
  • 250 grams goat cheese (soft or firm)
  • handful of walnuts (and some other seeds if you like)
  • runny honey
  • 10-15 fresh figs

Prep: Slice the baguette on thick slices. Each slice drizzle with some evoo. Put them on a baking tray and bake them in a preheated oven for 2-3 minutes. In a small bowl, with a fork crush the figs and spread this quick jam over the hot bread slices. Add a piece of cheese, drizzle some honey and put them back in the oven for additional 2-3 minutes or until the cheese is melted a bit. At the end, add some sliced walnuts and some seeds of your choice and serve.%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%b7%d1%98%d0%be-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-fig-and-goat-cheese-brus

Summer Rolls with Raw Vegetables | Летни оризови ролнички со свеж зеленчук [♫Calvin Harris – Summer]

♫Calvin Harris – Summer♫

(en is below)

За мене, нема поубав оброк во лето од ова. Пред две години, кога прв пат купив оризови листови, бев воодушевена од вкусот и начините за нивна подготовка. Вообичаено ги полнам со многу свеж зеленчук и сос од соја и лукче, но може да си ги филувате по ваш вкус. Секако, пофино би било ако се што е можно посвежо наполнети, затоа што оризовите листови се тенки и многу делиткатни, па потежок фил би било премногу. Ако сакате да се спасите (буквално!) од горештините со некој лесен, брз, вкусен, освежителен и летен ручек, топло ви го препорачувам мојот рецепт за летни оризови ролнички полнети со многу свеж зеленчук и многу вкусен дипинг сос со соја и лукче.

Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (9)Летни оризови ролнички со свеж зеленчук

Состојки: 

  • 1 пакување оризови листови
  • зеленчук по желба (морков, млад кромид, краставичка, кромид, црвена зелка, зелена зелка, пиперка, ајсберг) исечени на долгнавести парчиња
  • дипинг сос: 3 лажици маслиново, 1 лажица балсамико, 1 лажица соја сос, печен сусам, 1 чили пиперче и бибер

Подготовка: Прво, зелечнукот исечете го на долгнавести парчиња. Секој оризов лист, еден по еден, ставете го во широк сад со топла вода. Со раце, потопете го додека да омекне и да стане скоро проѕирен. Омекнатиот оризов лист ставете го на даска за сечење и почнете да го полните со зеленчукот, во средината. Потоа, завиткајте го како сармичка. Пресечете ги на половина и сервирајте ги во чинија. Направете го дресингот така што сите состојки ќе ги измешате во мала тегличка. Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (6)Пробајте на вкус и сервирајте во мал сад со печен сусам од горе.

When I first discovered rice sheets, I was literally amazed! Don’t find my amazingness strange – here, in Skopje things that are regular and usual for most of you, for us are like gems – rare and precious 😀 Like these rice paper sheets, for example. I found them in our supermarkets in Skopje, two year ago and I fell in love with them. They make one easy, fresh and fast summer lunch. I filled them with lot of fresh veggies and made one yummy soy sauce and garlic dipping sauce. These rainbow summer rolls were wonderful, especially eaten during the hot-hot-hot summer days in Skopje. If you want to know how I made them, here is the recipe: Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (8)


Summer Rolls with Raw Vegetables

Ingredients: 

  • 1 packet of rice sheets for rice rolls
  • vegetables of your choice (cabbage purple / green, spring onion, onion, peppers, iceberg lettuce, carrot, cucumber, avocado) sliced like matchsticks
  • dressing: 3 tablespoons evoo, 1 tablespoon soy sauce, 1 tablespoon balsamic, 1 chili pepper, 1 garlic clove, pepper, sesame seeds

Prep:  Wash, dry and cut your vegetable into matchsticks. Soak each rice paper in a warm water for 30 seconds until almost soft. Put each rice paper on a cutting board and start filling the middle of the rice paper. Roll like dolma. Set aside and continue with filling the rest. Cut them in half and serve them. Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (2)In a small jar, combine all the ingredients for the dressing. Shake and transfer into a serving bowl.Летни оризови ролнички со свеж зеленчук - Summer Rolls with Raw Vegetables (5)