Simple Strawberry Cake | Колач со јагоди [♫Strawberry Fields Forever-The Beatles]

♫Strawberry Fields Forever-The Beatles♫

(en is below)

Strawberry Cake - Колач со јагоди (3)Ова лесно и вкусно колаче ми беше омилено кога бев малечка. Мајка ми го прави со замрзнати вишни, а јас решив да го направам со јагоди. Во фрижидер имав свежи јагоди, па решив да ги искористам во ова мое колаче. Премногу лесен колач, вкусен и толку сочен (дури и по 4 денови!) кој одлично оди со попладневното турско кафе.

Strawberry Cake - Колач со јагоди (8)Колач со јагоди

Состојки:

  • 2 јајца
  • 400 грама брашно
  • 300 грама шеќер
  • 200 мл млеко
  • 150 мл масло за јадење
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 250-300 грама свежи (или замрзнати) јагоди (или било кое друго овошје)

Подготовка: Во длабок сад скршете ги јајцата. Ставете го шеќерот и матете со миксер. Додадете ги млекото, ванилиниот шеќер и маслото. Изматете. Додадете го брашното, прстофат сол и прашокот за печиво. Матете со миксер додека да се соединат состојките. На крај, додадете го овошјето и измешајте со лажица. Смесата претурете ја во тавче за печење претходно обложено со хартија за печење. Печете на 200 Целзиусови степени околу 35-40 минути, односно кога ќе биде печено (проверете со чепкалка за заби, ако излезе чиста кога ќе ја брцнете во средина, печено е колачето).Оставете малку да се олади, па потоа попрскајте со шеќер во прав. Сервирајте со шолја турско кафе.Strawberry Cake - Колач со јагоди (2)

This simple cake I made was my favorite when I was a child. My mom makes it with frozen cherries and now, I make it with strawberries. I had fresh strawberries on hand, so I decided to make some yummy cake. Super simple, easy to make, yummy and moist cake that goes perfectly with a cup of coffee (in my case, traditional Turkish coffee).

Strawberry Cake - Колач со јагоди (9)Simple Strawberry Cake

 Ingredients: 

  • 2 eggs
  • 400 grams of flour
  • 300 grams of sugar
  • 200 grams of milk
  • 150 ml vegetable oil
  • 1 packet of vanilla sugar
  • 1/2 packet of baking powder
  • 250-300 grams of fresh (or frozen) strawberries (or any other berry/fruit)

Prep: In a large bowl mix together the eggs with the sugar. Add the milk, oil and vanilla sugar. Mix. Add the flour and baking powder and mix well with mixer until combined. Add a pinch of salt and add the fruit. Mix with a spatula. Pour the mixture in a pan lined with baking paper. Tap the baking tray so the bubbles come out. Bake for 35-40 minutes on 200C or until the toothpick came out clean. Strawberry Cake - Колач со јагоди (6)Let it cool a bit and dust it with powdered sugar. Serve with a cup of Turkish coffee.Strawberry Cake - Колач со јагоди (5)