Сицилијанска пица | Sicilian Square Pizza [♫Carla Bruni – You Belong To Me]

♫Carla Bruni – You Belong To Me♫

(en is below)

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-5Ако морам да бирам, секогаш ќе одберам коцкаста пица пред округла. Таа ми е некако многу повкусна од тркалезната. Можеби затоа што тестото е подебелко, а не тенко. Со доматен сос (секогаш домашен), многу лук и моцарела, тешко да се најде некој кој може да и’ одолее на пицава. Не се фалам, ама изгледа навистина импресивно, нели? ^_^ Пробајте да направите домашно тесто, домашен доматен сос и верувајте дека ќе заборавите на сите пица деливери и буквално ќе се заљубите во неа. Рецептов е 100% проверен, вреди пари, ама јас го споделувам со вас со голема љубов:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-4Сицилијанска пица

Состојки:

Тесто:

  • 3+ 1/2 шолја брашно
  • 1+ 1/3 шолја топла вода
  • 1 пакетче квасец
  • 1 лажица мед (или шеќер)
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици маслиново масло

Сос од домати:

  • 1 голема конзерва од домати (пелати)
  • 2 големи главици кромид, ситно исечкани
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица концентрат од домати
  • прстофат оригано, босилек и нане
  • сол и бибер

Фил:

  • 2 топки моцарела
  • 6 чешниња лук (ако јадете лукче)
  • рукола и чери патлиџанчиња, по желба

Подготовка:

Прво, направете го тестото. Просејте ги брашното и солта во длабок сад. Ставете го маслиново масло. Во топлата вода ставете го медот, промешајте и додадете го квасецот. Кога ќе нарасне, додадете го во брашното и полека мешајте со дрвена лажица додека да се формира топка. Потоа, месете го тестото со рака околу 10-15 минути, односно додека а биде меко, еластично и нелепливо. Намачкајте го со маслиново, покријте го со крпа и оставете да нараснува на топло околу 1 час.

Направете го доматиот сос. Во тавче за сос, ставете маслиново масло. Ставете ги кромидот и лукот да се пржат додека да омекнат. Додадете ги пелатите, наполнете ја конзервата со вода, додадете ја во тенџерето, ставете ги шеќерот, солта, биберот, зачините и концентратот. Измешајте убаво, покријте со капак и оставете да крчка околу 20-25 минути, додека да се згуне сосот. Кога ќе се згусне, изблендајте го сосот со рачен блендер или во миксер и оставете да се олади пред да го користите.

Во коцкасто тавче, ставете маслиново малку. Ставете ги тестото и убаво распоредете го на цело тавче. Ставете од сосот, ставете моцарела, наредете го лукчето. Попрскајте со маслиново масло и ставете ја пицата да се пече во добро загреана рерна на 250 Целзиусови степени. Кога ќе биде печена, ставете рукола и чери од горе и послужете. %d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-3

I love pizza. So much. Especially this square one is my favorite. With lots of garlic and mozzarella. This is my to go pizza dough and pizza sauce that I make all the time. I am sharing with you this lovely recipe with you. Write it or save it in bookmarks and you will be forever grateful with me:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-6Sicilian Square Pizza

Dough

Ingredients:

  • 3 + 1/2 cup of flour
  • 1 + 1/3 cup of warm water
  • 1 tablespoon of honey
  • 1 teaspoon of salt
  • 3 tablespoons evoo
  • 1 packet of instant yeast or 40 grams of fresh yeast

Tomato sauce:

Ingredients: 

  • 1 tin of canned tomatoes + water
  • 2 large chopped onions
  • 4 cloves of garlic
  • salt and pepper
  • oregano, mint and basil
  • evoo

Filling:

  • 2 mozzarella balls
  • 6 garlic cloves
  • arugula and cherry tomatoes

Prep:

Stir in the honey and yeast in the warm water. Let it rise for 10 minutes. Sift the flour in a large bowl and add the salt. Stir to incorporate the salt into the flour. After 10 minutes, add the yeast mixture. First, stir with a wooden spoon to combine all together and then kneed with your hands. Kneed the dough for 10-15 minutes or until bouncy and elastic. At the end, incorporate the evoo, cover with towel and let it rise for 1 hour or until doubled in size.

Put some evoo in a large pan. Add the chopped onions and garlic. Cook them until soft. Add the liquids – tomatoes and water, season with dried herbs, cover with a lid and cook for 20 minutes or until the sauce is thick. When the sauce is done, let it cool.

Put some evoo in squared baking pan. Place the dough. Put some sauce, mozzarella, sliced garlic and extra evoo. Bake on 250 C for 10 minutes or until the crust is crispy and golden. Add some arugula, cherry tomatoes and drizzle evoo.%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-7

Палента пица | Polenta Pizza Crust [♫Abba – Take A Chance On Me]

♫Abba – Take A Chance On Me♫

(en is below)

Ако ме следите подолго на блогот, верувам дека знаете за тоа колку сакам да правам и да јадам пица! Пица обожавам да јадам и тоа со секакви филови. Со сувомеснато, со сирења и кашкавали, со зеленчук со се! Но, понекогаш на моето тело му треба мала пауза од многу тесто и тежки и мрсни филови, па затоа оваа пица од палента е супер замена за оние кои не можат или не сакаат да јадат глутен, а уште ако одлучите да не ставите млечни производи, ова ќе биде и веганска  – супер здрава – пица. #ПицаБезВина%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-4

Јас израснав со палента за вечера. Мајка ми ни правеше палента на сите за вечера, со сиренце (штедливо изрендано 🙂 ) и јас си ставав (а, и денес ставам) многу кечап. Тоа ми беше омилено јадење за вечера или појадок. Подоцна, кога научив сама да си правам палента, ставав путер и млеко, наместо само вода во текот на варењето и беше навистина повкусна. Мајка ми сè уште ја прави на ист начин и до ден денес јас таква и со задоволство ја јадам.

Оваа варијација на пица е мој предлог за здрав ручек. Ако сте љубител на палента, со сигурност ќе ви се допадне ова јадење. Состојките за фил одберете си ги сами, јас ставив што јас сакам да јадам и имав во фрижидер, а истото направете го и вие.

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-2Палента пица

Состојки:

  • 1 шолја палента
  • 4 шолји вода
  • 1 лажиче сол
  • маслиново масло
  • фил за пица: домати, кромид, маслинки, моцарела, босилек, лук, доматен сос

Подготовка: Во тенџере ставете водата да се загрее. Посолете. Кога ќе почне да врие водата, ставете ја палентата, тргнете од оган и мешајте додека да се згусне. Намалете ја ринглата и варете ја палентата, мешајќи околу 5 минути. Кога ќе се згусне, ставете го маслиновото масло. На тавче за печење, ставете хартија за печење и претурете ја палентата.Со лажица и со раце (ако е оладена) формирајте тркалезен облик. Ставете доматен сос и наредете ги состојките за пицата. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-11Ставете ја пицата да се пече во рерна загреана на 180 Целзиусови степени, кратко, само колку да се запечат зеленчуците и да се растопи моцарелата. Сервирајте ја топла, исто како пица.%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-6

I grew up eating polenta for dinner. When I was living with my parents, my mom used to prepare polenta for all of us for dinner and sometimes for breakfast. With (stingy) grated white cheese (sirenje) and a lot of ketchup (always a must-have ingredient when I eat polenta). Polenta is truly a comfort dish for me, especially when is prepared by my mom – with water and margarine. When I learnt how to cook and prepared polenta for the first time, I used butter and milk and the taste was much better. However, the childhood memories will remain always in me and I gladly eat polenta whenever I visit my parents house.

This polenta pizza came out of nowhere. As you already know, I love pizza very very very much, but sometimes I try to hold on a bit on the flour component. So, this pizza came out perfectly for me. I found this recipe somewhere on the internet and I was very surprised that this dish even existed. If you omit the dairy, this will be gluten free and vegan, also. I highly recommend giving this pizza a try. Fill it with whatever topping you like or have in the fridge. #GuiltFreePizza

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-1Polenta Pizza Crust

Ingredients: 

  • 1 cup cornmeal
  • 4 cups water
  • salt
  • evoo
  • Toppings for pizza: tomato sauce, basil, mozzarella, tomato, onion, olives, garlic…

Prep:  In a saucepan, bring the water to boil. After the water boils, put some salt and add the cornmeal. Stir vigorously, lower the heat and cook 5 minutes or until the polenta has thicken.  At the end, add some evoo. Transfer the mixture on a pan lined with baking paper and form a circle shape. Start assembling the pizza with tomato sauce and ingredients of your choice. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-10Bake the pizza in a preheated oven on 180C just until the cheese is melted. Serve with some basil while is still warm. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-9

Здраво Хрватска! – Hello Croatia! [♫Oliver Dragojević – Cesarica]|Фотографии | Photos

♫Oliver Dragojević – Cesarica♫

Ова лето, 2016, бев во Хрватска на летување. Храната, просто, ме воодушеви! Затоа, во прилог се само фотографии од вкусната (повеќе морска) храна во Хрватска. Ова не е целата хрватска кујна, туку само дел од јадењата кои јас ги пробав за време на мојот престој во различни градови.

This summer we enjoyed the Adriatic sea and went on a holiday on Dalmatian coast. The food was truly incredible! That is why I decided to share my meals with you during my stay there. Here is a post full of yummy!!! photos. This is not the whole Croatian cuisine, just the dishes I’ve tasted during my stay there.

Deep fried cod, potato salad and tartar sauce
Пржена бела риба со компир салата и тартар сос | Deep fried cod, potato salad and tartar sauce
Mushroom soup
Супа од сезонски печурки | Mushroom soup
Смокви | Figs
Смокви | Figs
Овошје | Fresh fruit on the beach
Овошје | Fresh fruit on the beach
Макарска паштицада | Veal in brown sauce with pasta
Макарска паштицада | Veal in brown sauce with pasta
Риба на скара | Grilled fish
Риба на скара | Grilled fish
Брускети со козјо сирење, смокви, ореви и мед | Bruschettas with goat cheese, walnuts, figs and honey
Брускети со козјо сирење, смокви, ореви и мед | Bruschettas with goat cheese, walnuts, figs and honey
Брускети со козјо сирење, смокви, ореви и мед | Bruschettas with goat cheese, walnuts, figs and honey
Брускети со козјо сирење, смокви, ореви и мед | Bruschettas with goat cheese, walnuts, figs and honey
Брускети со козјо сирење, смокви, ореви и мед | Bruschettas with goat cheese, walnuts, figs and honey
Брускети со козјо сирење, смокви, ореви и мед | Bruschettas with goat cheese, walnuts, figs and honey
Бургери со говедско месо, мармалад од кромид, ајвар и компирчиња | Beef burgers with onion marmalade, ajvar and potato fries
Бургери со говедско месо, мармалад од кромид, ајвар и компирчиња | Beef burgers with onion marmalade, ajvar and potato fries
Бургери со говедско месо, мармалад од кромид, ајвар и компирчиња | Beef burgers with onion marmalade, ajvar and potato fries
Бургери со говедско месо, мармалад од кромид, ајвар и компирчиња | Beef burgers with onion marmalade, ajvar and potato fries
Пица со ракчиња | Pizza with shrimps
Пица со ракчиња | Pizza with shrimps
Хрватска пица со феферонки и кулен | Croatian pizza with green chillies and peperoni
Хрватска пица со феферонки и кулен | Croatian pizza with green chillies and peperoni
Хрватска пица со феферонки и кулен | Croatian pizza with green chillies and peperoni
Хрватска пица со феферонки и кулен | Croatian pizza with green chillies and peperoni
Ораховица и кафе | Walnut liquor and cup of coffee
Ораховица и кафе | Walnut liquor and cup of coffee
Јадранско рижото | Adriatic risotto
Јадранско рижото | Adriatic risotto
Лигњи на скара | Grilled squid
Лигњи на скара | Grilled squid
Октопод на скара | Grilled octopus
Октопод на скара | Grilled octopus
Октопод на скара | Grilled octopus
Октопод на скара | Grilled octopus
Туна на скара | Grilled tuna
Туна на скара | Grilled tuna
Школки | Mussels
Школки | Mussels
Школки | Mussels
Школки | Mussels
Школки со блитва и компир| Mussels with a side of potatoes and swiss chard
Школки со блитва и компир| Mussels with a side of potatoes and swiss chard
Школки со блитва и компир| Mussels with a side of potatoes and swiss chard
Школки со блитва и компир| Mussels with a side of potatoes and swiss chard
Брускети со плаво сирење | Bruschettas with blue cheese
Брускети со плаво сирење | Bruschettas with blue cheese
Њоки со пршута и печурки | Gnocchi with prosciutto and mushrooms
Њоки со пршута и печурки | Gnocchi with prosciutto and mushrooms
Домашни јуфки со ракчиња | Homemade pasta with shrimps
Домашни јуфки со ракчиња | Homemade pasta with shrimps
Кебапчиња во лепиња со ајвар, кромид и кајмак | Kebabs in a bun with ajvar, onions and kajmak
Кебапчиња во лепиња со ајвар, кромид и кајмак | Kebabs in a bun with ajvar, onions and kajmak

Five Cheese Garlic Pizza | Пица со лук и пет сирења [♫Dean Martin – Mambo Italiano]

♫Dean Martin – Mambo Italiano♫

(en is below)

Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (3)Пица, дечки! Пица! Скоро и да нема друга храна која ми предивизикува толку големо задоволство и чувство на среќа која ја јадам. Секогаш сакам да пробувам различни комбинации на состојки во пица, па така не беше исклучок ниту овој пат кога решив да ставам пет видови сирење во мојата пица. О, боже! Ова беше нешто незаборавно! Бидејќи, вообичаено, не ги јадам краевите од пицата, овој пат решив да ги наполнам со лукче и беа УФ! Превкусни, навистина. Ако сте љубители на сирења, кашкавали и многу лук, ова е пицата која треба да ја направите. Никој нема да ви ги брои калориите, туку само вкусните залаци и мљцкања 🙂 Направете ја и кажете ми како ви испаднала (Фејсбук | Инстаграм)Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (4)

Состојки:

  • тесто за пица
  • сирења и кашкавали (рикота, рокфорт, ементалер, моцарела, пармезан)
  • доматен сос (најубаво домашен)
  • 2 лажици толчен лук
  • 1/2 главица кромид
  • 50 грама кулен
  • сусам
  • маслинки
  • босилек

Подготовка: Прво направете го тестото за пица. Со раце, на набрашнета површина развлечете го тестото и направете граница од страните. Ставете го лукчето од страните на пицата и завиткајте го за да добиете крајчиња. Намачкајте ја пицата со доматен сос и редете ги сирењата и кашкавалите. Јас ставив прво ементалер, моцарела, рокфорт, па на крај рикота и пармезан. Ставете неколку парчиња кулен и кромид (по желба), наредете неколку маслинки и попрскајте со сусам по краевите. Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (0)Ставете да се пече пицата на 250 Целзиусови степени околу 8-10 минути, односно додека да биде крцкава од краевите и запечена од горе. Уште додека е топла ставете неколку ливчња босилек, попрскајте со маслиново масло, исечете ја и сервирајте.Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (1)

Guys! Just look at this pizza 🙂 Not to brag, but this pizza was my ultimate favorite thing I’ve ever baked in my rusty oven. Pizza is my comfort food and that’s a statement for a lifetime. If I can, I would eat pizza every. day. of.the. week. And be happy (and obsess!). If you are anything like me and you live in a world of lot of different cheeses and garlic, you will LOVE this pizza! Trust me. Crust filled with garlic paste, 5 not four, FIVE different cheeses, hot and crispy pepperoni on top and fresh basil. This pizza was such a joy eating it, I can not explain enough. You have to make it and let me know how did it turned out. (Instagram | Facebook).Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (2)

Ingredients: 

  • 1 pizza dough
  • 1/4 cup of pizza sauce (homemade is’t the best)
  • 5 cheeses (emmentaler, roquefort, mozzarella, parmigiano, ricotta)
  • 50 grams of hot pepperoni
  • 2 teaspoons of garlic paste
  • sesame seeds
  • 1/2 onion
  • few olives
  • fresh basil

Prep: First, make the pizza dough. Using your hands, stretch the dough, making borders. Fill those borders with garlic paste and cover them with some dough, so you’ll get filled pizza crust. Spread some tomato sauce and start adding the cheeses. First, I added some emmentaler, then mozzarella, roquefort and ricotta and parmigiano at the end. Add some pepperoni, few slices of onion, sprinkle with some sesame seeds  on the crust and add few olives. Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (0)Bake the pizza in a preheated oven at 250C, for 8-10 minutes or until the crust is golden and the pizza is bubbly. When it’s still hot, add some fresh basil leaves, drizzle with evoo, cut and serve.Five Cheese Garlic Pizza - Пица со лук и пет сирења (4)

Здраво Охрид! (мк) | ♫Нина Спирова – O, езеро мое!

♫Nina Spirova – O, ezero moe♫

for English version, click here.

Охрид ми е едно од омилените места во Македонија каде одам кога сакам набрзина да ги наполнам батериите од стресниот живот во Скопје. Погледот кон езерото едноставно ме смирува, дишам длабоко и медитирам во себе.Ohrid

Охрид е преубав град, полн со стар, но и модерен дух, голема историја и прекрасна архитектура. Охрид е град кој сакам да го посетувам надвор од високата сезона во лето. Мај, јуни и септември ми се омилени месеци за посетување на овој мал и тивок град. Според мене, ако сакате вистински да го доживеете градот, треба да го посетите во ниските сезони. Тогаш е најубав. Луѓето се помирни и љубезни, цените разумни и уличките празни. Цел град со сите негови убавини и маани ви е на ваше уживање. Ohrid Lake

Ако не сте биле во Охрид, а планирате за заминете на викенд или одмор или пак ако сте биле и планирате пак да го посетите, подолу ќе ве запознаам со Охрид виден низ моите очи и се надевам ќе ве охрабрам да посетите или направите нешто од она што мене ми предизвикува среќа и радост кога сум во Охрид. DSCN0497

-ХРАНА-

Појадок: Појадокот е мој омилен оброк во текот на денот. Бидејќи регуларно јадам овошје за појадок, кога сум на одмор сакам и јас да ја одморам душата, а и стомакот. DSCN0518Во Охрид никогаш не можам да им одолеам на ѓомлезето и питулиците кои локалните домаќинки и домаќини ги продаваат на пазарот во Охрид. Gjomleze & Pitulica on the Farmers MarketОсобено питулиците ми се слабост! Ѓомлезе е т.н пита која се пече под сач,Gjomlezeа питулицата е нешто слично само меѓу редовите се става изварка (урда). PitulicaНа пазарот има неколку продавачи на ѓомлезе и питулица. Освен тоа, тие продаваат и други печива кои ги прават тазе од наутро. Јас ја запознав тетка Нада која прави превкусни ѓомлезе и питулици. Mrs. Nada, the gjomleze makerПробав и баничка со сирење и пита со спанаќ. Homemade spinach pie Banitsa with cheese / spinachКај неа се’ се продаде многу брзо. Дури да трепнеш. Се беше толку вкусно. Седнав на клупите кај Чинарот, си купив јогурт и  и многу слатко си се најадов. Појадокот на локалното пазарче е вистинско искуство. Освен тоа, може да си купите и овошје за по пат (охридски цреши!). DSCN0516 DSCN0517Пробај: Ѓомлезе и питулица. Совет: Едно парче од двете е доволно за еден гладен човек.Pitulica, up close

Традиционална кафанска храна за ручек: Охрид, за жал, е место каде кафаните не доаѓаат до израз. Јас многу сакам попладневни седенки во кафани. Чашка ракија и шопска салата е мој начин за „ништо не ми е битно, ајде да се опуштиме малку“. Holy Rakia!Иако има неколку места во Охрид кои ја негуваат оваа традиција на ракија, скара, салати и печено лепче на скара, повеќето од нив се на самото езеро што ги прави прескапи за храната и услугата која ја нудат. Затоа, јас секогаш сакам да седнувам на места кои не се топлку популарни затоа што баш таму ќе се изненадите позитивно и од храната и од услугата. Ресторанот „Томато“ на плоштадот беше едно такво пријатно изненадување за мене. Buns, kebabs and fries with cheeseХраната беше вкусна, услугата брза и келнерите љубезни. Имаат скара на ќумур и прават одлично месо на скара, тавче гравче и риба. Пробај: шопска салата (порцијата е мала, доволна за еден), Shopska saladќебапчиња, Kebabs with onion and friesпастрмка на скара и задолжително лути пиперки на скара со лук и оцет. Grilled hot peppers with garlic and vinegarСовет: Ако сакате кромид во шопска, треба да им кажете на келнерите.

Пица: Пицата е јадење кое можам да го јадам секој ден од годината. Јас пица ОБОЖАВАМ! За мене, беше навистина тешко да се најде добра пица во Охрид. Има неколку „популарни“ пицерии во Охрид во кои сум била и сум јадела пица, но воопшто не сум излегла задоволна од таму. Многу тенко тесто, сиромашен фил и со смешно мали димензии е нешто што ќе го добиете ако седнете во популарните италијански ресторани со поглед на езерото. Моето искуство таму е едноставно кажано катастрофа. Наместо да нарачате од менито за храна, нарачајте си кафе или пиво и уживајте само во погледот. Затоа, ја најдов совршената пицерија во Охрид која се вика „La Piazza“. Pizzeria "La Piazza", OhridТоа е една мала пицерија лоцирана во задскриена уличка на почетокот на плоштадот. Тука се прави опасна пица! Три години го посетувам ова место и менито на знам скоро напамет. Храната им е одлична, ама пицата им  е едноставно перфектна! Pizza Siciliana & Quatro FormaggiКога ја пронајдов оваа пицерија, бев вистински среќна дека конечно ќе можам да јадам вкусна и вистинска пица во Охрид. Персоналот е секогаш љубезен, амбиентот имтимен. Има мала тераса на која може да седнете и уживате во вкусната храна, заедно со италијанска музика која свири во позадина. Enjoying pizza in "La Piazza"Ова место е навистина фантастично! Пробај: Пица Стелато, Бела пица, Пица Сицилијана, Пица со четири видови сирења или Крем пица. Pizza Siciliana DSCN0530Совет: Ако побарате екстра лукче (како јас) ќе ви понудат само охридско макало, не и свеж лук што е малку чудно во кујна да нема свежо лукче.

Сладолед и слатки: Нема ништо поосвежително од неколку топчиња сладолед додека сонцето пече. Слаткарницата „Малага“ е според мене најдобра слаткарница каде може да јадете одличен сладолед. Ice cream flavorsИмаат неколку вкусови, но сите се оние вистинските.Cherry & Caramel Ice cream Ако сакате колачиња и други слатки, имаат голем избор на торти и колачи. Пробај: Било кој вкус. Совет: Можете да си комбинирате и пола / пола.

Кафе или пиво: Како што кажав погоре, јас не ги сакам оние популарни места каде одат сите луѓе. Кога сум во некој град, сакам да си најдам место за кафе или пијачка кое ќе одговара на мојот дух и карактер. Не многу места во Охрид можат да ми го дадат мирот и спокојот кој ми треба кога тоа ми треба. Lotos Cafe, OhridЗа среќа, го најдов совршеното место каде секој ден го пиев моето утринско и попладневно кафе. Кафе барот „Лотос“ беше местото кафе седев и уживав во преубавиот поглед на езерото кои го имаат од нивната тераса, скопојно пиев кафе или ладно пиво. DSCN0514Ова место е вистински бисер! Персоналот е многу љубезен, кафињата се служат со колаче, а пивото со чипс. Пробај: Нешто што те освежува. Совет: Седенете на масите во првиот ред и уживајте во прекрасниот поглед на езерото.

-ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ-

  1. Црква “Св. Софија„DSCN0501
  2. Црква „Св. Јован Канео“Church St. John from Kaneo
  3. Плаошник
  4. Самуилова тврдина
  5. Музеј на вода – Залив на коските
  6. Куќа на РобевциDSCN0494
  7. Манастир „Св. Наум“
  8. Билјанини извори
  9. Национална работилница за рачна изработка на хартијаDSCN0510DSCN0495DSCN0511

или само шетајте наоколу низ градот и тесните улички. Така, ќе го доживеете вистинскиот дух на градот 🙂DSCN0512 DSCN0508 DSCN0509

Оставете долу коментар за тоа кое е вашето омилено место за јадење или пиење во Охрид и кое ви е омилено место кое сте го посетиле во Охрид.DSCN0489

Pizza From My Childhood | Домашна пица (со јајце) [♫Dado Topić – Bolji život]

♫Dado Topić – Bolji život♫

(en is below)

Овој блог ми е толку личен. Полн со најубави сеќавања. Најмногу со сеќавања од моето детство. Кога се навраќам назад во времето во мојата глава, има неколку сеќавања кои се длабоко врежани во мене. Едно од нив е сеќавањето за пиците од „Жито Лукс“ во ГТЦ пред повеќе од 20 години. Сигурно повеќе од вас ќе се сетат на пицеријата на втори спрат во ГТЦ. Служеа пици во лимени чинивчиња, задолжително со чаша јогурт. Пиците кои веќе ги нарачавме со моите родители, со нетрпение ги чекавме со татко ми на подвижната лента. Од десната страна, беше закачено менито со слика од мали пици и под нив описот. Седевме надвор, на балконот, ние тројца (брат ми уште не беше роден) и јадевме пици. Мислам дека на татко ми му беше пица „Скопје“ омилена или пица „Македонија“, не се сеќавам баш, но јас знам дека јадев пица со јајце.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Сигурно веќе знаете дека сакам јајца на сите начини, но мислам дека јајце врз пица е мој омилен додаток. Пред неколку дена, бев сама дома и решив да ја рекреирам пицата од моите сеќавања. И испадна одлична. И многу вкусна. И привлечна 🙂 На крај, направив две, нормално, јас со една не поминувам, иако јас си изедов една. Освен тоа, имав многу останати работи во фрижидерот кои секако требаше да ги искористам. Спанаќ, маслинки, лути и кисели пиперчиња. На оригиналната пица со јајце од „Жито Лукс“ не се сеќавам, но еве го рецетптот за мојата верзија:

Домашна пица со јајце

Состојки:

  • домашно тесто за пица
  • домашен сос за пица
  • фил за пица: спанаќ, сирење, јајце, маслинки, лути и кисели пиперчиња (слободно ставете фил на пицата по ваша желба: шунка, салами, кашкавал…)

Подготовка: Направете го тестото за пица. Од него одвојте мали топчиња. На тркалезно тавче ставете, расукајте го тестото, ставете доматен сос и наредете ги состојките за фил. Ставете да се пече во рерна загреана на 250 Целзиусови степени, додека краевите од пицата бидат крцкави. Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (3)

Еве ја втората пица која ја направиви со чедар кашкавал, сирење, маслинки, спанаќ и црвени чили пиперчиња:Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (6)

This blog of mine is so personal. Filled with all my beloved memories. I cherish my childhood memories so much. When I go back in time in my head, few things are stuck in my mind. One of them is my beloved memory of me and my parents, eating pizza in a bakery on the second floor, called “Zhito Luks“, located in the shopping city mall – GTC.  Now, that bakery is gone and the shopping mall is still on the same place. My love for a pizza with an egg started there. In that bakery. They served the pizzas in small tin plates and I was patiently waiting for my pizza to be baked. There was a line in motion where all pizzas where delivered when they were baked. On the right side, there was the menu – mini photos of all pizzas available and below was the description. I just love eggs and you all know that. But pizza with egg on top is probably my favorite pizza topping. Few days ago, I was home alone and I decided to recreate my favorite memory and make my own pizza with egg. And it turned out great! And tasty! And so good looking! I ended up making two, of course. I had so many leftovers like spinach, olives, pickled peppers and they were so tempting. Even though I don’t remember the original recipe from the bakery, here is my version of this epic pizza with an egg:

 

Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (1)

Pizza from my childhood

Ingredients: 

  • homemade pizza dough
  • homemade pizza sauce
  • my leftovers: fresh spinach, olives, spicy peppers, white cheese, an egg (feel free to add anything you like in your own pizza: ham, cheese, mushrooms, salami…)

Prep: Make the dough. Spread the dough in a circle pan. Spread with sauce and on top place the toppings of your choice. Crack the egg and put it in the middle of the pizza. Bake until the edges of the pizza are crispy. Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (2)

Here is my pizza number two, made with cheddar cheese, white cheese, olives, spinach and spicy red peppers:Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (4)

Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (5)

Flatbread Pizza | Пица на грил тавче [♫KISS – I Was Made For Lovin’ You]

♫KISS – I Was Made For Lovin’ You♫ 

(en is below)

Мојата љубовна афера со пицата трае долго, дечки. Во моите идеални соништа, јас јадам пица за доручек, ручек и вечера. Со многу лук. И кисели краставички. И сарма. И полнети пиперки. И мусака. Добро, значи не би јадела само пица цело време, туку СЕ 😀

Flatbread pizza - Грил пица (2)

Пица правам редовно, можеби еднаш во две недели. Секогаш сама го правам тестото за пица. Секогаш. Толку многу ги мразам купечките теста за пица, не можам доволно да ви објаснам. Вкусот, текстурата и најважно, сосотојките во неа. Неверојатно е како со најосновите состојки кои секогаш ги имам(е) во кујната, брашно и квасец може да се направи нешто толку меко, крцкаво и највкусно како тесто за пица, нели?

Грил пицата е специфична по тоа што има необично крцкаво тесто и уникатен вкус. Јас направив две различни верзии: една со варена шунка, а друга со (домашен) сируп од балзамико оцет. Двете беа многу вкусни.

Пица на грил тавче

Состојки:

Тесто:

  • 3+ 1/2 шолја брашно
  • 1+ 1/3 шолја топла вода
  • 1 пакетче квасец
  • 1 лажица мед (или шеќер)
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици маслиново масло

Фил за пица:

  • моцарела
  • доматен сос
  • обарен спанаќ
  • ситно сечкано лукче
  • варена шунка

Сируп од балзамико оцет: 

  • 1 шолја оцет балзамико
  • 2-3 лажици шеќер – Се ставаат во тенџерче и се варат 3 минути. Кога ќе се згуне, сирупот е готов и се остава да се олади скроз

Подготовка: Прво, направете го тестото. Просејте ги брашното и солта во длабок сад. Ставете го маслиново масло. Во топлата вода ставете го медот, промешајте и додадете го квасецот. Кога ќе нарасне, додадете го во брашното и полека мешајте со дрвена лажица додека да се формира топка. Потоа, месете го тестото со рака околу 10-15 минути, односно додека а биде меко, еластично и нелепливо. Намачкајте го со маслиново, покријте го со крпа и оставете да нараснува на топло околу 1 час.

Од тестото одвојте 4 еднакви топчиња. Секое топче развлечете го со сукало во овална форма. Вака подготвени ставајте ги лепчињата на грил тава да се печат. Кога ќе добијат линии од тавата и кога ќе бидат скоро печени, извадете ги, намачкајте ги со маслиново, ставете ги на тавче за печење и почнете да ја редите пицата со филовите – доматен сос, моцарела, спанаќ, лукче, парчиња варена шунка.

Flatbread pizza - Грил пица (1)
Ставете ги да се печат во рерна загреана на 250 Целзиусови степени додека моцарелата да се растопи. Сервирајте ги со малку рукола и домат врз секоја пица и сируп од оцет балсамико.Flatbread pizza - Грил пица (4)

My love affair with the pizza is so real, you guys. If I could ever choose, I would eat pizza for breakfast, lunch and dinner. With lots of garlic. And pickles. And sarma. And stuffed peppers. And moussaka. Ok, I would eat everything apparently, not just pizza 😀 I make pizza pretty regularly, maybe once in two weeks (that is so regular, right?). I ALWAYS make my own pizza dough. Always. I hate the store bought, pre-made pizza shells. I hate them! The taste , the crust, the ingredients in it. Everything. Its so amazing with how many few ingredients can make a killing pizza dough. Flour, water and yeast. So basic. So simple. Things I always have in my pantry.

This flatbread pizza is so beautiful to look at but most importantly, very tasty. This is not your regular pizza. Not even a calzone. This is  crusty and chewy pizza with a unique taste. I made two versions of it. With ham and with balsamic glaze. Both yummy! Both so delicious!

Flatbread pizza - Грил пица (4)

Flatbread pizza

Ingredients:

Dough:

  • 3 – 1/2 cups flour
  • 1 – 1/3 cups warm water (more or less, it depends)
  • 1 packet dry yeast
  • 1 teaspoon salt
  • 1 teaspoon honey
  • 3 tablespoons evoo

Toppings:

  • fresh mozzarella cheese
  • tomato sauce
  • ham
  • garlic, finely chopped
  • blanched spinach

Balsamic glaze (syrup): 

  • 1 cup of balsamic vinegar
  • 2-3 tablespoons of sugar – Bring everything to boil for 3 minutes and let it cool completely

Prep: First make the dough. Sift the flour in a large bowl. Add the salt. Add the honey in the warm water with the dry yeast. Let it sit for 10 minutes. When the yeast is bubbling, add the mixture to the flour. Mix all together first with a wooden spoon and then kneed the dough with your hands. If the dough is dry, add more warm water if it’s wet, add more flour. But remember, always start with less liquid. Kneed the dough until is elastic, for about 15-20 minutes. Or use electric stand mixer. When the dough is smooth and elastic, add the evoo, kneed one last time and let it rise for 1 hours.

When the dough has risen, divide it into 4 equal balls. Roll each ball into a oval shape using a rolling pin. Place the dough on a preheated grill pan. Bake it until grill marks form and the dough is almost cook.

When the flat breads are cooked, brush them with a evoo, place them on a baking tray and put the toppings. Tomato sauce, mozzarella, spinach, garlic, ham. Flatbread pizza - Грил пица (1)Drizzle with evoo and bake them in a preheated 250C oven until the cheese has melted. At the end, top them with fresh arugula and tomatoes and drizzle them with the balsamic glaze (syrup). Flatbread pizza - Грил пица (3)

Calzone – Калцоне (Затворена пица) [♫Dean Martin – That’s Amore]

♫Dean Martin – That’s Amore♫

Slice of pizza for every human being on Earth! That’s my motto. With pizza the world is a much better place, right?

When I started making pizza I thought that it was nothing special. That’s because I used to buy frozen pizza dough all the time. But, when I started making my own dough and making my own marinara sauce… oh man, I fell in love! I fell in love hard!

I want to experiment with different toppings for pizza – spinach, egg and ricotta, mushrooms and onions, ham and cheese, marinara and mozzarella, ricotta, garlic and parsley… Endless options.

This calzone I made was restaurant quality. If you don’t have full proof pizza dough recipe, here is one for you.Calzone [Dean Martin-That's Amore] 1

Calzone

Ingredients:

Dough:

  • 3 – 1/2 cups of flour
  • 1 – 1/3 cups of warm water (more or less, it depends)
  • 1 packet of dry yeast
  • 1 teaspoon of salt
  • 1 teaspoon of honey
  • 3 tablespoons of evoo

Topping of your choice. Mine was ham, mozzarella, chopped garlic and marinara sauce.

Prep: Sift the flour in a large bowl. Add the salt. Add the honey in the warm water with the dry yeast. Let it sit for 10 minutes. When the yeast is bubbling, add the mixture to the flour. Mix all together first with a wooden spoon and then kneed the dough with your hands. If the dough is dry, add more warm water if it’s wet, add more flour. But remember, always start with less liquid. Kneed the dough until is elastic, for about 15-20 minutes. Or use electric stand mixer. When the dough is smooth and elastic, add the evoo, kneed one last time and let it rise for 1-2 hours.

When the dough was risen, divide it into 4 small balls or 6 if you want baby calzones. Shape the dough with your hands into a circle or use a rolling pin if you want. Put some marinara sauce first, add some chopped garlic, few slices of ham and some mozzarella slices. Fold the top of dough over the topping, press the edges of the calzone with your fingers, shaping the calzone into a half moon and transfer into a pizza stone or baking pan. Bake the calzones in a hot oven for about 15 minutes or until the dough is cooked and golden.

Pizza Margherita | Пица Маргарита[♫Abba – Mamma Mia]

♫Mamma Mia♫

Pizza. Oh dear Pizza. I even wrote your name with a capital P. I could eat you everyday. But, oh, well…

My ideas for pizza toppings can be endless. However, I love the old classic – Pizza Margherita. Mozzarella and tomato sauce are perfect for this home made pizza dough. I can not imagine the world without a slice of pizza. And because I love everything home made, I choose to make my own pizza dough as well as to put my own pizza toppings. Because I don’t like basil, I put oregano instead.

This is a foolproof pizza recipe that everyone should have and know how to make.Pizza Margherita [♫Mamma Mia]

Pizza Margherita

Dough

Ingredients: 

  • 3 + 1/2 cup of flour
  • 1 + 1/3 cup of warm water
  • 1 tablespoon of honey
  • 1 teaspoon of salt
  • 3 tablespoons evoo
  • 1 packet of instant yeast or 40 grams of fresh yeast

Prep: Stir in the honey and yeast in the warm water. Let it rise for 10 minutes. Sift the flour in a large bowl and add the salt. Stir to incorporate the salt into the flour. After 10 minutes, add the yeast mixture. First, stir with a wooden spoon to combine all together and then kneed with your hands. Kneed the dough for 10-15 minutes or until bouncy and elastic. At the end, incorporate the evoo, cover with towel and let it rise for 1 hour or until doubled in size.

Tomato sauce

Ingredients: 

  • 1 tin of canned tomatoes + water
  • 2 large chopped onions
  • 4 cloves of garlic
  • salt and pepper
  • oregano, mint and basil
  • evoo

Prep: Put some evoo in a large pan. Add the chopped onions and garlic. Cook them until soft. Add the liquids – tomatoes and water, season with dried herbs, cover with a lid and cook for 20 minutes or until the sauce is thick. When the sauce is done, let it cool.

When the dough has risen, divide it into 4 equal balls and shape them directly into the pan that you’ll be baking the pizza. Put few ladles of the sauce in every pizza dough and add mozzarella on top. Bake them into a very hot and preheated oven until the crust is golden brown. At the end, if you like, add some fresh basil leafs on top of the pizza.